Ова би го очекувала искрено од некои што се во раните 20ти, а не луѓе над 28, ама изгледа дека годините и зрелоста не се поврзани.
Според мене ова не треба да ти смета ако е во нормални граници, зашто јас го сфаќам како и секое друго хоби. Некој сака да чита, некој да спортува, да оси на куглање и слично. Мојот поранешен дечко гејмаше па и мене ме зарази покрај него и тоа ни беше дополнителен начин на забава и на двајцата. Но се согласувам дека се што е претерано не е добро.
Не мислев до толку, туку дека она реално избрзува што им пишува одма да се гледаат...нека ги остави малку да се потрудат.
Пред некое време друшството беше проблем,сега игриве. Типов не може ни на раат да се ис*ре од тебе. Една вечер не пишал порака и пропаднал светот. Оф…вие двајца едноставно не сте еден за друг.
И мојов гејма ама не многу, саат-два максимум и тоа не секој ден, кога е послободен. Кога бил тинејџер со часови играл, сега на 20+ да го одвикнам да не игра скроз и да ми смета тешко реално, но и сам со тек на време гледам не игра толку, другарите почнаа да му се женат, деца да имаат и нема со кого да гејма више. И мене искрено ми е неразбирливо тоа гејмање, ни сум по тоа ама не се мешам, хоби му е. Сам си знае како да го троши слободното време, голем е. И на другарки дечковците гејмаат, не е нешто страшно во граници на нормала, чим толку им е ќејф, нека си гејмаат.
Не им пишувам одма да се видиме не знам како е дојдено до овој заклучок, кога ниту јас не би се видела туку така со некој одма. Нормално ми е ако секојдневно комуницираме, си се допаѓаме од сликите и ни оди муабетот, да се видиме после десетина дена. Али секако не сум форсирала на тоа, мада за мене е ненормално да куцам со некој по цел ден за да си бидеме само онлајн пријателчиња, поготово што сум ставала до знаење во што сум по потрага откако ќе ме прашале.
Ти само продолжи да ме читаш со толкава возбуда и ентузијазам срцко, на крај од приказната, ќе се види кој за кого е.. А ние секако сме еден за друг, никоја друга освен мене нема да го трпи таков вообразен, ладнокрвен, незаинтересиран а никој освен него нема да ме трпи толку дрска, нападна, досадна..
Да бевте еден за друг немаше да бараш совети. И немаше дечко ти да ти вика “не замарај”. Многу си наивна,ама пак сама си правиш, и Богами тој убаво ти прави.
Од една страна бараш совет/мислење од друга страна се лутиш што членката мисли дека до тебе е проблемот. Не те разбирам. Секој си има хоби, најверојатно и ти имаш некое. Стави се на негово место и види дали ќе ти е океј некој да те контролира и ограничува како да си го трошиш слободното време.
Јас играм игри. И ко ќе се занесам, осет немам за време. Саати можам да поминам пред компјутер. Не мора цел ден муабет да прајме.
Смени држава Jokes aside, имаш поента дека твојот отворен однос може да иницира ноншалантност кај машките и да си мислат дека те имаат заинтересирана без да вложат многу труд. Не преферирам mind games во комуникација, но можеби ќе ти вроди со плод ако оставиш почесто машкото да иницира муабет и да дозволиш малку време да помине пред да вратиш назад на пораките. Секако, ова е само за привремено, не за постојано ако стигнете до врска.
Видов еден дечко на роденден кај пријател и ми се допадна, пота приметив дека му честитал роденден на инстаграм и го најдов и сега сакам да му пишам само незнам да не е малку глупо? И незнам што би му пишала?