Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Вака... сакам да прашам еднаш и засекогаш да ми се разјасни :worried: значи имав дечко пред скоро една година, озбилна врска и ме сакаше премногу и јас него ...само тоа памтам дека беше чиста љубов ...и му немав дадено на дечко ми ..но од кога продолживме да се гледаме и се случи и тоа ... но повеке не е ист како што беше порано само околу тоа му се вртеше све.. и престана дури љубовта све :worried: но тоа заврши и се помирив. Е сега, ке дојде како фалење ова ама според повекето важам за поатрактивна во градот .. или попривлечна, а баш затоа не можам да си фатам ДЕЧКО за озбилна врска ... сите сакаат да започнат со т.н мување и само мување и без разлика дека имаат девојки и све тоа :worried: служам за занимација ..за секс .. ова можеби не изгледа како голем проблем но мене стварно ме мачи ... и немам 16 год туку 18 фала однапред позз :*
     
  2. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    лошо лошо како да ти ја удриле етикетата на тебе така ми изгледа :worried: немој да си толку лесна, удри неколку корпи немора со секој да излезеш што ке ти се понуди и батали мување најди си некој што ке те засака, што нема да го снема за еден ден ;)
     
  3. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    иначе не излегувам со секој што ке се понуди, ретко во последно да имам излезено со некој е мачам со еден можеби 3-4 месеци, работата е кога си правиме муабет од општо темите за секс можда ... и така си свајкаат не знам...навистина
     
  4. The.MutedSpeaker

    The.MutedSpeaker Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Можеби следново што ќе го прочитате ќе ви изгледа како шпанска серија, па ако немате нерви за тоа не мора да го читате.. можеби и воопшто нема да ме разберете,зошто ни самата не можам да се разберам, но ете, да си ја пробам среќата..

    Одевме година и неколку месеци.. 1-2, не можам да кажам точно зошто последните 3-4 месеци бевме он-офф поради многу глупави расправии и доза на досада и монотоност..
    *поради некои недостатоци кај мене и него(кои претпоставувам секогаш ги има во секоја врска во најразлични облици..),
    *поради мојата љубопитност за нешто ново (сметам дека врската ја донесовме до многу сериозен степен, а младоста е пред нас и не сакам како слеп за стап..прв дечко и ајде право,еден за друг сме и хепи енд.. толку од животот.. па после кога нема да ни биде времето ќе правиме работи кои не ни се изживеани) за да откако му разјаснив дека сум онака.. љубопитна, ми рече дека исто и тој е во таква ситуација..
    Е сега откако раскинавме.. тој сакаше повторно да бидеме заедно. не дека јас не го сакам сеуште но имам чувство дека на сила ќе ја туркаме врската и одбивав. Помина одреден период и останавме другари..ако може така да се каже, се слушавме, излегувавме со друштво.. и така една вечер решивме пак да бидеме заедно.. зошто навистина моментите кога ни беше интересно почнаа да се враќат, беше прекрасно и се се одвиваше како во филмовите :) меѓутоа тоа траеше 2-3 дена се додека не се случи нешто за кое најмногу се каам..
    Бев премногу исфрустрирана (ПМС, родители.. ) а требаше да се видеме зошто следниот ден заминував на одмор.. и така седевме, тој зборуваше јас само молчев зошто знаев дека ако отворам уста толку.. крај! ии тој инсистираше да му кажам што ми е.. а бев тооолку збунета, тоолку разочарана од самата себе..толку изнервирана од моите и испукав.. му изнакажав 38237 работи, се обиде да ме смири но толку бев аут оф контрол што само му велев оди си! не сакам да бидам со тебе! а тој остана.. се додека не ја доби насмевката на моето лице, макар и најмизерната.. пред да се испратиме му реков дека она што го реков за врската.. навистина го мислам. и осетив дека целосно го скршив.. а го сакав и сеуште го сакам. За време на одморот продолживме да се слушаме.. чувствував огромна вина и потреба од неговото разбирање и слушање.. и разговаравме по цели вечери и во секоја тема наоѓавме нешто што го завртуваше муабетот кон нас, кон нашата врска.. Кога се вратив излеговме повторно 2-3 пати и побарав да ми прости за сите неправди што му ги направив... му реков дека размислував постојано за нас и ако требало така да биде.. ако навистина не можеме еден без друг тогаш така нека биде, веќе нема да дозволам љубопитноста да стои на патот на нашата врска.. Само ми побара време, да ги среди чувствата и мислите..ма срце е.... и сега, повторно сме заедно, но убавите денови престанаа уште на самиот почеток.. сега пак се расправаме за ситници, пак помислуваме на раскинување.. премногу е зафатен со работа и малку се гледаме..

