Срцка мори тој се страми.. мајтапо настрана - така кога не можиме да се погодиме "тој треба таму да оди јас треба ваму да одам" тоа е најчесто затоа што јас нејкам да се видиме (или во краен случај стварно се страмам, немам уште храброст собрано..) Стварно незнам зошто стално на мсн/фб. можи да ти каже те сакам, срце си , муце си ова она.. а во oчи не. штета.(иначе зборам во глобала).. А девојче што не ојде ти да се поздравиш кога гледаш дека не реагира чоекот ?
Барбиче е во право... дечкото не дека не сака, него сигурно се срами... затоа што многу е полесно кога разговараш преку компјутер, скриен зад тоа мониторот... Мислам, и мене ми се има случувано слично... така преку интернет се оди, муабет, смеење, предлози, арно ама кога ќе ја видиш во живо и оп, тоа тремата одма напаѓа... и почнуваш да мислиш, па сега што да и кажам, па како да се однесувам, па не ми текнуваат теми за разговор... Можеби ќе биде подобро ако го охрабриш малку... дали додека разговарате на интернет... дали кога ќе го видиш во живо... едноставно има машки кои се опуштаат кога ќе видат дека девојката превзема малку иницијатива...
Незнам стварно,не е толку срамежлив И еве баш сеа ми пиша,праевме муабет за некој глупости и толку,прекинавме
Хмм,вака сеа.. Не сфаќам зашто упорно и упорно преку фб/мсн или пораки на моб. ми се пушта, ме вика да се видиме и ми вика дека "ме сака" кога коа ќе се видиме ништо не биднува? Порано требаше да се муваме, па се десија некој работи, па после тоа пак ми понуди па го одбив. И сега некако пак дојде на тоа. ама незнам што да праам, зашто се понаша топло ладно. Кога сме заедно се однесува како некое дете, јас сакам да ми каже во лице тоа што ми го кажува преку интернет~!!
Тоа за мувањето те прашал на ФБ или во живо ? Самото тоа што те прашал да се мувате ти кажува на кое ниво е така да не се чуди што на клупа те игнорира . Ќе си договорите КАФЕ на само и ќе го оставиш да ти покаже а не да ти каже што сака а освен ФБ и МСН постои и нешто што се вика ТЕЛЕФОН . Ако и тоа не помогне, не чекај на него туку пријди му фати го за врат со една рака да не може да бега и ти смувај го . Има неколку можни причини за такво однесување. Или те лаже и му служиш за пополнување време, или е срамежлив или намерно ти игра топло ладно за да си ја зајакне позицијата пред мувањето (врската или како и да ја наречете) . Но наместо да чекаш и се нервираш прејди од пасивна во активна позиција. Следен пат кога ќе ти симнува ѕвезди на нет речи му дека е ебач само на нет а во живо е тапа и ќе го мавнеш во его кај што најмногу боли . Втора варијанта исто кога ќе те побара после 2 мин ќе му речеш извини имам работа или чек на муабет сум, после ќе ти пишам ама нема да му пишеш . Или речи му почекај се враќам за 5 мин а ќе те снема, има да збесне ама ако не е ептен глуп и ептен дете ќе му текне и ќе ти ги сфати пораките . Ако и тоа не помага ќе ставиш игнор еден период. Во краен случај целата филозофија да дознаеш на што си и да го принудиш од теорија (што сега правите на нет) да прејде во пракса .
Па и не е ракетна наука, едноставно се срами, има трема во живо. Позади компјутерот има време да размисли за тема за муабет или одговор на прашање. Позади екранот не се чувствува како да е под лупа, никој не го мерка и физички и да му чита говор на тело...Можеби и не е толку зрел како што ти мислиш? Размислувај критички.
