Зошто некое машко љубомори воопшто кога девојчето има само другари, дури сака и да крене рака на неа... Чисто директно ке кажам дека ситуацијава е моја, и вика дека ме сака во последно време стана мн љубоморен и нервозен ама рековме од почеток ке почнеме..Тоа го истолерирав ама понатаму не бии...
Емоционалната зрелост ти е способност за правење на позитивни,корисни избори на предизвици кои ги приредува животот.Карактеристично за лице со емоционална интелигенција, социјални вештини, емпатија и сл.Со безбројни раскинувања не се станува емоционална зрела личност.Ниту пак некоја девојка ако немала сексуални односи не е емоционална незрела личност.
Немој да веруваш на такви негови манипулации: од почеток ќе почниме, ќе се сменам, те сакам. Љубомора, контролирање, а посебно тоа што сакал да крени рака се најголеми црвени знаменца во врска. Ако сега толерираш и трпиш, после уште полошо ќе е. Раскини и спаси се од него.
@loveandhope пред да се сретнам со мојот сегашен сопруг и јас имав долгогодишна врска што заврши неславно. Не би да пишувам детали, на крајот повредена, недоволно ценета итн бев јас, но и таа што раскина. Како и да е, деца бевме. После 8 години раскинување и никаков контакт, типот исто како тебе почувствувал потреба да ми се извини и да ми ги каже баш истите работи што ти ги спомна погоре. И без срам и перде ми пиша на вибер. Јас во брак, со стомак до заби. Ја отворив пораката, бидејќи поим немав чиј е бројот. Фино поштено го изигнорирав, бидејќи бесполезно е после години ние да копаме стари рани, па да се каеме, да си простуваме, бла бла бла. Јас, ете како верник што учи и се труди да простува, одамна му простив. Но никогаш не би се видела со него, ниту пак ако случајно се сретнеме би прифатила да разговарам со него. Јас веќе имам друг живот и пред сѐ семејство. Што ми вреди нечие каење? Друга работа, среќа што маж ми е ептен искулиран човек, полн со разбирање. Кога му кажав за пораката, само се насмевна и ништо не искоментира. Шо ако не беше таков? Или, што ако јас имав некои чувства, па заминев да се видам со него? Некогаш не треба да направиш нешто, прељуба е и да мислиш на друг. Размислуваш за можноста да растуриш нечиј брак само за да си ја исчистиш совеста? Да бараш сѐ што можеш да дадеш. Зошто мора да е или-или? Бегај од него девојко дури те држат нозете. Тоа не е љубов, болест е.
Зашто затоа што има проблем со сопствената личност,неможе да се прифати онаков како што е тој треба да е таков како во неговите фантазии за себеси,та дискрепанца со реалноста или вистината му создава проблеми или нервози
Веднаш кога ќе го видиш ова, треба да раскинеш со тоа машко, затоа што е несигурно чоече што сака да ги контролира партнерите. Натаму, само полошо ќе биди. Вака изгледа зачеток на семјно насилство.
Овој е истиот за кој бараше совет во друга тема, дека при односи наместо полека да те опушти, насилно влегува? Сега па уште рака да крева. Човек кој те сака првин ќе те опушти, ќе се грижи и тебе да ти е океј, не само него. Другиот пат можи дури и ќе крени рака и чим крени нема да биди само еднаш иако би те лажел дека нема да се повтори. Ти имаш право со кој сакаш да се дружиш и никој не смее да ти кажува посебно не еден тип и да те контролира. Бегај од него.