    Е сега прашањето ми е.. дали сум кучка??? ма не, знам дека сум.. се мразам!! го повредив премногу а тој ми прости се..Туку дали, според ова што ви го опишав, треба да направам се за да бидам со него? Дали треба да ја убијам помислата дека ете можеби постои некој друг со кој ќе бидам посреќна?

    (прв дечко ми е и јас сум му прва девојка и двајцата имаме 18 години..)

    Ви благодарам на потрошеното време, се надевам не ве збунив со многуте информации кои верувам како и секогаш ги нафрлив без голема поврзаност.. :)

    what can I do.. I kinda hate being female, its too complicated!! :devil:
     
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Не само што не е искусен, туку и самиот се чувствува дека нема баш најдобри шанси со девојките па со сите сили се обидува да ја задржи секоја со која има поблизок контакт. Како последица на тоа. се заљубува многу лесно во (скоро) секоја нова девојка со која малку подобро ќе се запознае. Нажалост, ти си една од тие девојки.
     
  6. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    За The.MutedSpeaker...
    Самата си си кажа каква си кучка.. :^) некам да ме сватиш погрешно дека сакам да те навредам или слично ..ама па не заслужил така да постапуваш кон него... :worried: искрено ептен ми падна жал за дечкото...и што е работата со љубопитноста не те сватив баш најдобро.. кон шо води таа??
    Искрено си се запрашала ли дали уште ти го сакаш...или си со него од жал..пошо он те сака и некеш да го повредиш..незнам твојава приказна ме замисли малце за дали ти него сеуште го сакаш(сигурно уште ти значи ама дали ја има таа љубов незнам чудна си)..ме запрепасти кажаново : " Дали треба да ја убијам помислата дека ете можеби постои некој друг со кој ќе бидам посреќна? " ...види сеа вака човек кога е заљубен во некого мислам дека не му ни доага помисла да бара друг..а камо ли па ова да постои некој друг со кого ке бидеш посрекна...нема потреба од вакви мисли..не само шо да ја убиеш оваа помисла и да ја закопаш и никад више да не ја откопаш ако мислиш и ако стварно сакаш да бидеш со него...а караниците и недоразбирањата ги има во секоја врска..можда во твојов случај повеке но претпоставувам дека тоа е ради тебе..обиди се смени се малце ако го сакаш веројатно некеш да го повредуваш и да го нервираш..ако го сакаш направи се ЗА ДА СЕ СМЕНИШ и за да бидеш со него ! :) :)
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70

    Мислам дека изгледот нема врска со твојата неможност да си фатиш дечко за озбилна врска... повеќе би рекол дека е тоа заради твојот однос кон машките... едноставно треба да ги одбиваш оние кои што не сакаат нешто сериозно и треба да се обидеш да ги запознаеш подобро пред да се решиш на било каков чекор... едноставно немора се одма да се случи... а машките и се такви, кога ќе видат поатрактивна девојка и ако уште и наслушнат дека можеби е малку лесна што би се рекло, одма се заинтересирани за тоа.. затоа ако сакаш да најдеш некој за озбилно пробај да ги оставиш да се трудат повеќе време... па макар и било со месеци...
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. La.n.a

    La.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Друго мислење некое? :wasntme: Стварно ми е битно. :?:
     
  9. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70

    Ако девојката му значела воопшто нешто, тогаш тој нема да дозволи да има нешто помеѓу нејзе и другарот... или, ако дозволи да ја дели девојката со другарот тогаш таа воопшто не му значела, туку едноставно било само за занимација...
     
