Можеби прашањево не е за овде но не можев да најдам на друго место. Ако може да ми кажете неколку теми за разговор бидејќи сеуште не се знаеме добро и не знам за што да разговараме.
Не е ова тест во школо па да ти дадеме теми , кога правиш муабет со некого тоа треба да е секојдневни теми и општо за животот ... Плус секој човек е различен не сакаат сите исти теми за муабет , зависи и како ке ви тргне муабетот дали сакате озбилен муабет или лабав муабет каде се можеш да прашаш ...
Разговор, особено на прв состанок не треба да се форсира, или ќе оди или нема да оди. Не се мисли многу и остави работите да си течат спонтано.
Може 2-3 дена, една недела, тоа е индивидуално за секого. Зависи од разговорот како тече и колку време досега се допишувате.
А на прм еве се допишуваш едно 4,5месеци кoнстантно со таа личност и се уште те нема повикано на прв состанок ( или те поканил ама не си била у можност ) као за следна прилика why ?
Мислам дека е индивидуално. Сум имал средба после недела дена од аднување на фб и интензивно пишување. Помина супер и прерасна во врска. Зависи од искуството на девојката со интернет запознавања. Ако се искрени намерите ( а тоа се гледа по комуникацијата) не би требало да има пречки за кратко време да се договори и дејт.
Ако досега не те има повикано може те чува како втора опција, не е достапен за во јавност ако веќе има друга девојка, не бара ништо сериозно или пак може не е спремен за нова врска ако сеуште ја нема преболено претходната. Убаво ти рече @IM.TMKQ aко веќе те поканил еднаш, а ти не си била во можност да се видите, сега ти покани го да излезите.