Зошто би се гушкале со колеги, колешки? Зошто гушкање на работно место? Ај еднаш, два пати ете ако има некој повод. А дека има љубомора од негова страна, има. @GirlLove Можеби и е во право човекот, на работа не малку афери излегле.
Јас сум голема маза така што признавам гушкање било каде, работа дома надвор сегде сме истите луѓе а пред две другар може да ти биде после колега
Од свое лично искуство, многу сум гушкач човек. Во секоја околност имам човек, маж или жена небитно, со кој можам кога ќе посакам да се гушнам. Многу сум среќна поради тоа. Не знам како да го дефинирам, но мене ми е како издувен вентил гушкањето, како утеха, како убав збор, како благичко кога си во пмс. И на работа имам, и сум имала такви луѓе. И никогаш не сум имала проблем со партнер поради таа моја потреба, ниту на работното место било лошо сфатено или прераснало во нешто друго. Баш спротивното, повеќе страдам кога партнерот не ја разбира таа моја потреба (ниту еротска, ниту сексуална) и му е шубе да се гушка. Така што мислам дека не е непрофесионално доколку си способна да знаеш секогаш кои се твоите граници, и туѓите нормално, и д ги почитуваш. До довербата е би рекла. Особено па ако се работи за прегратка меѓу колешки.
Едно е да сакаш да се гушкаш. Да, секаде сме истите луѓе, но на работа си на работа и не гледам зошто нешто што ти практикуваш во личниот живот треба да се иницира и во професионалниот.
Да, доколку на Мене некоја личност мие мила и на работа зашто да не, знаете колку значи во цел напореен ден нечија прегратка? Очигледно сакате самотија и сте личност без емоции ♀️ Сепак луѓенца вие не не слушајте нас доколку сакаш да гушнеш гушниии најако животот е краток за да се стискаме можеби некогаш би ја порале онаа гушка во професионалниот живот што никогаш веќе не би можеле да ја видиме... Мене едноставно самиот поздрав мие гушка со сите на работа па што сите ме гледаат како позитивно човече и никому не му пречи освен на елиесаб соу сори
И јас сакам да се гушкам, баш онака како за утеха, смирување...ама немам такви луѓе. Девојки, гушкајте се.
Никаде не ти забранив како да се однесуваш спрема другите. Ако ти не можеш да прифатиш дека јас како личност имам свој начин на третирање на другите (посебно на професионално поле), тоа си е твој проблем. А за животот доволно знам колку е краток.
Секако е битно да ги почитуваш сопствените граници, и туѓите нормално. Не дека мора со сите, во секоја ситуација да се стискаш. Од прашањето на девојката сфатив дека дечко ѝ и забележал зошто се гушка на работа, со тим лидерката, не било професионално. Не мора да е така. Во помал тим, со луѓе со кои долго работиш, или пак со жени, поздравот, за добро утро или за чао, може да биде гушка. Не гледам некоја посебна непрофесионалност околу тоа. Ниту па причина да ѝ замерува нешто посебно, још мање да ѝ кажува како да се однесува.
Здраво на сите Пишував порано за бившиот кој ми раскина на 15ти август преку порака, но кој сеуште ми праќаше mixed signs(се извинувам што не го побарав мојот цитат од порано). Long story short додека сеуште не се знаеше дали сме скарани или не(бидејќи чекав да се вратам назад, за да се видиме во живо, бидејќи тој е од странство), тој ја исклучуваше локацијата на телефонот по 8-9h. Јас знаев дека има друга, но верував дека не е можно после 2 години врска, и реално без никакви проблеми, да замини со друга пред да расчистиме се. Е сега, пред два дена бевме на кафе, и тогаш го прашав дали има друга. Ми рече да, дека имал веќе еден месец(лага). Подоцна дознав од девојката на неговиот брат дека ја однел новата дома на 7ми август, кога сеуште бевме заедно. Му реков дека тоа е изневерување, ама ме правии будала и вели дека не е. Го прашав зошто воопшто сите овие месеци (скоро 2) не ми кажал дека има девојка, за да воопшто не комуницирам со него, а и да не одам на кафе со него... Ми кажа дури дека со новата разговарал за дали да ме остави мене. Буквално бев ко втф... На крај ми велеше како не сакал да се овие две и пол години за џабе и како сака да сме пријатели, но му реков дека повеќе не го барам, бидејќи има девојка, а и воопшто не гледам причина да го барам. Но, сеуште ми пиши, дури и вчера вечерта, одкако цел ден бил со неа, стави нови слики во заеднички албум кој го делевме на Google photos.... ( втфффф?) Не знам која ми е поентава на ова кое го пишувам, изгледа барам да ми кажите дека ме изневерил и дека е кретен. И не,не бевме целосно скарани, тој прво рече дека сака пауза, потоа рече раскинување, потоа со денови ми кажуваше дека ме сака, па ми кажуваше дека лесно би ме добил назад... Никогаш не ја спомна неа, а си мислам дека ако не го прашав за неа немаше ни да ми кажи... Што мислите за него? Зошто сеуште ми пишува ако има нова врска, и што воопшто сака од мене? И можеби звучам глупаво, но дали ме изневерил? Бајдвеј кога му реков дека тој у ствари ме изневери, ми рече: ,, хммм, зависи како гледаш на работите, ама не е изневерување, можи е ментално изневерување, ама не е јас ништо со неа немав пред да се целосно скараме и се скарав со тебе за да не дојди до изневерување..". Што мислите за сето ова?
Игра на две карти. Tи би му дошла какo сигурна опција доколку не му оди во моменталната врска. Те изневерил и да, кретен е. Не вреди и олкав реферат да пишиш за таква личност.
Мислам дека ти си свесна дека он те изневерил а тука со опишувањево на случкиве бараш да те охрабриме за да почнеш да му се мешаш у новата врска. Ко демек пошо ти пишува и става слики те сака тебе, готово твој е, другана ја лаже. Прво не знам како можеш да си ја мачиш главата со ваков глупак кој ПРЕД ОЧИ си игра со тебе и уште една женска. Најдоброто и најпаметното нешто што можеш да го направиш е блок, секаде.
уммм не? како шо гледаш кажав многу пати дека доколку знаев немаше воопшто да го барам, не знам од кај и извади дека јас сакам да им се мешам или сакам тој да ме сака мене. не сум без мозок. прашав само за да знам и да си се убедам дека тој ме изневерил и да си продолжам понатаму(бидејќи ми е прва врска и прва ваква случка). Немам и не сакам да имам никаква поврзаност со него и неговата девојка, само потенцирав дека сеуште ми пишува за да се разбере каков човек е!!!!!!! Немам никакви намери да се мешам во туѓи врски, исто како што не сакам и тие да ми се мешаат во моја!!!!!!