Момци, ве молам помагајте ако знаете како. Денес ме покани во кафич еден што ми е онака познаник, неможам да кажам дека ми беше пријател бидејќи не сум се дружела со него, само онака се знаеме од мали нозе. Незнам точно зошто ме покани, никогаш не ме поканил, плус никој друг не покани освен мене. Јас ја прифатив поканата колку да видам што сака, но претпоставувам дека ме покани за да ми признае чувства. Ако е тоа што претпоставувам, жалам, но јас несакам ништо со никој, непак со него. Е сега, сакам да добијам мислење од машка гледна точка, како да му дадам корпа без да биде повреден? Со кои зборови да му кажам дека не сакам ништо со никој, а камоли со него? Едноставно не е мој тип тој и не ми се допаѓа.
Со самото тоа што си прифатила да одите на кафе веќе си му дала надеж, требало од старт да пресечеш..
Надеж ли сум му дала??? Аман толку ли немам ум во оваа глава Јас прифатив поканата оти незнам точно зошто ме покани, откајзнам, може па за друго ме викна или можеби викнал и други во кафичот... Ај се надевам не е тоа од што се плашам едноставно јас несакам дечко, не ми треба ич, а тој воопшто не е мој тип. Ова ми беше добра лекција, сега никому нема да прифатам покана за ништо.
Wow , не си била на тој состанок/кафе/собиранка што и да смислат следно ? сметај се за привелигирана што не мора да ги слушаш тие глупости. За кафето е многу едноставно , вметни во разговорот на почеток или пред да идеш дека си почнала да се гледаш со некого или дечко веќе си фатила , би требало со тоа да се повлече и да имате едно кратко и awkward кафе и да не се видите со месеци потоа
Дали е нормално после 1 година врска дечкото да не кажува често те сакам или ми фалиш или да даде некој комплимент? Се друго е во ред, разговаравме на оваа тема, тврди дека ништо се нема променето едноставно е сигурен во нас и не нагласува толку често и самиот не знае од која причина не го прави тоа. До пред 3-4 месеци постојано го правеше тоа и беше многу поромантичен. Од денот кога му кажав се приметува дека се труди да ми каже некој убав збор ама многу неприродно и како да е на сила.
Pobitno e kako toj se ponasa so tebe otkolku sto zboruva. Mazite ne se bash artikulisani zivi sustestva hhhhhhhh
На големо планираме живот заедно, секој ден го поминуваме заедно, само ме чудеше тоа што претходно ми кажуваше доста често а сега многу ретко
Не се замарај, ако планирате да живеете заедно, се опуштил и не се труди да артикулиса хахахах маж што зборува мн и дели комплименти цело време има дечко обично
Сигурна сум дека ме сака ама болно е кога ќе видам какви пораки ми пишувал порано а сега веќе не и тоа ме прави несигурна.
Со право го поставуваш прашањево, бидејќи лично мене како машко ова би ми значело дека нешто ме мачи и потешко ми иде искажувањето на љубов. Но оставам простор и тоа дека секое машко е различно.
Не се замарај. Нормално е на почетокот да сме поромантични. Исто така ние машките не умееме баш да изразуваме љубов преку зборови. Гледај како се однесува со тебе. Тоа е доста побитно.
Леле муабетиве дека делата се побитни се стварно клише. Да, нормално дека се побитни ама ако речникот што го користиме меѓу нас секојдневно ни е како на колеги од работа, нормално е да се осетам неубаво. Затоа што, што знам, кога стварно ти значи некој, самото ти иде да му кажуваш одвреме навреме.
Кажиму дека со него е се во ред,но едноставно нее твој тип на дечко,и дека тоа е појако од тебе и ти на тоа неможеш да влиаеш.Дека со него под предпоставка е се во ред но нее твој тип,просто е.Во спротивно ако немаш храброст фати се со него направиму го кејфот и биди несреќна,второво ти е полесна варианта