    На La.n.a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Секој си е слободен да прави што сака во вакви игри. Ако цурата не е заинтересирана, тогаш типот ќе го свати тоа порано или подоцна. Би било малку чудно така двајцата другари, ама ако веќе моето со неа поминало и другарот сака да си проба, нека си проба. Точно дека тоа би донело потенцијално непријатни ситуации и разговори во иднина, ама тој што е спремен на такво нешто, нека си фура.
     
    На La.n.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Има неколку варијанти и секое машко различно ќе реагира.

    Ако сеуште си заинтересиран за девојката нема шанси да ги зближиш со најдобриот другар.

    Дали ќе му кажеш или не зависи од карактерот. Некои ќе кажат одма и ќе му речат таа е моја не ја чепкај додека друг ќе си молчи за да добие тактичка предност и од другарот да дознава се а во позадина ќе си брка своја прилика. Постои и варијанта да видиш дека е тој многу позагреан од тебе па искрено да му речеш терај, од мене нема проблем, иако машките најчесто не се одушевени бившата да иде со нивен другар (иако не покажуваат).

    Дури и ако не ти е веќе девојката битна ретко кој ќе ја зближува со другар освен ако од некоја причина девојката толку те замара што бараш секоја прилика да ја симнеш од врат па така да му ја наместиш на другар ти ама тоа скоро никогаш ме се случува.
     
    На La.n.a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски


    Може некој да ми даде совет, да му кажам или не ? :sweat:
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ако веќе не можеш да договориш кафе или средба па спонтано да ви испадне кажи му, во најлош случај ќе добиеш корпа :). Само и ако ти даде корпа не значи ќе биде искрена зашто може од тактички причини или лутина да ти ја даде.

    Чим си го ставила на игнор (многу гнасно од твоја страна) дечкото е бесен и или веќе му заминале чувствата или решил веќе со тебе да нема ништо. Дури и сеуште да те сака ќе биде страшно претпазлив и резервиран да покаже било што затоа што од каде ќе знае дека нема утре исто да му направиш?

    Мене вака да ми направи некоја ќе бидам доста ладен отпочеток да видам колку е сериозна па ако го убедиш дека стварно ти се свиѓа а тој сеуште не е оладен за тебе имаш шанси по извесен период да ти се отвори и да си го фатиш.

    Само биди упорна ако си сериозна а ако ти е само за зезање не го мачи дечкото, не заслужува.
     
    На EleMental и DirtyQueen им се допаѓа ова.
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Како и да изреагира , нема што да изгубиш бидејќи со него ништо немаш моментално. Има некоја непријатност во целата ситуација штом со месеци си го игнорирала за некој друг, но ако на дечкото му се свиѓаш и е разумен, нема да мисли на минатото, туку ќе те разбере како ти било.

    п.с. Да бидам искрен, оваа последната реченица ми е целосно академска. Во вистинскиот свет машкото его функционира поинаку, а сите ние знаеме колку е (непотребно) суров женскиот игнор и општо, женското однесување кога сте заљубени. Да не се изненадиш ако на површина излезат и такви чувства. Но, како што кажав, пробај си, нема што да изгубиш.
     