сум во недоумица, па ако мозе некој од машките членови на форумов да ми ја објасни, значи вака: зошто кога едно машко е вистински заљубено во некоја девојка не го интересира ништо друго освен љубовта како светов да престанал да фукционира за него, и кога ке се зарочара во љубовта сешто му пага на памет, па дури и самоубиство ппп скраја да е , зошто е тоа така благодарам однапред на одговорите
Јас сум видел и девојки кои се толку заљубени што забораваат на брат/сестра, фамилија, значи да не зборувам за потесно и пошироко друштво. Знам една типка што НЕ ИСКАЧАШЕ НИКАДЕ, ШТЕДЕШЕ ПАРИ САМО ЗА ВО СЛУЧАЈ НА НЕЈЗИНИОТ РОМЕНО ДА МУ ЗАТРЕБА ДА ПОЗАЈМИ ОД НЕА, а тоа доста често се случуваше. И од двата пола сум видел пијанчење до болница, сечење вени БУКВАЛНО и со скалпел режење името на љубениот/љубената. И на крај ги имаме посветените тетоважи. Значи во врска со твоето прашање конкретно за машки, НЕ ЗНАМ зошто машките така реагираат, но факт е дека и во двата пола има емотивно неинтелигентни и незрели луѓе со самопочит под нула. Све о свему, суштества без карактер. Тоа е моето мислење за нив.
Зависи од машкото колку ќе се заљуби и дали ќе загуби разум, не се сите такви . Инаку и машко и женско во присуство на личност од спротивен пол која му е привлечна донекаде губи контрола и не функционира нормално иако на прв поглед не се приметува. Секој сака потсвесно да биде привлечен за спротивниот пол па дури и кога немаш намера тој другиот да го бркаш. Затоа и се случува девојка која оди во мој правец и ја загледувам да се сопне баш пред мене и да се раскрши а пицната во штикла или пак мене да ми угаси 3 пати мотор на кола само затоа што некоја у минич на метро од мене (случајно или намерно) гледа во мој правец . Е сега замисли што се случува во мозок на машко што е заљубено до дно, ако не е искусен па да знае да се исконтролира нему му е мозокот пифтија и ако би му се скенирал мислам дека 99% ќе излегуваат слики и спомени и мисли поврзани со девојката, односно практично тој 24 часа на неа ќе мисли па и не му останува време ниту место да мисли за било што друго . Ако на таков нагло му раскинеш може да настане крш затоа што не е спремен организмот на таква нагла промена. И хормони се во прашање кои се лачат во многу поголема количина него нормално и треба време организмот да се врати во нормала. Тие што тоа не можат бргу да го направат и се полабилни можат и те како да заглават па дури и да им треба психолог (да не зборам за полошо). Најчесто првите неколку пати така се заглавува а после се учиш да си имаш контрола и никогаш да не се заљубуваш без задршка и секогаш барем 10% од мозокот да ти остане нормален за дејство што ќе ти биде и бекап ако се разделите . Се надевам доби малку увид во дел од мистериите на машкиот мозок .
ЈАС ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ СЕ СЛОЖУВАМ СО ОВА... Јас сум сигурна во тоа дека секоја девојка е способна да го измени дечкото. И никоја свесна нема да дозволи дечкои да оди со други две/три непознати. МОЖЕБИ е така како што велиш ама доколку дечкото не те цени ни 1%.. А доколку те сака и те цени нема шанса да посака некоја друга покрај себе... Еве година и 7 месеци сум со дечкото и ниту еднаш не сум забележала дека јас му сум малку, и дека му фали шетањето со различни девојки. НЈАЧЕСТО овој пример што го кажа ти, се случува кај недораснатите момчиња, оние кои имаат најмногу до 16 години....!!!!
