Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.627
    зависи......и да и не.....зависи од карактерот на дечкото.....има дечки на кои што пиар прешур и влијае многу а има и такви кои што не се замараат што ќе речат другите, без разлика дали е другар или не.....ова зависи и колку е возрасен дечкото......кај помалите повеќе влијае за разлика од кај постарите ;)
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Што може да има ова значење?

    Ми вели дека е премногу зафатен а спие на фејсбук.И дека сакал да биде со другарите а не на секое седнување на пц да збори со мене.
    Тоа ми го кажа кога го прашав зошто се однесува така кон мене.
    Ми кажа дека сето тоа дека мислам дека ми е лут дека само измислувам-а не е така.Знам дека ми е лут и знам поради што.
    Му реков дека премногу ме повредува што прави така и дека се што барам од него е пријателство.Тој на тоа ми спомна дека имам пријателство од негова страна но никако да сфатам зошто е ваков кон мене.
    Му кажав и дека заслужив барем една порака да праша како сум и што правам зошто јас истото го правев во периодот кога бев отсутна.

    Зар толку ви пречи кога некое девојче се интересира што се случува со вас?Зошто толку се лутите понекогаш кога сакаме да се обидеме ние девојките да средиме некои работи?Толку не можете да се отворите пред некоја која ви била порано мувачка а и пријателка?Колку и да го инорирам едноставно сакам да го решам проблемот,не сакам неразјаснети работи а нему не му се зборува зошто немало причина да зборуваме за тоа.

    Сакам да му докажам дека греши што мисли така и дека од него направија будала во врска со мене.Знам кој ги вмеши прстите,не е воопшто лоша личност.Секогаш се грижеше за мене а сега наеднаш се смени.Нема друга девојка и тоа можам да го гарантирам со глава.
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Колку и да е болна вистината Пеликуна, другарство после љубов нема ... Затоа што од една страна секогаш ќе има мала надеж, и секоја пријателска прегратка ќе буди уште повеќе и повеќе лажни надежи а со тоа ќе се наносуваат и повеќе повреди ... доколку едната страна скроз преболела а другата не. Ама сепак кај што имало оган има и жар.
    Можеби ткави сериозни муабети го напнуваат и го плашат па затоа те одбегнува кога седи на комјутер.
    Можеби мисли дека сакаш нешто што тој не е спремен да го даде, како нешто повеќе од пријателство.
    Машките и кога се во врска се нервираат ако се врзани и ако на секој чекор се следени, а не па ако сте пријатели ...

    Јас би ти рекла, да се смириш, да го оставиш, да не го напнуваш, оддалечи се од него, уживај си, ако требало да се направи тој муабет, ќе дојде моментот за тоа ... Ако не требало, ќе дојде она што требало да се случи. Ама се ќе биде добро.

    Можеби се му е сеуште свежо, ќе се средат работите. Или ако зборите на фб, зборете за други нормални другарски работи, а не испрашувања, и немој да го тераш со сила да решавате нешто, за кое ете тој смета дека нема потреба ...

    А ако знаеш зошто е лут, ако си сигурна, и ако си крива, кажи му извини, ако прости ок, ако не, пак негов проблем.

    Едит: сега видов дека го редактираше мислењето. Тогаш можеш во една порака да му објасниш се убаво и да ја завршиш со реченицата, повеќе не те напнувам да зборуваме, доволно се знаеме, одлучи сам на кој ќе веруваш ...
    :*
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Пеликуна, зарем тој ако те сака така ќе се однесува ладно кон тебе? ај размисли малку, да не случајно човекот си бара причина за да не сте заедно? Јас од тоа што го прочитав така сфатив, ти него фактички му се молиш една порака да ти пише, а тоа не е во ред. Остави го, ако те сака ќе се врати, ако не, тоа одамна го чекал.
     
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Да Офи,го молам зошто му кажав дека ме повредува вака со тоа однесување,зошто никогаш вака не сум се однесувала кон него,а врз него влијаеше една огромна лага.
    Не му барам ни да ме сака туку пријателство.Зар е тоа премногу?Сметам дека не,зошто секогаш иако е повозрасен од мене неколку години му давав совети,го смирував и мислам дека колку толку заслужив.Секогаш ме барал прв ама ова однесување ми дојде преку глава

    Теди,можеби не е можно но со него имав однос сведено на пријателство иако не беше искрено и после мувањето,и на крај таа лага.Зошто го смени толку тоа?Никогаш не бил ваков кон мене.
    И кој и да е на мое место мислам дека ке има исто рамислуавње како моето-а тоа е дека заслужува објаснување.Размислив да му пишам ама кога веке си погазив гордоста вчера не планирам пак.Убаво кажа Офи,ако е заинтересиран ке се врати ама од сево ова не знам до каде ке докара.

    Mи рече еднаш дека не сакал да ме изгуби ама сега ова ме збунува.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Незнам зошто се замараш околу него, па не е дете да го превоспитуваш, чим одбрал така - така нека му биде. Ти повлечи се, нема зошто да му изигруваш родител, ниту пак ќе добиеш нешто ако ти биде пријател, уште толку ќе се збунуваш и ќе се надеваш напразно.

    Мој совет ова, па ти како сакаш.
     
