Може прашањево ке биде малку глупаво но сакам да добијам мислење од машко.Кога веке ви однемува теми на муабет со партнерката,што правите?Се наогам во таква ситуација што некогаш не знам ни што да му кажам нему за да имаме интересен разговор.Веке кога зборуваме,не знам како да го продолжам разговорот,се плашам да не лупнам некоја глупост и да не останам смешна.За што најчесто се интересирате да дискутирате вие?Јес да секое машко е различно ама ми треба пример
Види штом нема муабет нема ништо, нема хемија штознам... некако ми е чудно да нема за што муабет да се прави...мене на пример ми е тоа клучен фактор ако не ни иде муабетот ништо од нас...
Незнам дали е до немањето ама некогаш не знам што да му кажам што ме загрижува,имаме одличен разговор и на крај тапа па мора да се исклучам ко да бегам од него
Како тоа дечко и девојка а немаат што да зборааат па кога ке дојде таа тишина ке го прашаш ти : 1. Кој level му е херојот 2. дали ги гази сите виртуелни другари 3. кога ке идете двајцата у Шпанија 4. До кога неговиот фудбалски тим ке биде тапанарија 5. Зашто се срами од твојата најдобра другарка 6. Зашто Климата се менува од ден на ден 7. Што ке правиме кога ке дојде Пиво Фест у Скопје 8. Дали знаеш дека Бубамарата ги користи своите точки да ги бркаат птиците 9. Уште колку време треба да те чекам да ме бациш на романтичен начин 10. Австралија Припага на еден од најопасните континенти за живеење ....твое мислење? 11. Дали новата игра што ја инсталира е добра... 12. Може ли јас да ја играм 13. Зашто не? 14. Кога ке фатиш книга да го поминеш факултето без грешка 15. Што ке правиш утре 16. Ај идеме некаде на одмор 17. Наброј ми 20 туристички места и спесифичности за нив 18. Викаат сите грци биле геј ... ти што мислиш 19. Зашто ја гледаш таа девојка , ја сум поубава нели ... зашто сум поубава? 20. До кога ке се вадиш на тие изговори 21. Оние Челзи врскаа немаат нели 22. Зашто Гејмаш по цел ден наместо да учиш 23. Другар ти е многу глуп зашто тоа? грешка некоја или ? 24. Дали да му ја местам на Јипман мојата убава другарка 25. Дали сакаш да славиме нова година у Мадагаскар 26. Ај раскажи ми како успеа да го зае*еш професорот? 27. Кога играте Кошарка/Фудбал со другарите кој тепа ? 28. Ти која позиција играш и даваш ли голови 29. Тоа фацебукот малце многу го дружиш а 30. Мислиш ли на мене кога спиеш Овие се проверени пушти му ги на дечко/маж ти и проблемот е решен
Во таков случај се правиш дека си Ума Турман од Pulp Fiction, стануваш и пред да одиш до WC му викаш - дур да се вратам смисли тема за разговор за да не седиме во непријатна тишина Во спротивно ќе те лапам цело време! Мора да имате теми за разговор. Ако немате, не е на арно
Има поента ова. Ако треба да се мислиш и да вложуваш труд за една најобична работа како муабет праваење тоагаш нешто не е како што треба. Мене решение ми било да смениме средина. Да одиме некаде каде што не сме биле или да правиме нешто што не сме правеле. Исто и заедничко запознавање на нови луѓе отвара доста теми за муабет. Во секој случај, тоа треба природно да дојде. Таман работа секое гледање да имаш 'теми за муабет' списоче во џеб.
Хехехехе,ние имаме општ разговор, отвараме некои теми, и кога завршиме со тоа,незнам што да му кажам,а тој е секогаш полн со идеи и теми што некогаш и со обичен збор знае да ме насмее.Мислам глупо ми е така секогаш да си ќутам како теле во шарена врата а тој да зборува и да мисли што како.Не сакам да си мачи душичето посебно сега кога ги решивме проблемите сакам да се осека сигурно и расположен за разговор со мене,а е секогаш.Али битно ме закопавте во дупка,со идеите ах феминчиња,што ке правам без вас
Ме интересира како момчињата гледаат на тоа кога девојката прва ги поканува на кафе т,е дали би им пречело ако девојката превземе иницијатива околу првиот состанок ?