Ама викаш ти си таа што раскинала, а потоа тој се појавил да се извинува. Значи нешто згрешил тој на крајот од врската па сега сака да се извини за тоа? Во мојот случај јас сум таа што раскинала и таа што сака да се извини за некои работи и да објасни некои работи. Не знам стварно. Те разбирам, и се согласувам од една страна, али од друга страна мислам и нема ништо лошо некој да се покае и извини на некого. Не би го гледала тоа како 'ни срам ни перде' туку баш како многу духовна постапка, постапка без его итн. Точно дека поминало време и се тоа, и технички 'не вреди' али веројатно останува до личноста да ја интерпретира како сака. Јас одамна вистински му се извинив на свемирот ете така да кажам и од срце се покајав, така што можеби ваквата постапка и не е потребна. Луѓето грешат, сите грешиме, и е многу убаво кога ќе го сфатиме тоа, е сега дали да го кажеме или не, не знам.. Не го гледам само како чистење на моја лична совест, туку како убава човечка постапка и за едниот и за другиот. И мислам намерата е најбитна. Ако жена му е хистерична тогаш било која работа може да ги раскара, не само јас. И воопшто не мислам дека вакво нешто може да растури нечиј брак, ако бракот е силен, ова не е ништо. Но добро, сепак ќе одлучам ништо да не постапувам. Ако некогаш го видам низ град или негде културно ќе го поздравам, можеби и тогаш да иницирам некој дополнителен разговор ако дозволува ситуацијата, ако не, тогаш ништо.
Зошто мисли дека сите се како него,дека не постои другарство од различни полови. Ќе го кажам како: Неиживеаност. Бегај од такви. Јас бегам од такви девојки што се љубоморни на секое нешто. Верувај подобро ќе ти биде Има играчки нека прават што сакаат со нив,а ти не си играчка па да си игра некој со тебе.
Немој, има жена и дете. Си продолжил со животот. Додека се' уште имало време и прилика ти не си сакала ништо, немој сега да го бараш. Остави го минатото каде што му е место и продолжи си напред.
Зошто сега? Шо корист? Поминало време, а и е женет и дете има. Кога било времето ти си му раскинала и не си сакала ништо, сега е касно многу. Остави го човекот нека си го живее животот и не му се мешај. Можи си осамена или така се чуствуваш, но вашето поминало одамна. Извинување сега не вреди.
Ако жена му е хистерична, ич да не ти е гајле. Ако се раскараат за било која друга работа, пак да не ти е гајле. Само гледај таа работа да не си ТИ. Ако ти е досадно, најди си занимација. Остави го човекот на раат и таму каде што припаѓа - во минатото.
@Bitter-Sweet @deskarada @Emy867 Во ред, во право сте мислам. Верувам дека ми простил и дека се помирил со ситуацијата. Нема што да рчкаме во минатото, касно е сега, ништо нема да се добие дури и тоа извини може да го боли повторно бидејќи дошло но касно. Само не ми е јасно, еве правам рефлексија и пак не разбирам зошто сега ми доаѓаат овие мисли. Сеќавање на заеднички спомени, патувања, слики, зошто сега после 3 години?? Како е можно да бев толку ладна и да не ми дојдеше ниеднаш мисла како Еј па ај да пробаме повторно, ќе дадам шанса, еј па види колку спомени имаме заеднички, да пробаме пак, јас ништо наеднаш свртив нов лист и апсолутно никаква мисла или сомнеж не ми поминуваше низ глава. Што се случува сега? Како да го победам ова чувство и да продолжам напред како и што имав продолжено минатите неколку години?
За да свртиш така нов лист значи морало тогаш кај него да ти сметале некои работи,кој со години си ги заборавила,избледеле и ти остснсле само убавите спомени.Но во овој момент кога повторно би била со него и кога повторно би се соочила со истите нешта кога тогаш ти пречеле повторно ке ти пречат и пак ке го откачиш по вторпат
Тогаш ти бил здосаден, изгустиран, лесно достапен (те молел да се смирите), не ти претставувал никаков предизвик...сега е туѓ, со жена и дете, недостижен и недостапен и одеднаш пак е интересен. Остави го на раат, помири се дека тоа е тоа и наредниот добар дечко немој да го сфаќаш здраво за готово.
Да крене рака? Не ја сваќај љубомората како нешто што те пали и шамарите, многу е опасно некој да е болно љубоморен.
Затоа што веројатно немаш баш среќа во твојот живот на љубовно поле, се чувствуваш осамено и се присетуваш на тој период, на убавите моменти што си ги поминала со него, па се преиспитуваш зошто така си постапила и си го одбила тогаш на лош начин. Жалиш по пропуштената шанса, повеќе отколку по него. Уште потешко ти доаѓа тоа што тој е среќен, во брак, со деца, а ти си тука, сама, со никого покрај себе. Ете, затоа.