Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Arjanit2021

    Arjanit2021 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2021
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    924
    Пол:
    Машки
    ke mu kazes da bide povnimatelen zs mu e golem ponezen da pripazi da ne te povredi sekako ke razbira okolnostite a i plus ke bide sreken deka mu e golem i ke go sfati toa kako kompliment hh
     
  2. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    А дали е решение пенетрација само со прсти?
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Е, ако оргазмираш... оти да не е?
     
  4. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    Така нема осет на другата страна.
     
  5. Jana_♡

    Jana_♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    Девојки раѓаат па не секогаш доаѓа до расцепување. Разговарајте, нека биде повнимателен. Користете лубрикант.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    ќе го задоволиш на друг начин...

    Седни разговарај со него, не со нас.
     
    На deskarada и Jana_♡ им се допаѓа ова.
  7. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, но сакам да чујам и туѓо мислување за ситуацијата затоа што личноста за која зборам ми значи многу како другар. Од сето ова имаше последици во нашите односи (поретко контактираме), и би разговарала отворено за целата ситуација. Но, не сакам да му ја кажам претпоставката дека сака да најде некоја колку за прв пат за да не испаднам нападна.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Мора да бидеш искрена, нема друг начин.
    Секако веќе ви се нарушени односите.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. loveandhope

    loveandhope Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. (ова мислам ќе биде долга порака но ќе ми значи ако прочитате до крај)

    Мене ми е моментално многу тешко на душава, во емотивна криза сум, па пишувам тука за да ми олесни а највеќе за да добијам совет и мислење од вас бидејќи под притисок на емоции и мисли сум и веројатно не размислувам правилно во моментов. Ми треба совет од ладна глава.
    Добредојдени се мислења и од машка и од женска страна.
    Многу ќе ви бидам благодарна, стварно немам на кого да е обратам околу ова.

    На кратко, имав неколкугодишна врска која јас ја прекинав пред 2 години од причини што тогаш ми изгледаа големи но сега не толку. Му бев лута за некои негови постапки, бев страшно горделива и тврдоглава. Му раскинав и го повредив премногу (не знаев дека е толку повреден, не сакав намерно да го повредам тоа во никој случај, но јас се осеќав повредено од него, па така и него го повредував со моите постапки). Тој ме сакаше премногу, ми пиша долги пораки како ме сака и ќе ме сака засекогаш, ми викаше да не сум тврдоглава, викаше да му простам за што и да згрешил, а јас уште бев лута и не му зборев премногу, не се карав, дури и го игнорирав неколку пати. Многу лошо се однесував, од што бев емотивна и незрела. Ми пишуваше година дена по некоја порака јас пак ладна преладна. Како некој ѓавол да имаше влезено во мене. Дечкото воопшто не заслужи таков третман од мене, преку ноќ му раскинав, и не се борев да ги поправиме работите, а тој се бореше. Тој мисли дека не сум го сакала, сум го предала, стварно бев себична ги гледав работите само од моја страна, немав никакво трпение и милост за жал. Тој ми беше сродната душа премногу се сакавме и од глупости прекинавме.
    Звучи дека чим му раскинав значи не сум го сакала, но тоа не е вистина, раскинав од што му бев лута за некои работи, и од што не знаев како да комуницирам како што треба, а и он не го најде правиот начин да комуницира со мене.

    Поминаа 2 години и сега сум скрос нова личност, како да се преобразив наеднаш, и сега ја видов целата ситуација од друга страна и ми стана страшно тешко за тоа како сум се однесувала а воедно и што го изгубив. Беше совршениот дечко а јас бев толку многу темпераментна и бесна. Минатиов период повраќав и не јадев и ужасно се осеќам бидејќи наеднаш ја почувствував сета болка што му ја нанесов и видов како се однесував и бескрајно се каам, и не можам никако да си простам. Го повредив не само него туку и моите родители како и неговите кои многу ме сакаа.
    Дечкото по година дена многу брзо се ожени, и сега имаат и дете. (прво дојде детето па се ожени, целата ситуација искрено ми е крајно сомнителна, но си продолжи со животот).
    Веќе е касно знам, секогаш мислев дека јас и он сме си сродни души и ќе бидеме заедно и покрај паузата но така требало да биде, сама сум си крива.

