Почнав да пишувам со еден на една апликација, дечково се ок фин, добар, културен, па ајде стигнавме до тоа да размениме број, му реков пиши ти број, вика не ај ти... Ок ај си викам, ми бараше некои други соц мрежи му реков немам од х причини, му пишав број и само измислува нешто да не ми пише, што тогаш ми бараше број не ми е јасно?
Дали на таа апликација имате слики? Дане имаш лажни слики или име... Може ти го најдил бројот на вибер или ватсапп ако користиш или на фб ако ти е оставен може да те најде...
Ми бараше број, јас му дадов ама не ми пиша, не ми е јасно што ми бара ако не планирал да ми пише, ги имам истите слики и на апп и на whatsapp
Искрено и мене не ми е јасно а ти пишува уште на апликацијата? Или и таму веќе не? Не знам што би можело да му смени откако си му го дала бројот коа не може ништо да добие од број освен на вибер или ватсапп да те најде ама како што кажа и сама истите слики ги имаш
Здраво друштво Сакам машките членови да ги прашам зошто некое машко редовно ги лајкува моите слики, сликите на stories и selfies а не пишува порака?Дали ова значи дека не сака контакт или кај сите така лајкува?? Да кажам дека и јас сум лајкала кај него и го додадов на Snap и ништо
Можеби во право си но чудно е оти еве бев на море и објавував мои слики на stories..ги лајкуваше сите..оти би лајкувал слики на кои сум јас ако не е заинтересиран?Ако е обична слика ќе разберам ама вака чудно е некако
Во право е @buba4e89 дека лајкот не значи ништо. И јас си лајкнувам постојано со еден а во живо иако секој ден се гледаме ни здраво не си кажуваме нити се погледнуваме
И да ти пише тоа не значи ништо, туку само пријателско допишување. Многу сте опседнати со социјални мрежи.
За некои лајк значи симпатии дека тоа нешто што го гледаш ти се допаѓа барем според мене и затоа лајкуваш. Јас сигурно безвезе со некој нема да лајкнувам ако нит го знам нит познавам а дури па ниту ми се допаѓа содржината или ликот. Нема поента барем за мене. Ама ете за некои нема поента ништо така да...
Исто јас никогаш ама баш никогаш не лајкнувам на некого што не го знам ептен лично. А + на социјални мрежи имам само личности што ги знам лично, па знам дека ако ми лајкнуваат е поради тоа што ме знаат. Ама јас не би лајкнувала на секого, посебно не на машко доколку не ми се допаѓа.
Мхм, сигурно и' пишал пошо сака да играат шах на клупа у парк. Да не се праиме наивни, знаеме која е целта на таквото допишување.
Може да е пријателско ако сте на факултет колеги или пак на работа, јас комуницирам со неколку машки секојдневно и со сите е само пријателски.