Зошто постојано ја анализираш твојата врска и дечко ти? Постојано проверување на социјалните мрежи, правење забелешки кого заследил, ставил лајк мислејќи дека позади нив се крие нешто друго е само одраз на твојата недоверба кон него. Зошто си со него, ако не му веруваш? Ако навистина ти е убаво со него, опушти се и престани со правење филмови и анализирање на непотребни банални детали.
За што сомнеж? Дали дечко ти фантазирал за таа? Сигурно...па уште ако е некоја згодна. Мене дечко ти ми делува лигаво, ем нарекува жени курви, ем потајно се лигави по нив. Чудо од човек, бабата на братучедот ем ја трача, ем ја лајка.
Знам дека ми е лоша идејата така да му кажам. Ама незнам како да се зближиме некако чудно ми е кога ќе ме погледне срам ми е од него сигурно ќе направам нешто погрешно.
На твое место ќе му пишам што правиш ово оно а во живо ќе му кажам..секој различно но јас така ќе поставувам
Вака, со еден тип се сретнавме во кафич јас се препознав мислев дека е мој колега.Сменивме неколку пораки вечерта и веќе не ми пиша.Работиме блиску и на некој начин се обидов да дојдам до него.Тој ми рече можеше се да биде поедноставно, ти го направи комплицирано и ти губиш.Се откажав тогаш. Сега се мислам дали навистина не сум му се допаднала на типот и навистина немам шанси?
Девојки и момци одговорете ... Зошто момчето кога не ја сака каже нема осеќана и да е готово а таа му вика ако не ме сакаш повеќе блок ме а тој не ја блок а зашто?
Работам во тим со преку 30 вработени, горе - дол не се знаеме сите, млади до 40 год. Но, гледам дека пример, се има физички контакт, се гушкаат пр кога некој нешто ќе успее, мене лично, менаџерката ме гушна околу рамо нели и ме подржи некоја минутка. Двајца колеги, машко и женско се гушнаа ( не знаам дали се пар) едно други ги видов на пауза се гушнаа. Е, дечково мој, ми вели да немам никакво контакт, физички, со, никој особено, не со машко! Не е за Ковид. Туку не било вкусно, примерно и етички. А, ние се собираме по 10 на пауза и има секакви смешки и сл. Еднаш, бидејќи најпрва нешто направив, си ја гушнав тим лидерката, онака нели. И колеги си имам гушнато Значи не нападно. Дали грешам јас во гушкањево или типот ми е љубоморен?
Што знам... Зависи како е, вака никој не може да оцени кога не знае детали. Ама кај мене на работа од такви гушкања, премина во мало флертување, па погледи, па допир некој демек случаен, а на километар се гледаат намерите и сите околу нив го знаеме тоа, не сме слепи. Колку такви познавам што од гушкање само демек, па после ги фатиле во канцеларија. Дефинитивно треба да се стави граница, посебно на работа каде односот треба да е формален.
Се сложувам со @Billy Idol .Некако и мене ми е невкусно да се гушкам со колеги, иако работам работа каде навлегувам во личен простор на лугето. На поранешно работно место сопственикот машко, ја гушкаше менаџерката , многу години постар, не инсинуирам ништо ама мене ми беше дегутантно па колку сака нека се пријатели. Па и она "овде сме сите како фамилија". Уeah, right. Нека си се гушкаат во слободно време. Инаку ќе има мислење дека се фаворизира некој/а Јас сум воздржан типсо физички контакт на работа со колеги, иако на клиенти на 35 см од фаца сум им ( и тие мене). Професионалност не е на одмет. Плус друго е ако работиш во кафич а друго во банка,некако првото е порелаксирано.
Зошто не се опуштите и не разговарате со партнерот? Толку премислување на секојдневни работи означува едно нешто, недоволна доверба, и решението за тоа е отворен разговор. Јас не сакам гушкање. Грешка, не сакам било кој да ме допира. Но тоа се менува од околината. Конкретно, на новото работно место, сите сме си многу нови едни на други, ама луѓето се ептен опуштени и лесно се зближуваат. И јас малку(многу) дивата, почнав да попуштам. Прегратка некогаш значи само тоа, прегратка. Опсесии со социјалните мрежи ми е не разбирливо многу одамна, па нема да се повторувам секогаш по тоа прашање.