Ништо не зависи од него, туку од тебе. Тоа што обрнал внимание на другарка ти, може да е чисто од култура, нели не се запрела, може да е од забава (по забавна од тебе?) или може и навистина да му се допаѓа. Клучот е што ти сакаш и што очекуваш од него, и така ќе се поставиш. Ако сакаш оне најт стенд, биди директна, искажи се некако, ако сакаш да го носиш на матичар, и тоа некако навести го (да не биде после две година, јбг, он не мислел на тоа). Ако чисто уживаш во игри од стилот топло-ладно, не верувам дека долго ќе ја игра твојата игра. Од машка пак страна, и неговиот однос може да е рефлексија на неколкуте игнорирања, па да ти даде до знаење дека не е ок така да си играш - во ваква консталација, имате иднина, прекинете со тоа кому е поголем и уживајте еден во друг. Другата, доста веројатна опција, е дека многу многу не трпиме откачување, не има такви, кога ќе го фрлиме пикот, нема назад, и најчесто стигнуваме до крај, ама после не сте интересни, освоени сте иако сте се филмале некое време. Тенка е таа линија, ретки се тие жени кои знаат да чекорат по неа а да не ја преминат, односно да бидат постојано освојувани, на безброј начини (од еден исти тип). Тие што знаат, тоа е една прекрасна игра, на сите полиња, од хендланње на пмс до оргазми и плачење од непознати причини. И за крај, батали што сите ние мислиме, никој од нас нема да помине со него ни 5 минути. Одлучи се што сакаш и така постави се.
Здраво, имам една ситуација за која не знам што да правам па доколку можете и знаете би сакала да ми дадете ваш совет. Со едно момче пишуваме скоро еден месец, не се знаеме многу и не сум сигурна дали има некакви чувства од негова страна. Живееме во различни градови и поради тоа ретко се гледаме. Некогаш има и интересни моменти , а некогаш едвај успеваме да сврзиме еден разговор цел ден (излегува како јас да сум досадната бидејќи како со сила да пишува). Не знам дали е во зависност од расположението но како да се мачиме....Дали тоа е можеби поради што не се познаваме доволно или нешто друго е проблемот... Јас некогаш не пишувам за да не бидам досадната но тој ми пишува прв и потоа кога ќе почнеме разговор се оладува и ми е непријатно...Би сакала да знам дали мислите дека има интерес од негова страна или си давам лажна надеж....
Сакам да ве прашам вас машките кога веќе сите користиме социјални мрежи: инста…. Во врска сум скоро 9 месеци На почетокот објавуваше слики со мене тек тук самиот беше иницијатива јас не бев по тоа Сега воопшто не објавува, јас кога тогаш нешто ќе ставам со него Не сум зборувала на оваа тема само еднаш прокоментирав као не се сликаме воошто и ми рече само знаеш дека не се сликам јас воошто, ти си по сликањето сликај кога сакаш.. И сега Имам доверба се, не е као да има 18383829 следачи и да следи толку едвај 300 има хахахах но сепак зошто да не објавиме слика Како да го поттикнам без да звучам очајно? Малку глупаво што толку зависиме од социјалниве мрежи но таква ни е денешницата да бидиме реални..и искрено некогаш се чувствувам глупаво што не ставил ништо со мене..аман не ме осудувајте јбг тоа е
Па не знам, затоа и напишав тука Дали го сметате како red flag зошто мене не ми дошло на памет до сега…
Не знам дали го знаеш она "Со тие највише што ги сакаме најмалку слики имаме". Најважно е да те сака и почитува, не мора сите да знаат. Доволно е ти што мислиш и чувствуваш. А ако те копка зашто више не става слики прашаjго.
Да, мене ми беше повеќе као го правел нештото, не сум мислела дека е толку од значење дали ќе стави или не (сакам да кажам не ми било бр.1 приоритет социјални мрежи и сето тоа) но нагло престанал и тогаш почнуваат сомнежите, like why?