Во темава по втор пат (ете, дури и си паметам). Значи и самата се нервирам при помислата дека фејсбук е вмешан во приказнава, ама морам да му бидам бескрајно благодарна. Накратко: Спојлер фраеров го шмекам од пред скоро година, но бидејќи имаше женска, не презедов ништо. Пред два месеци му пишав на чат на фејсбук (откако воспоставивме некој основен контакт очи во очи на негова иницијатива од типот Здраво? Како си?), разврзавме муабет и дечково ме викна на кафе. Но не само ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ, туку и број ми побара. Арно ама замина преку океанот за време на летово и ништо од кафето. Кога по извесен период се најдовме на фамозниот чат, рече дека криво му било што ништо не испаднало и дека кога ќе се врати, обавезно ќе излеземе... Одтогаш навака често комуницираме преку социјалната мрежа, некогаш јас пишувам, некогаш тој... Ама кратко објаснувањево Е сега, прашањево ми е: дали типов е сериозен или само си драпа муви таму, а јас си се надевам како утка? Знам дека никој не е пророк тука да ми каже што тој навистина мисли, но ете сакам да знам како тоа изгледа од машка гледна точка. Патем Спојлер не е недозреан тинејџер, има 25 години. Едит: Спојлер кога ми побара број и кога му дадов... број веднаш и тој ми го даде неговиот, да го запишам.
Хипица, а зашто уште сега мислиш на тоа?Уживај во муабетот ако ти е интересно, тој и така за месец, месец ипол ќе дојде, до тогаш многу работи може да се сменат, може и ти ќе најдеш некој друг па нема да ти е до кафе со него Значи, ич не се оптеретувај со тоа, остави да биде спонтано.Сепак, ако има 25 години и ако е зрел, не би требало муабетите да му се на празно, а и број од онака не ти побарал сигурно
Вака бевме скарени некое време,кога иницирав да се видиме и да разјаснеме тој ме откачи 2 пати со бизарни објаснувања,е сега ме вика да се видиме Што да правам Да одам ? -Зошто па секогаш кога тој сака ? ???
Јас мислам дека ако беше сериозен ќе излезевте наредниот ден откако ти го побарал бројот. А неможам да судам дека драпа муви хехе ама најдобро ќе видиш кога ќе дојде тој повторно во македонија. И ако и тогаш ништо од кафето можиш најслободно да заклучиш дека станува збор за губење време, е тогаш ќе можам да кажам дека залудно си го трошела времето на фамозниот чат
Извини, но тоа што некој вистински се заљубува во некого не значи дека е емотивно неинтелигентен и незрел... напротив... Точно дека нема разлика и дека и машките и девојките знаат да се заљубат и да ја изгубат главата и правилното расудување, но тоа нема врска со емотивна неинтелигентност и незрелост... И точно дека кога гледаш таква личност од страна делува зачудувачки и несфатливо... ама многу работи во животот делуваат зачудувачки и несфатливо и луѓето ги гледаат со потценување се додека и самите не се најдат во таква ситуација. А тоа никогаш не се знае... Инаку, заљубувањето кон одредена личност се должи на хемиските реакции кои се случуваат во мозокот на личноста додека е во присуство на личноста во која се заљубила. На ист начин како што делува било која друга дрога, тоа создава зависност и тогаш личноста едноставно е целосно сконцентрирана кон личноста која му овозможува повторно случување на истата хемиска реакција. А отсуството на таа хемиска реакција е исто како и кај сите зависници од дрога. Едноставно се изгледа подобро освен живеењето без нејзе. И затоа понекогаш доаѓа до самоповредувања или и самоубиство. А за разлика од дрогата на која секој човек може свесно да и каже не, хемиските реакции кои се случуваат при заљубеност се нешто што ниеден човек неможе да го контролира. Оние кои викаат дека никогаш не се нашле во таква ситуација или сеуште не ја сретнале личноста која ќе го предизвика тоа кај нив, или од некоја причина нивниот мозок не е способен да ја создаде таа хемиска реакција. И овде несакам воопшто да ги ставам во ист кош зависниците од дрога и заљубените, туку едноставно само сакав да направам паралела за полесно да се сфати таа заљубеност.
