Јас нејќам да го поминам животот со луѓе со слаб карактер кои потпаднале на искушението во кое биле ставени и се вадат на "момент на слабост". Сакам личности кои кога ќе дојдат во искушение, ќе покажат дециден, цврст став и нема да направат глупост. Ми се вадеа еднаш така плачејќи и молејќи дека било "момент на слабост", "немаше ништо повеќе од бакнеж"... Ама јас "те сакам" тебе... "не можам да живеам ако ме оставиш"... Најдобра одлука што сум ја донел е не потпаѓање под таква манипулација. Не можеш да се воздржиш? Не ми требаш. Чао. Пријатно.
Здраво дечки би сакала да ми кажете ваше мислење за мојава ситуција. Имаше еден дечко после скоро две години не редовно пишување да се случи да почнеме да се гледаме и да имаме однос после односот јас си се повлеков и престанав да зборам он се потруди да збори со мене ама јас не сакав он после тоа отиде со братучед му неговата девојка и нејзините другарки дечкото и плус што знаеше дека тоа ми смета он отиде, јас пак продолжив да не зборам он пак се обиде да збори ама јас не сакав бев лута. Сега пред некој ден ја прашувал другарка ми за мене а имаше и дешавка кога он викна по мене а јас не застанав него само продолжив а вчера го видела другарка со девојче, девојчето го закачало а он бегал. Јас денес него го видов а он ми покажа со глава за страната кај што седи секоја вечер, бидејќи јас работам и не бев во моментот кога они дошле тука па само го слушнав другар му кога му рече ти рече да дојдеме тука дојдовме и затворено. А претходно негов другар ми кажа дека ако имало ненеш меѓу нас и дека уште толку многу се закача со мене ќе го тепа. Па сега ако може да слушнам ваше мислење за ова би ви била многу благодарна. Поздрав
Која е потребата да глумиш недостижна и после да дојдеш тука и да бараш совети? Те јаде јанза дека го виделе со девојче? Од вакви глупи детски игри машките се изопачуваат и после лош, епа лош. Кажи му дека не сакаш ништо со него,да не се труди залудно околу тебе и дека тоа било секс за една вечер. Ослободи да го да не носи товар,не е ништо виновен тој,да не си го троши времето безврска.
После односот се престанало,се случува после односот магијата да престане,ако престанала тогаш и пак да имате однос хемија нема да има.
Ако се изостават другарите на другарите и нивните другариклучно тука е,поради што, која беше причината ,поради која се повлече од него и почна да го кулираш ,веднаш непосредно после односот со него.
Не не се работи за глумење недостижна,не глуми недостижна,таа веке му дозволила и ги поминале сите фази вклучително и секс,апсолутно девојкава не глуми недостижна ниту пак тоа и е целта
Само таа си знае а ние само предпоставуваме,но веднаш му наметнала свои критриуми,во смисол тој знаеше дека јас несакам таму да оди,пробала да му наметне контрола,или да создаде услови да се самоцензурира дечкои во однос на нејзините интереси,што може да биде многу по не ок од недостижна,или пројава на љубомора,како некоја сокриена патологија,но ништо од ова не мора да биде вистина и точно само предпоставки,се надевам погрешни,во спротивно девојчето и понатака ке си има проблеми со ваков однос.
Како прво тој не и е дечко,никаде не пишува така. Како второ тие имале секс и таа од тогаш го избегнува без збор. Потоа доаѓа тука бара совети затоа што го виделе со девојче. Бара утеха и подршка да и кажеме дека е во право и треба да му глуми недостижна? Не,не е во право. Никој не заслужува да биде третиран како ѓубре, типот се трудел околу неа а она си свиркала. Кажи му отворено дека не го сакаш и завршија приказната. Ем типот нема да троши време,ем таа слободна. Освен тоа, таа дојде пиша мислење и испари.
Гледам дека повеќето мислите дека глумам недостижна и дека би сакала да трча он по мене но не јас не сакам он ни да трча по мене ни нешто слично на тоа ако на него му е поубаво со друга зошто не би го прифатила тоа ипак повеќе ми е мило он кога е среќен. За работи што него му сметале јас сите сум ги испочитувала а он само една работа не испочитува од што кажав дека ми смета. Точно може јас сум крива што се повлеков после односот но јас се чувствував како да сум искористена и се повлеков. Побарав совет зошто и после све и покрај тоа што он има девојка сега прашува за мене и се лути пак за работи што не би требало да го занимаат додека иде со друго девојче. Фала ви што си искажавте мислење ми значеше и ми помогна.
Зашто мислиш дека кога еднаш веке те искористил,дека ке те фрли тек така.Не ти си му одлична златна резерва ако работите не му одат баш добро затоа сеуште се интересира за тебе ако веке едаш те искористил зашто да не и повеке пати или постојано.Тргни се од дечково со време и таа девојка што ја има во моментов ке му раскине во прв контакт со поголем фраер од него.
Многу ми е глуп муабетот 'ме/те искористи' Шо искористува некој, ако и јас сакам да имам секс? Ти сакаше да имаш секс Кучук? Ако сакаше, нема шо да се доживуваш 'искористено'. Си сакала, си се ебала. Никому-ништо.
Ништо посебно ниту се видовме ниту комунициравме после тоа си продолжи он по свој пат јас по мој.После некој месец се фати со друга сеуште се заедно речиси 3 години.