    На XMaN, DirtyQueen и crazylady им се допаѓа ова.
  15. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.898
    Епа вака со дечкото бевме во врска скоро 3 и пол години но со прекин, прво одевме 1 и пол без прекин и одтогаш постојано ни се случува истото ќе се смириме ќе се скараме и тако даље... Но има еден проблем дечково не е од тука што значи тука е неколку месеци па пак си оди на неколку месеци па пак се враќа и ние не можеме да го издржиме тоа :( ... Го сакам премногу и неможам да си го замислам животот без него но сега ми раскина и незнам што да правам... А да напоменам првиот пат кога се скаравме се скаравме по моја вина му кажав дека го сакам но дека не сакам да сум повеќе со него бидејќи неможам да издржам на таа далечина... Плачеше ме молеше и не попуштав некое време т.е неколку месеци ( а искрено бев збунета и незнаев што сакам кога бев со него ми беше најубаво но неможев да поднесам да не сум со него кога ќе посакам) .. За тоа време јас си идев со други.. Но тогаш сватив дека стварно него го сакам и со другите не мие убаво. Се смиривме но отогаш не беше ист почна да се понаша спрема мене мн чудно не како претходно ако не беше како што сакаше он одма се лутеше. И секогаш пред да си оди бараше причини да се скараме правеше дојдиси и ќе ме бара пак ке ме моли се ќе беше океј првите неколку дена но потоа пак се враќаше по старо и неколку дена пред да си оди ми раскинуваше. Истото се деси и оваа година цело лето бевме заедно и сега ми раскина за некои неразбирливи причини.. Се утепав од плачење ми вика дека ме сака но само сме се повредувале така двајцата подобро да не сме биле заедно и слични глупости... Сега западната сум во депресија никогаш не ми било потешко го сакам неможам без него а незнам како да го вратам некои ми викаат ќе ти се врати пак кога ќе дојде назад, но незнам зашто иам чуство како да беше крај за секогаш.. Кога ми рече дека не сака повеќе да е со мене го прашав зашто го прави тоа секогаш истото и ми рече епа тогаш нема кога ќе се вратам да бидиме пак заедно.. Премногу ми е тешко неможам да си го замислам животов без него :( ;( :(
     
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243

    Не го видов прашањето во твојот текст но еве ќе импровизирам.

    Како прво, сигурно ти е јасно дека ако постои безусловна љубов, тогаш најблиску до тоа е родителската. Вие можеби сте се сакале, но после милион раскинвања тој почнал да се лади. Врските на далечина знаат да носат фрустрации, но според тоа што ти го опиша, дечкото е во фаза кога само бара изговори за конфликти и нови раскинувања. Тоа е, без исклучок, лоша основа за врска. Штом и географски и емотивно сте оддалечени, најдобро ќе биде да си фатите секој својот пат. Неколку години се инвестирани во врската и тоа секогаш ќе ве боли, но вака не личите на ништо.
     
  17. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.898
    Но немие јасно зашто секогаш кога ќе си дојде мене ме бара не се откажува додека не сме повторно заедно :(. Секогаш пробувам да ставам крај еднаш за секогаш но не ми иде секогаш на крај попуштам.. Пример некни беше пијан и почна да плачи и да ми кажува како многу ме сака и не може без мене и ми вика што ќе правам сега кога ке си одам без тебе :(. Не сакам да се откажам од него премногу го сакам :(
     
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Очигледно вака и двајцата се гњавите и имате се повеќе тешки моменти отколку убави. А нели гледаш колку е неговото однесување променливо? Прво не се откажува од тебе, ќорав пијан ти плаче на телефон (Oh my God), а после бара изговори да раскинете. И тоа не е еднаш или двапати. Тоа е неговото однесување во последно време, како што опиша ти. Ако за тебе тоа е прифатлив карактер во кој си спремна да инвестираш време и нерви, тогаш слободно. Не реков дека е лесно да се раскинете. Само велам дека ќе биде подобро, гледано долгорочно. Вака само душата си ја вадите. Тоа е само моето мислење, финалната одлука друг треба да ја донесе.

    Држам среќа ајт
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тажна ви е состојбата и направена од глупост и неискуство.