    Прашањето ми е следново.
    Имам огромна желба да му пишам и да побарам да се видиме на еден разговор. Одма да кажам, немам прљави намери, не сакам да му рушам брак или правам проблеми, човекот и дете има веќе, но имам јака желба да го видам и да му кажам Прости ми. Да му се извинам што сум го повредила, не сум сакала, да кажам дека отсекогаш он бил позрел и подобар од мене и дека не го заслужував. Да му објаснам што се случи тогаш (никогаш не доби он closure), дека го сакав и јас премногу но му бев лута, и дека тој секогаш ќе биде моја најголема љубов, иако не сме заедно во овој живот. Не мора да си со некого за да го сакаш и да му посакуваш најдобро. Дали е во ред да барам вакво нешто? Знам дека веќе е сето тоа минато, човекот има и жена и дете, но од таква голема љубов лошо завршивме, и ми е тешко поради тоа. Можеби ме мрази он сега, можда ќе ме игнорира, можда нема да сака да ме види, но за ваква постапка од моја страна треба огромна храброст, што да беше таа јас од пред неколку години, немаше никогаш вакво нешто да направи, бидејќи бев премногу горделива.
    Исто така последниве недели многу мислам на спомените наши, не знам зошто, и се прашувам што ми се случува, дали стварно се уште го сакам, или сум само осамена дека немам дечко во моментов, или ми фали тоа да имам некој со кој ќе шетам и доживувам работи заедно а не дека ми фали баш бившиот. Стварно не знам за што се работи.
    Значи главното прашање ми е дали е добра идеја да му пишам и да побарам да се видиме, или едноставно да ги закопам сите овие емоции и размислувања и да продолжам понатаму.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Не е страшно да побараш да се видите и да му се извиниш, ако чувствуваш таква потреба, ама по болдираново, ми се чини дека уште гаиш надеж дека може 'нешто да биде' меѓу вас.
    Расчисти го прво тоа со себе. Ако сеуште имаш чувства, само беља ќе направиш.
    И за него и за тебе.
     
    На loveandhope му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Не му пишувај, продолжи понатаму со животот.
     
    На bicycle и deskarada им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Не, никако.
    Продолжил понатаму и нека го.
    Не знаеш видувањето со тебе како ќе му се одрази.

    Осамена си и те фаќа носталгија.
    Излегувај, најди друг и ќе видиш како ќе помине.
     
    На IRBBB, loveandhope и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Дали мислиш дека ако му го кажам тоа ќе биде kinda понижувачко? Се плашам да не се налути бидејќи е доста емотивна личност.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Мене пак ми зазвуче некако noble да се извиниш некому за она што си му згрешил... и плус да не е на Прочка :D
    Се разбира, под услов да ти е само тоа намерата, а не потајнод а се надеваш на little something-something
    Не си ти одговорна за туѓите чувства.
    Она што ни е должност, е да бидеме искрени со луѓето.
    Јас барем така гледам на работите.
     
    На loveandhope и venus♡ им се допаѓа ова.
  15. loveandhope

    loveandhope Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @WildMk Не не, не гаам надеж. Готово е веќе, веројатно и му се поминати емоциите него, не знам. А и да ме сака, секако е земен со друга, во никој случај не би правела такви гревови како прељуба. Намерите ми се стварно искрени, дури се ставам во понизна позиција, каде може да се сити во стил ете сега го барам, ете ја се кае али касно и е веќе, може да ме изигнорира, или да пише дека не сака да ме види. Сега не знам каков е, но од тоа што го познавам, е многу добар и религиозен човек, никогаш не ме навредил и после сите мои глупости, секогаш бил добар до крај, и се што сакав е само да му се извинам и да му побарам да ми прости. И мислам дека и не знам колку да ме сака, не би одел против Господ и да прави и он прељуба и такви работи. Искрено мислам ретко кој би направил вакво нешто како мене. Но можеби е и глупава постапка.

    @cresa-jagoda Зошто мислиш така?