heeellll no, we LOVE IT !!!!!! Обожаваме кога девојката ќе превземе иницијатива и ќе не покани прва Затоа пуштај се у акција
ако маз погледне зена подолго од 1 секунда, има намера да стори нешто, имам читано и знам дека е така, ама дали вас машките ве интересира ако девојка/зена ве загледа подолго од секунда што таа мисли за вас благодарам однапред на одговорот
Од фацебук го прочитав ова Си биле дечко и девојка Девојката вика: -Срце ај опиши ме во два збора Дечкото : -Само моја -Ај сеа ти мене опиши ме во два збора Девојката: -Само Сонувај
Тоа дали би им пречело не треба да стои во твојата реченица Јас обично не оставам таков простор но баш ми е мило кога некоја девојка ќе превземе иницијатива Немам одбиено кафе од девојка, освен во некои ретки ситуации но тие беа тешки ороспии шо ги знам и не им беше толку до кафето мислам , но веќе кога одам на кафе со некоја девојка и сум оставил до толку простор и не сум ја приметил претходно и сум ја занемарувал обично после кафето и на тоа само останува, на кафе, затоа незнам што прави твојов тип ама тоа ти е има секакви луѓе. Освен тоа дечкото да не е заинтересиран мене не ми текнува ни еден негативен аспект тоа девојката прва да кани. Еве една моја случка, јас на гости кај едни пријатели и таму имало на нивната ќерка некоја другарка, јас ниту ја видов, ниту ја приметив, многу луѓе што да праиш по неколку дена гледам некој ме додава на MSN ова беше одамна јас 20 девојката 17, ја прифатив и ќутеше неколку дена. Јас не ни знаев која девојка ме додала. По неколку дена и викам: зошто ме додаде за да ќутиш? и после тоа неможев устата да и ја затворам! ми кажува те видов таму и таму јас сум таа и таа нема врска девојкава и по MSN изгледаше топ се договоривме излеговме хемија физика невидена уште првиот ден гушкања едвај дочекавме да се видиме наредниот ден да не ви раскажувам сеа во детали Но најдобро ти си знаеш во каква ситуација се наоѓаш па ти процени си. Како и да е и ти да иницираш средба и во негови очи а и во свои ќе вредиш повеќе. Ако нешто биде ти посакувам среќа, а и да не биде барем ќе знаеш на што си и нема да се замараш повеќе!
Мисли дека добро би и дошло еден дечко за да и ги исцепи дрвата дома! Мала шала Мистери. Сеа,една секунда. Ама иступено овоа. Мислиш јас со штоперицата сум излезена и бројам дечки шо сум ги гледала подолго од една секунда. Али јас ако го загледам некој дечко,еве да речеме добра пола минута,тоа време ми е потребно за да го изманијачам од доле до горе и да решам дали е мој тип или не. Е,ако полата минута премине во минутка,значи типот дефинитивно ми го привлекол вниманието и ако е некој среќник,може и да му се насмевнам! Али јас не одам со оваа тактита. Одам 3 до 4 пати по пола минутка манијачење. Така знам дека ќе му го привлечам вниманието. Фала Богу дека имам намера да сторам нешто!
Стварно дај ти кажи што мислиш?! Јас обично не се замарам што мислите ама од време на време си викам оваа ме сака ли или сака само да ме секса!
Слушај сеа таа те зеза тебе ,време е за counter-attack следен пат кога ке дојде да ти збори нешто ти само вадиш цвикери и го кажуваш следното http://www.youtube.com/watch?v=_O-QqC9yM28
Ми се стемнува кога ќе чујам такви некои тврдеа и како и секогаш, повторно за машките, ако е повеќе од една секунда, значи има намери. Па ако е помалку од една секунда, ништо нема да регистрира. И нема никакви дефинитивни правила за зјапање. И машките и женските можат да си позјапаат неколку минути, или на некој/а да му/и го фатиш погледот а тоа само додека да проценат дали си нивен тип, ништо повеќе
мене па ова со гледањево повеќе од 1 секунда никогаш не ми паднало на памет кога ќе фатам нечиј поглед упатен кон мене, а кога подобро ќе размислам па ако ме гледа 1-2 секунди нема ни да го приметам дека гледа Еве на пример јас знам да си зјапнам во некој едно добри 30 секунди за да изанализирам што носи и како е искомбинирано во последно време тоа ми е некако несвесна реакција за било кој околу мене, без разлика дали е симпатичен или не....ако така со секунди се мери ќе помислат манијак сум
Знам дека е можеби глупо што веднаш прашувам,бидејќи само што се регистрирав но неможам да издржам више... Може и вие девојки да ми одговорите немора машко,но сепак Вака ми се свиѓа еден и праевме муабет на мсн,фб демек те сакам/ме сакаш се зезаме ова она,погледи до бесвест и сега пред некое време ме праша да се муваме,јас се согласив ама никао да се погодиме де ја сум негде па после он ќе отиде,не е битно. Поентата ми е после муабетов правиме муабет на мсн уште,се тоа,но надвор не се поздравува воопшто со мене. Еве буквално прееска седеше на клупа до мене(малку пораздалечена) со другари јас со другарки и не дојде да се поздрави. Што треба ова да значи ?
Вади на површина некое скоро дебилно ниво на несигурност, особено после такви чатови онлајн. Не верувам да нема интерес, па на крај краева веќе сте договориле мување . Моја претпоставка е дека му прегрева системот во живо, кога не може да се крие зад компјутерски екран, играте е целосно поинаква. Не е страшна, само поинаква.