    На zhap4e и teddybear им се допаѓа ова.
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Секако дека ке се повлечам,моето си го направив,тој нека си одлучува,времето ке покаже..Му реков слободно нека бира со кој ке се дружи.

    Фала ви :*
     
  8. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    Pelikuna Игнорирај го...ќе видиш како он ќе прашува што ти е тебе ... вака си видел нон-стоп му пишуваш му даваш до знаење дека ти значи и користи на некој начин,сепак ако има чувства кон тебе ќе бидете пак заедно :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Mи пиша типот порака веднаш кога виде дека не му пишав на фејсбук,ама не му вратив.Ке продолжам вака,можеби ке му вратам но за тоа ке размислам тактички убаво што и како :)
     
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023


    [​IMG]


    :lol:
     
    На mims-89 и Pelikuna им се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^

    Будалче :D
     
  12. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Обично не поставувам глупи прашања ама многу ме интересира машките какви девојки сакаат ниски или вискоки?
    Која девојка да сум ја прашала вели бар да е една глава повисок за да можам штикли да носам , истот важи за мене , а вие машките обратно сакате пониски или ? :)
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Да, во принцип сакаме девојката да не е повисока од нас а најоптимално да е неколку сантиметра (со се штикли) пониска :).

    Максимум што би ми било ок да сме исти (со штикла) иако како што реков би преферирал пониска од мене :).
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.627
    високи девојки = мистери'с слабост :wasntme: неам комплекси ако девојката е повисока од мене....кај шо губам у висина надополнувам со други ствари ;) ...... како на пример интелигенција и карактер :)
     
    На CoverGirl10 и MonnaSi им се допаѓа ова.
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Копирано од brkajrabota.mk

    Razlika pomegu sedmica sendvicara i ljubov :lol:

    1. Вистинска љубов се случува еднаш или ниту еднаш во животот. Хамбургер во Седмица може да ти се случи секој ден освен недела.

    2. Вистинската љубов може да си замине и никогаш да не се јави. Хамбургерот го има во секое време на истото добро познато место.

    3. Страста од љубовта со текот на времето може да исчезне. Вкусот на плескавицата исто така, но во секое време можеш да се потсетиш на истиот.

    4. За разлика од девојка ти, хамбургерот никогаш нема да ти пожали дека го јадеш премногу споро, премногу брзо, дека си мрзелив или дека не е задоволен од тебе.

    5. Во љубовта, ако легнеш со друга девојка, првата ќе те напушти. Хамбургерот никогаш нема да ти се налути ако пред тоа си јадел во Вили.



    8) 8) 8) 8) 8) 8) 8)
     
    На MoreNa-22, Phyramide, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сеа ја да постава едно маалку глупаво и непотребно прашање (а можда и не е глупаво) ама ме интересира, а можда и други девојки ги интересирало онака информативно, значи од машка гледна точка, ама може и женските да одговорат ама од обратна ситуација доколку машкото е во таква ситуација.
    ____
    Значи дали на машките им смета на пример доколку девојката има некој мал или поголем физички видлив недостаток на пример носи наочари, има некоја лузна на лице, некој мал недостаток како да се изразам, а карактерно претерано им одговара, значи се тип топ и карактер, ама мал недостаток би му сметало на машково да биде со неа, на пример би му бил трн во око тој недостаток не битно дали е многу или помалку очигледен ?
    Ама да не се залажуваме со тоа ако ја сака ќе ја сака каква што е .
    Ме интересира искрен одговор.
     
  17. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Никако! Никој не е совршен де... :)
    И онака колку подолго во врска, толку повеќе ја запознаваш девојката и во оние, секојдневни изданија, зашто и таа веќе се опушта и сака да ја научиш во она, вистинското светло... Па дали ќе ја видиш со наочари, со малку крив нос, дамка на тело, фатен реп (а клемпави уши)... Што има врска... Си ја засакал, ќе ја сакаш секаква, како што кажа и ти. :)
     
    На Lux, Pelikuna, Em4e711 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Не ми пречи момакот да има некој физички недостаток, ми пречи ако нема доволно самодоверба да се носи со истиот.

    Од друга страна јас носам очила, никој до сега не ми пререкол, ниту пак им пречело. Дечко ми обожава како ми стојат. Носев леќи и кога почнав повторно со очила им бев чудна, па бев "поубава " со леќите, а сега не сакаат да слушнат за леќи. Од друга страна па еден другар ми рече еднаш пред да излезам со еден момак - Марама а да не ги носиш очилата? Тоа повеќе ми пречеше него реакцијата на било кој момак.
     
  19. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Истото е и за девојките! Проблем е ако тие „недостатоци“ на девојката и имаат создадено премногу комплекси. Има девојки кои се набиени со доста трауми поради некој таков проблем па тоа им направило хаос со карактерот. Во такво нешто не би сакал да се впуштам во никој случај. Во спротивно, ако самата девојка знае како да го носи тој недостаток и ако она нема проблем со него, зашто би имал и јас.

    П.С.

    Наочари знаат да изгледаат така секси!!! :P
     
    На srcekrsacka, marama и Lux им се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    неее не јас воопшто неможам да сватам што сакаат машкиве да постигнат со таа нивна тврдоглавост инат и гордост ?? чекаат да бидат молени или штооо ?? :@