    @lovestoneddd Се надевам и јас дека е само тоа, дека е само осамена дека сум малце и ме фаќа носталгија, а не дека се чувства кон него. Како би можело да се одрази? Јас размислував како би било да сум во негова позиција, мислам дека е навистина убаво некој бивш од срце да ти се извини и да ти побара да му простиш. Ако сум добра личност, (а он е таков, бар беше) ќе ми биде баш мило, али не мило во смисла да се ситам или да имам огорченост некаква, мислам ме сфаќате што сакам да кажам..
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Затоа што, нема потреба да му се појавуваш во животот, женет е, нема што да го каниш на средби со цел да му се извиниш. Било што било, поминало и готово е меѓу вас. Џабе е сега извинувања. Немаш право да создаваш ситуација во која неговата жена може да се посомнева и да им се наруши нивниот однос.
    Вакви жалопојки откако ќе го изгубиш некого, не се наивни, туку имаш потајно желба да биде повторно твој, колку и да не сакаш тоа да си го признаеш дека е така.
     
    На Glowy, neno0o, deskarada и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Markian

    Markian Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Машки
    Она што ти се случува во моментов се само фантазии и предпоставки сто би било кога би било,предпоставувам тоа се должи повеке на осаменоста која ја чувствуваш,но мораш да бидеш и храбра освен само нова личност и да си ставиш точка на минатото и на сигурноста,стани и тргни во несигурноста во нови ситуации во живот и еден ден можеби ке ти стане јасно зашто не сте биле еден за друг.
     
    На loveandhope му/ѝ се допаѓа ова.
  18. loveandhope

    loveandhope Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda Те разбирам и се согласувам со првиот дел од твојата порака. Но ова е анонимен форум и јас најискрено ја пишав целата ситуација како мислам и како чувствувам, немам ништо потајно што не го признавам. Те уверувам дека не се работи за желба да биде повторно мој, или да го заведувам или да се надевам. Свесна сум дека е крај. Го почитувам бракот и никогаш не би правела таков грев да бидам со женет.
    Не се работи толку за тоа дека не сум заедно со тој дечко, туку за начинот на кој прекинавме, а постоеше љубов, многу повеќе од негова страна отколку од моја, а прекинавме лошо и не како што доликува, и притоа дечкото не ми згреши ништо. Целта ми беше само да му се извинам од срце и да му објаснам некои работи, а не да барам да сум пак со него или не знам што.

    Мислам дека во ред би било следново. Нема да го барам да му пишувам и слично. Меѓутоа доколку го сретнам и е сам, би можела тогаш да му понудам да се видиме на еден разговор, па ако прифати ок ако не не. Мислам таа ситуација би била во ред. А вака специјално како што мислев да му пишувам да го барам, така нема, во право сте.
     
  19. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Мислам дека @cresa-jagoda сакаше да каже дека ни самата не сакаш да си го признаеш тоа, т.е. сакаш да имете нешто ама поради твојата совест не го прифаќаш.
     
    На buba4e89, Besmrten, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. loveandhope

    loveandhope Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Искрено... мислам тоа што највеќе ми фали е да сум во врска со некој кој е квалитетен човек и ме сака.. Реалноста е дека тој дечко многу повеќе ме сакаше отколку јас него. Ми беше многу драг, го почитував, другар, вака се супер, но јас никогаш го немав она чувство на страст кон него, да сакам да сум со него да го допирам, да ме влече едноставно, да го сакам на тој поинаков начин. Така што мислам тој аспект ми фали од таа врска, а не конкретно он. Да беше сингл, да, сигурно би сакала да се вратиме заедно и да пробаме пак, но искрено не знам дали поради тоа што ги имаше тие некои квалитети што ги барам, или поради што е он во прашање.

    Ќе поставам едно прашање до сите сега, многу ме интересира што мислите на следново бидејќи јас сум малку во дилема.
    Дали да барам љубов или да барам некој кој ќе ги исполни критериумите на список (стабилен, добра работа, ме сака, ме почитува итн). Едни викаат не вреди да се живее со некој што не го сакаш и не ти игра срцето за него, а други викаат љубов не постои тоа е само во филмовите и треба да се бара партнер што ќе ти одговара во животот, со кој ќе може да имаш фамилија и ќе ти даде сигурност, па дури и да не го сакаш толку.
    Што мислите вие?