    Дечкото многу те сакал но кога си му раскинала прв пат му дошло шок на психата и не можел да сфати како може да го сакаш а да му раскинеш. За него далечината била ситна пречка а за тебе голема. Нему му требало време да сфати дека ќе мора да живее без тебе и гарант му било многу тешко но во еден момент се помирил. Но кога ќе се помириш со тоа за некој што многу си го сакал еден дел од тебе се крши. Ти со тоа што си почнала да одиш со други си му покажала дека на тебе веќе не може да смета и еден дел од срцето што го чувал за тебе му отишол на парчиња и тој дел веќе го нема.

    Сега те сака со остатокот ама и тој осеќа дека таа величествена љубов што ја чувствувал за тебе веќе ја нема а не сака повторно да се залета кога веќе не може да ти верува дека утре нема пак истото да се повтори и затоа ти раскинува пред пат. Освен тоа постои и веројатност потсвесно да ти враќа за маките што ги имал кога си му раскинала.

    Со други зборови и тој пати, сака да биде како порано но не може да се врати.

    Можеби би имале шанса да се повратат старите чувста ама треба подолго време да бидете заедно што сега не е можно.

    Треба двајцата да разговарате отворено за се што станало и да признаете што чувствувате и заедно да барате решение инаку не ве чека убав крај.

    Пс. Ми се случила слична ситуација и затоа знам како е.
     
    На vendiii, sesilija и EleMental им се допаѓа ова.
  20. The.MutedSpeaker

    The.MutedSpeaker Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Премногу ти благодарам за искреноста! Навистина ми значи!! Бидејќи не можам да се обратам до никој друг.. другарките не сакаат да слушат повеќе за мене и него.. дури и тие ме охрабруваа на некои чекори кои подоцна излегоа дека се грешка, но не ги обвинувам, сама сум си крива.

    Како и да е.. за љубопитноста, хм.. па сите кои еве како нас имале прва (и единствена) сериозна врска без никакво друго искуство и кои останале до крај заедно (под крај подразбирам венчавки, деца.. ) ми велат дека на некој начин се каат што не знаат за ништо друго освен за нивниот партнер.. се чувствувале сиромашни во поглед на искуството во љубовниот живот. И сето тоа ги помати сите мои мисли и чувства. Почнав да симпатизирам други и чувствував вина, мноогу вина!!

    Дали го сакам? Да. Но дали го сакам доволно? Кога само би можела јасно да расчистам со тоа... Да, помислував и дека можеби потсвесно сакам да сум со него бидејќи ми е многу мака.. Но ајде, како да сфатам што всушност се случува?? Верував дека можеме да бидеме блиски другари зошто не сакав да го изгубам (целосно), но ништо од тоа.. секогаш имаше некое жарче што повторно се разгоруваше.. На моменти способна сум да оставам се и да го живеам животот само со него, ништо друго не ми е потребно, но следуваат и моменти кога несигурноста ме напаѓа и не знам дали е тој човекот со кој сакам да го поминам животот.. збунета сум ненормално многу ;( ;(

    Инаку кога веќе спомна за промените.. кога се запознавме бев една откачена, несекојдневна, отворена, комуникативна личност и како што минуваше времето неговата мистериозност почна да ме затвара и мене. Се променив многу! Престанав да правам многу работи, го променив начинот на комуникација, престанав да одам на вообичаените места и почесто останувавме дома.. Тоа понекогаш ми пречеше, но не беше тој воопшто крив, никогаш не побара од мене да се сменам.. дури и кога се смиривме последниот пат, му реков дека ако треба ќе се сменам само да бидеме заедно, но тој одби. Бидејќи во тој случај требало и тој да се смени. Не да се правдам сега, но недоразбирањата беа поради обострани маани. Најмногу поради моето ситничарство и неговата љубомора.

    Не знам друго што да напишам.. започнав 3789123 реченици и сите ми изгледаат празни и глупави и нејасни и..не дека горенапишаното е нешто паметно или јасно или... ахх!! не се поднесувам!

    Ти благодарам!