Вторпат бараш совет за истото со песната, ама гледам веќе ти одговориле за тоа. Не сум машко - ама ќе ти одговорам што јас мислам за тоа нон-стоп закачање. Ме врати во времето кога јас бев во основно и со такво детско однесување демек машките давале до знаење дека им се свиѓаш, ама ќе речам има други начини да се покажи и дојде до знаење за тоа. Колку години има машкото со вакво однесување? Мене ми личи како со памет заглавен во основно.
Не придавам толку значење на песната но тоа се дешава втор пат другарки нон стоп ми коментираат дека ме гледал дека ме закачал што би можело да значи нешто, според мене не мора да значи ништо, сакав само да слушнам повеќе мислења. Претходно кога полетав така јас бев таа што пафна на земја и тешко се кренав и не би сакала да биде пак така, дури некогаш мислам дека он ми е крив за се па на него да му се испонашам. Сепак ти благодарам на мислењето
Не се 'понашам', ти кажувам дека никој од нас не може да знае што мислел тој. Прашај го него, озбилно. Ние може само да нагаѓаме.
Добро ти вели членката. Прашај го. Иако ова мене ми изгледа многу детско однесување. Мислев дека имате по 14 години.
Мислиш? Како да не знаеш колку години има? Не биди дрска. Членката убаво ти има кажано да го прашаш, барем ќе знаеш на што си. Овде само може да погодуваме. Иако по мое неговите постапки може ништо да не значат. Ништо не губиш со отворен муабет.
Ама не, стварно. Цело време се двоумат, и наместо разговор анализираат што значи песната, лајкот, намигнувањето. Собери храброст, прашај па што биде биде.
Дефинитивно сега одам во друга крајност - кога нешто ќе осетам дека на некој од фб му фали, одма на блок. Како да имам одбранбен механизам и нејќам да ме повредат, ама сите ги гледам како напаст и лош. Не знам дали е само период или вака ќе морам да терам. Единствено не сакам појќе да ме повреди никој. Совет, хелп.
Како се осеќаш во моментот така прави. Одвреме навреме застани и размисли дали така ти е добро или не. Ако ти е, продолжи да правиш што и да правиш. Ако не, пробај нешто смени.
Дали би толерирале ако дечкото ваш ја има сестрата на неговата бивша на фб. Вели дека не контактира, а гледам и лајка слики постојано.....