Јасно е дека постои некој интерес, од двајцата, пршањето е до каде оди тој интеренс и кој терен го испитувате. Тоа што се допишувате толку време, што имате светли и сиви моменти, ве прави како да сте во некоја си врска, и тие што се, го имаат истото. Еден момент не ми е јасен, дали типот 'успори' откако се видовте или таков си е во континуитет? Ако е после видувањето, еве како машко да ти кажам, бара културен начин да ти каже да не се надеваш, и да си фатиш патот. Од друга пак страна, твоето 'кочење' кога да му пишеш е лоша работа. Приципиелно, секое воздржување има своја граница, и кога ќе ја помине, експлодира, особено ако не се продискутира навремно. Ако воопшто сте заедно некогаш, тогаш што? ќе бидеш ти и ќе му пишуваш така како што ти доаѓа, или ќе се воздржуваш и ќе бидеш бледа сенка на себе си, без оглед каква си? Ботом лајн, темите може да ви се исцрпиле за толку кратко време, тоа само по себе е ред флег. Наједноставен начин, и вин вин ситуација, е да успориш, по можност да престанеш да иницираш разговори, па и со денови ако треба. Едниот вин, ако тоа му било целта, ќе му олесниш и нему и себе. Другиот вин, после неколку дена, ако почне да отвора теми за муабет, значи си го заголицала, и тоа добро, и надежта не ти била попуста.
Јас не знам кога ќе сфатите дека профилот треба да ми биде отворен, кога ќе ме прелиста некоја (потенцијална оне/ту најт стенд), нема зашто да ме гледа со женската и да ми се отежни работата. Статистички гледано, нормално. Од иста таква причина и многу од вас не се ставаат со дечковците, т.е ги минимизираат таквите објави, затоа што ако ја гледам со типот, како да и лупнам срценце, или да и кажам дека е секси? Не не ми е убава и не е секси кога е со типот, и тоа многу добро го знаете, затоа и ги криете на некој начин тие фотки. Секоја чест на исклучоци, и од едната и од другата страна, за остантите, се е тоа слика на лична несигурност и/или несигурност во партнерот.
Може да се речи дека во континуитет е таков, но кога се видовме два пати на кратко, првиот пат се задеваше со мене, се зафркаваше и помек беше, а вториот пат како поладен да беше.Имам пробано да успорам но тој повторно ми има пишано. И мислам како јас "да го водам разговорот"...Затоа намалувам а тој наоѓа некој изговор и ми пишува.
Хмм, на која возраст сте, ако не ви е тајна? А зошто мора се да се анализира и да се бара влакно во јајце ... зошто на пример едноставно не престанеш да размислуваш и ја оставиш 'врската' да се оформи само од себе, без да се обидуваш да ја моделираш. Знаеш, вие жениските имате некоја чудна тенденција, да претпоставите нешто, и после упорно да барате некое си прувче дека, аха, ете, реков јас, знаев јас ... дај опушти се малку, ете 'наоѓа изговор', веројатно е некое субмисивно или несигурно типче, мотивирај го малку ако ти значи и ако не ти пречи каков е, најди тема каде тој се чувствува силен и ја знае прилично добро и пушти го да си зборува да се ости на 'свој терен'
Знам...секогаш секоја ситуација ја анализирам и тоа ми е голем проблем. И секогаш сака да добива комплименти...
Не сум машко, ама јас не сакам многу слики објавување. Мислиш парови кои секој ден објаваат слики заедно се многу сакани и дека му е најубаво ? Не. Социјалните мрежи се повеќе нереалност, отколку среќа. Ете битно имате објавено слики заедно, зошто постојано да се објавува ? Спорд мислењето изгледа си тинејџерка и мислиш се е реално на социјални мрежи. Земи најди си некое друго хоби нешто занимавај се и не се оптеретувај со тоа.
Сакам да прашам нешто кое можеби е смешно, но дали е добро да го додадам во close friends на инста или пак можеби е многу брзо? се знаеме само еден месец.
Si skrolam po fb, i ponekogas mi doagja da si posetam nekoi stari ljubovi. I gledam bloknata sum, a edna godina dosega ne bev na insta ne sum.... Nitu mu pisam nitu go zamaram.. Sto spored vas e ova? Na ulica se pravam deka ne go gledam, samo ednas se sretnavme oci u oci i zdravo si rekovme.