Зошто машките, можеби не секои, адднуваат некои фејк женски профили како овој пример. Демек као прават ришеар на огласи и имаат само машки пријатели? https://www.facebook.com/profile.php?id=100078261114346 Јас му кажав дека ова ми смета и ми нема логика. Ми се налути зошто така да му речам. Оправдувањето: Gi imam nekoi na fb kolku za kontakt. Imam od plocki sto pravat do tavani. Е сега, коа ќе го споредам овој профил со еден друг исто фејк. Буквално се претставува како женско, во информации, сингл, Скопје. Не знам дали претерувам.... Друго. Ниту еден од неговите другари или другарки не ни ми чести роденден а сме биле по родендени и кај нив и кај нивните деца. Можеби е до мене. Не се сложувам со многу мислења, но сепак се дружам. Одам со нив. Само не зборувам многу.
Непретеруваш воопшто, верувај. Што има тој да следи други девојки коишто не ги ни познава, па дури и лажни, покрај тебе што те има. Речи му дека не пасиш трева. Нека намали малку со следење непознати женски на социјални мрежи, и ако им става лајкови, и со тоа нека намали. Ако избувне на тоа што ќе му речиш, клоцата и ај чао.
Сама си крива.Не треба да му кажуваш ништо,туку само да си одиш и ништо повеќе, Видел во тебе несигурност и затоа вака се однесува.Ако те сака,ова нема да го направи,верувај. Само да аддне лажен профил?Нема логика,може глуп е човекот.Не знае дека можеби стои некој геј позади тој профил?Мада,нема врска.Јас не би правел да сум во врска,да аднувам други профили.
@stjepan @IndieGirl не знам дали отворивте профил. Таму нема фотографии. Но има една профилна пред неколку дена и ја лајкнал.
Која е поентата на профилите? Викаш повеќе ги има. Не сум сретнала досега. Шо нема. И јас имам еден куп заеднички со овој.
@GirlLove ,мислам дека нема потреба од коментари.Се ти е кажано.Не си прави бајрам и не барај во него надеж.Не бива гледаш и упорна си.Само ќе си патиш вака повеќе. Прашање до тебе.Дали мислиш те сака ако адне некој женски профил и да лајкнува?Или нешто му фали на дечкото или намерно ти прави вака.Не гледам тука дека те сака.А ти упорно со него се опседнуваш.Имај малце самодоверба и достоинство,тргни се.Човеков нема никаква почит кон тебе.Саамо лошо за себе си правиш,непотребни стресови.
@GirlLove Не е битно шо има на профилот. Битно е колку несигурност ти ствара типов. Зашо не си идеш бе? Богат е? До што е проблемот не сфаќам.
Не знам која е поентата. И јас се прашувам. Ми нема логика да адднам или да прифатам, нит машко, нит женско со вакви профили. Јас не знам дали тој ги адднал или тие го адднале.
Очигледно е тврдоглава девојкава @GirlLove .Немам више коментари јас да дадам.Интересно е што те игнорира и си оди по свое.
Не знам можеби јас претерувам, ама јас никогаш не би била со некој што лајкнува слики на жени на социјални мрежи или додава нови. Се знае кој му е во круг на познанства и пријателства, се што е вишок од тоа не е туку така додадено или лајкнато.А ако е, и го замолиш да престане, и не го прифати тоа, тогаш дефинитивно имаш причина за грижи .
Дали откако че стапи некој со тебе во врска, тука му застанува неговиот живот и се врти само околу тебе? Колку и да си убава и те викаат божица на убавината, ама ова е страшно red flag!
Па за одредени работи да, му застанува, ај ако не нека оди и по улица и нека изјавува импресии јавно на сите која каква е.И не се работи толку за лајкот како лајк туку за почитта. Замолуваш некој да прави нешто што ти пречи и не го прави тоа.А ако те послуша, себе си никако не си штети. Што добро испушта он со тоа што нема да аддне некоја на фб или не и ја лајкне сликата?Или ај и нека коментира ако не на слики, дека нели не му завршува слободата за тоа, само дека има девојка...Не викам јас да нема контакт со женско или да нема за пријателка на фб ни една, ама си има граница, тие што ги познаваш...
A што мислите Околи соц мреживе кога сме овде Зашто некој би лажел дека нема одредена соц мрежа? знам таква особа, ми вика фејсбук било глупости, трошење време А знам дека има Ама се прави на три ипол
Проблемот е што ја немаш таа сигурност во врската со него. Ако е овој истиот за кој постојано прашуваш, зошто се мачиш, зошто живееш во сомнежи, љубомора, несигурност? Врската е за да ти биде убаво, не за да трпиш нешто што не ти е убаво. Толку многу да немаш мир и само прашања во глава, на себе си штетиш. Верувај, ако не се лажам си некаде 30+ години, па може си викаш подобро со него отколку сама, ама тоа се убави години и не е доцна за ништо, остави го тој што не ти одговара, ќе се појави друг.
Поканата може да е и за бизнис, не мора да значи дека е за покажување чувства и љубов. Но оди, види за што те бара и ако е за ова второто, пресечи го на лице место и тоа е тоа.