Воопшто не реков дека тие што се заљубени се емотивно неинтелигентни. За такви ги сметам оние кои размислуваат на самоубиство, со скалпел си го режат името на љубената/љубениот на своја кожа, прават тетоважи со посвета и неговото/нејзиното име, пијат до полусмрт...да бидам искрен, повеќето вакви случаи биле со машки, но и понежниот пол не е имун. Човек што ги прави овие работи Е емотивно неписмен, и не може некој да ми каже дека и горенаведените глупирања се дел од оние работи од кои човек не може да се воздржи кога има пеперутки во стомакот, или што и да се случува на хемиска база во мозокот. И јас сум бил лудачки зљубен, сум мислел на неа скоро 24/7, сум бил во ситуации кога одам на спиење вечерно време и едноставно знам кој и што ќе сонувам, ама не сум лепел тетоважи или размислувал да застанам пред кола во сообраќајот. п.с. дури и кога сме заљубени можеме да си контролираме чувствата. Не сме ние животни кои се водени исклучиво од природни нагони. Ние имаме и разум. Логичко размислување.
Не дека имам искуство али можеби мојот "совет" ке помогне 1. Па можеби треба да му дадеш шанса ,бидејки луге кој немаат интерес за некого сигурно нема цело време да пишуваат на фб додека се преку океанот (патем каде у Америка?...не мислам да те плашам ама тамо има многу чудни работи ,) -сепак ако добро сватив само чатувате? ништо сериозно? - можеш фино лепо да си уживаш летото па кога ке дојде он , тогаш ке продолжите 2. 25 год ништо не значат и ја ке имам 20 год сеа и братучед ми е 27 год па сеуште се радуваме ко мали дечиња 1. Тешко е да се соочиш со некој кој сака да се разјасни за нешто што сте се скарале, - треба прво теренот да се воспостави - треба да се припреми за сите твој прашања што како зошто ..зависи зашто сте се искарале - ако те изневерувал онда да ги избриши доказите па да биде спремен -или од друга страна (добра) сака да не зезне работа пак со тебе , бидејки те сака од срце и сака да биде спремен без грешки
Овој пат за себе барам совет. Стратегија имам, ама сепак барам и ваше мислење. Сега, дечково се нервира за се и сешто, за кое јас сум крива, бидејќи предобра бев кон него. Сега по втор пат откако се разделивме, јас изгубив доверба во него. И му реков да останеме пријатели. Сега, направил некои промени, изгледа дека е посмирен, си го средил животот, мислев дека тоа го направил за мене, ама сепак сакаше да останеме на пријатели. Вчера ме викна на кафе. Не отидов. И не зборував со него во врска со тоа. И сеуште играм на карта-игнор. А кога зборуваме, покажува знаци на љубомора. Ако побара да излеземе пак, да излезам, како да се однесувам? Јас мислам дека уште треба да го мачам, ама дали навистина се променил, или сака пак да ме надитри? П.С. јас мислев ако излеземе, да си земам другарка, ама да не му кажувам за тоа.
Сепак провери дали е стварно сменет,или ова е само некоја пролазна фаза.Не би сакала пак да те повреди,нели? Мислам дека не би требало да си земеш другарка. Така ќе му биде непријатно и нема да ти каже искрено што чувствува кон тебе.
Сега, двапати сте се разделиле и тоа само по себе треба да ти кажува нешто, треба да ти светне како аларм дека можеби, само можеби вас двајца не ви иде баш најдобро. Сега, ова со љубомората треба да ти активира уште еден аларм бидејќи не само што ја има, туку и ја покажува. Врв на се, ја покажува и сега, кога сте само френдови, а не па во врска (ти си го знаеш најдобро каков е во врска, израчунај си) Сега, ова со мачењето, игнорот и ковање мајсторски стратегии да му се појавиш со другарка на кафе нема да донесе ништо добро за никој. Најверојатно ќе треба да прави лице пред неа, нема да се отвори и нема да знаеш на што си. Сега, знаците ти се покажани, како што ти пишав погоре. Дај му црвен.