Постои, постои. Не е ни премногу работа, при скролање на постови да подзастанеш и ставиш лајк е максимум 5 секунди од твоето време.
За лајк на стори беше мојот муабет За слики и ја лајкнувам махинално.Ако ти лајкнам слика не мора да значи дека сум ја видела и ми се сфиѓа Махинално чап чап
Баш заради ова е девалвиран лајкот. Мада, лајкот ни не треба да биде вреден за евалуација туку пристапот во живо али јбг времињата се упропастени. Тон женски искочени чекаат некое интересно познанство... Тон машки се надеваат да запознаат интересно девојче... Резултат? Сите угнездени у своите ѕидини, си одат дома разочарани и осамени. Не знаеме да се дружиме.
Е ај брат дека ме корпосала некоја че филозофирам. Јбг си сака си можи и ти да ти се нуда неколку жени да речиме во сличен интервал, че мораш и ти да избериш некоја. Корпи корпи, ја викам и 100 корпи да добијаш, една да прифати, ти си на ќар.
Брату, штом сме на форум не е чудно да филозофираме. Штом пишуваш тука имаш желба да споделиш свое гледиште/мислење и да бидеш спремен на одговори. Еве твојот одговор за 100 корпи. Сум го водел тој муабет со многу машки и реееетко некој да е спремен на 100 корпи. Знам дека вреди сто првата, ама додека да стигнеш до неа белезите може да те одвратат од намерата. За жал. Јас сум поборник на уживање, дружење, позитивни работи.
Ако си поборник на уживање и дружење и позитивни работи, излегувај повеќе со пријатели, и ако приајтелите имаат пријателки (а сигурно имаат) па мајка му стара и на нејќење че запознајш некоја верувај ме. Некогаш успева, некогаш не. За жал и јас ко тебе сум сингл (паднат борец ).
Машки друштва имам и поише од што имам време за искачање. Веруваш - не веруваш, скоро сите се сингл, а познаваат многу мал број девојки. Како и зашто тоа е добро прашање и тема на муабет. А не се сите пропалици, идиоти и неснајдени. Знам, те имам читано.
Зборот ми беше повеќе дружење, пријатели поголем круг и така имаш уште поголема шанса за да запознаеш некоја трета личност, па и како пријателка да е, шо му фали?
Јасно. Како што кажав јас сум дружељубив. Имам и доста женски познанички али скоро сите се омажени и не ни искачаат дури ни на кафе. Да не биде дека сум скаран со другиот пол - и колешките ме почитуваат. Имам помогнато без никаков интерес на неколку жени, ниту гледам со потценување ниту правам разлика од машки колеги и женски. Првиот пост ми беше дека се намалени приликите за запознавање воопшто. Ете се редуцираа свадби, слави, родендени, настани кај што можеш да го прошириш кругот на познанства.
Извини ако секогаш успеваш проблемите и темите да ги решиш со 3 збора. Упорно ме цитираш иако не ти враќам.
Здравоо, ми треба помош. Искочив со едно дете, еднаш со друштво и еднаш сами (и во меѓувреме се допишуваме). Видов дека не сакам да имам ништо со него. Како е поубаво да му кажам дека не си одговараме? Преку порака или во живо да искочиме уште еднаш? (Криво ми е вака што испадна, а не сакам да го смени мислењето за мене)
Похрабро е да освен ако не ти се дрецкаат од земја и лигават. Избегнувај дружба, пораки, стани ладна сам ќе сфати ако не евентуално преку порака ќе си се искажеш.