На друг форум се упознавме па после премина на социјални мрежи, низ разговор спомнав и за фемина. Грешка моја Нека следи, јас ќе одстапам од форумов малку Фала ви дечки
Веќе 3 години сум сингл. Нормално, сум имала прилики ама сум му била верна на некое момче кое не ни знае за мене. Таква сум, а не сакам да бидам. Не сум и нешто најубава за да добивам многу внимание и повторно стојам црврсто до моите стандарди што НЕ СЕ ПРЕТЕРАНИ. Дали грешам? Како да се поправам?
Да знае убаво да зборува во смисла да не биде вулгарен, нападен. Да сака музика, да се интересира за филмови серии иако ова не е морално. Да изгледа средено, но тоа не значи да биде убаво облечен туку тоа што го носи да биде чисто, а сум имала лоши искуства. И она што ми е нај важно е да не чека се да му падне од небо туку да сака да напредува во животот.
Во ред е да се придржуваш до твоите стандарди, а тие што си ги спомнала во втората порака дефинитивно не се претерани. Ова момче на кое се осеќаш верна, било и поминало или сеуште е дел од твојот живот? Тука ти е прва прилика за поправка и да заборавиш на него. Социјализирање е најбитно. Биди дел од повеќе кругови и настани и ќе се начека дечко кој ќе те "натера" да заборавиш на било каква преостаната верност кон некој друг.
Не е баш во смисла дека е едно момче туку пример ако има некој што моментално ми се допаѓа, јас не би дала шанса на некој друг. Знам дека е глупаво, но ете така функционирам. Се трудам да го сменам тоа забележувам дека полека се менувам. А за социјализирање е малку поинаку зошто сите мои пријателки се во сериозни врски, да не речам ама ќе речам како мажени се (немам ништо против) и се што се прави во мојот круг е или седиме по дома во парови јас, нели, сама, или пак одиме на места каде што неможеш да се запознаеш со нови ликови. Така да воглавно она што ми се случува во животот започнува од некоја социјална мрежа и тоа не пречесто бидејки можеби еднаш годишно објавувам фотографија. Anyways, можеби јас сум проблематична, не знам.
Ахам, сфаќам. Сличен менталитет сум имал и јас. Што мислам дека има поврзаност со fear of commitment и подсвесно бараш причина да не се впуштиш во врска, како пример наоѓање верност кон друга личност. Може грешам за тебе, ама така беше за мене. Сепак супер штом се подобруваш во таа област. Добра слика даде, може да се види каде лежи потешкотија во наоѓање на партнер, иако далеку од невозможно. Може како опција другарките преку партнерите да ти помогнат. Имаат тие машки другари сингл сигурно. Се зависи од тоа како стоиш со нив. Еднаш годишно прикачуваш слика онлајн? Супер си, тоа е една слика повеќе од јас што прикачувам годишно
Хахахахахах за 2021ва немам уште, можеби ќе те стигнам. А ти како си го променил тој менталитет, како оди сега?
Немаш високи стандарди… бараш основни работи амбиција и култура. Држи се до тоа. Долгото време сам не е показател дека нешто не е во ред со тебе туку нема се појавено океј човек за тебе. Држи се до стандардите. Не бараш многу.
Дефинитивно не се предавам на било кој. Многу ми е важно да ги поседува овие работи. Во последните неколку години сум се допишувала со многу фини лица, но ете нешто во мене ме натерало да прекинам контакт. Сега од нивните социјални мрежи гледам дека неколку од нив се ожениле со девојчина од 15-17 години, нормално поради бебе. Да не бидам погрешно сфатена, немам ништо против млади мајки и бракови на таа возраст туку едноставно не се гледам јас како дел од таква заедница. Накратко кажано, имам други планови за себе. И во такви мигови си се гордеам со себе, колку и лошо да звучи.
Мислам дека тоа е индивидуално,но ништо страшно и сосем нормално да му пишеш прва,мислам дека нема да погрешиш.
Ништо не мислиме. Браво за храброста , то си велиме само Ништо не е страшно или срамно ако пиши женско прво. Мада нема правила дека морално е машкото да пиши прво.
Искрено, како машко и не знам баш дали јас ги гледам ваквиве мажиња како следното: Искомплексирани, арогантни мажуленца со ниска самодоверба, фрустрации од Х и У работи, его до небо (за жал) и изигравање ебачишта. Искрено, од искуство (дап, ако сум маж) би ти дал совет да бегаш ко ѓавол од крст од мажи што те убедуваат дека сите други се Х а они ќе те третираат најубаво, најдобро, ќе бидеш нивната принцеза итн итн. Верувај, таквите ги снемува ко паркинг пред зоолошка у недели после било каква интимност.
Лабав муабет, без форсирање - у глобала ти го направил тоа што жените им го прават на мажите кога им пишуваат на 100 жени од еднаш и не можат да постигнат )) Среќно!
Their lost, bro. Не ја сфаќам никогаш поентава на снемувањето после односи, ниту пак тие што го прават тоа. Зошто? Ова е како да си се пукал сам во колено... Замисли, трошиш од животот недела, две, месец, два, три во флерт за да имаш однос со некоја: 1 опција: Односот бил топ. Си уживал. Испаруваш, наместо да го повториш пак. Да уживаш со таа личност повеќекратно, да сте заедно, или ако видиш дека не си одговарате, да раскинеш. 2 опција: Односот не бил добар. Разговараш зошто не бил. Се трудите да го поправите. 2.1 опција: Го поправате. Уживаш. - Пак испаруваш, наместо да продолжиш да уживаш. 2.2 опција: Не го поправате. Гледаш не ја бива работава. Тоа е. Се каеш дека воопшто си имал нешто со неа. - Пак испаруваш наместо доблесно да го кажеш тоа како човек. Во сите опции, ти губиш, а не девојката. Она губи само време што потрошила на идиот.