Прашај си го што мисли со тоа алтернативни , не знам како он можел да пише нормална и алтернативна во иста реченица . Да не пробувал да се покаже како начитан дечко па почнал да користи зборови што не ги разбира најдобро.
Ви благодарам... Искрено да ви кажам, мислев да не испаднам нешто мутава ако го прашам ама и мене ме збуни, само му спомнав, како таква, вика само нормална да е ништо друго, ќе го прашам пак од окулу вака кога ќе збориме
Може некој да ми пише Лп, Еден дечко ми ком. Срце на слика Имаше женска , раскинале чим пише…. Ако ми пише пак да го прашам ли Оти нејќам само што раскинал одма ајде со мене да ми пише .. ???? Оти знам имаа слики сега ги нема!!! Ај совет Го знам дечкото лично Ми се свига
Обично се однесува на метал музика, рап, излегување во парк, концерти, електрожурки т.н. андерграунд.
Се запознав со еден дечко на социјалните мрежи, разменивме неколку реченици тој иницираше разговор додека јас бев порезервирана и на последната порака му вратив после НЕКОЛКУ ДЕНА причината беше тоа што се плашев да не се приврзам затоа што убаво се однесуваше а сме различна вероисповед( немам против само што кај нас тие работи се комплицирани). Му вратив на пораката и бев оставена на seen и мислам дека сеуште ќе бев ако по грешка не ми го отвореше сторито.... после неколку дена се видовме во живо тој со другари јас со другарка бев. Зборуваа нешто и кога ме виде замолчи одма и ме ИЗМЕРИ цела од глава до пети со поглед ќе ме изедеше и потоа ми пиша да ми каже дека ме видел му вратив и бев повторно на seen оставена НЕ РАЗБИРАМ ШТО СЕ СЛУЧУВА
Очигледно сакаш внимание од него. Што е ок. Сите жени сакаат. Размисли и расчисти со себе дали сакаш со него. Што се однесува на него најверојатно му се допаѓаш. Е сега дали и тој има резерви дали е мрзлив дали не е толку заинтересиран поради нешто (верата на пример толку знам само) или има и некои други не се знае...
Не се замараш со тоа, оти не флертуваш со машки. Исто е и за едните и за другите. Сите сакаат внимание.
Мрзлив? Можно е ? Иначе можеби му делувам јас незаинтересирано па затоа мисли дека залудно би се трудел а јас само се однесувам со резрва. Да напоменам и дека не е фан на социјални мрежи се уклучува 3 пати во денот грубо кажано
И тој се однесува со резерва. Ти не му враќаш неколку дена, исто и тој. Од кај да знае тој дека си заинтересирана, ама се однесуваш со резерва. И тој потполно може да рече мрзлива си зошто неколку дена не му враќаш. Мој совет е ако сте заинтересирани пишувајте без тактики и финти. Нема да ја смени својата вероисповест ако не му вратиш неколку дена. Ако не сакаш ништо сериозно тогаш секој на своја страна.
Да, се согласувам, не знам, ќе размислам затоа што сепак кај нас не сме сеуште толку општествено издигнати за да се прифатат такви работи
Тешко дека сите околу тебе ќе прифатат твои одлуки, но прашањето е дали ти ќе го живееш твојот живот за тебе или за општеството да те прифати. Ова општо го зборувам за сѐ, не се однесува само на врски со различни религии, затоа што и нив отсекогаш ги имало и ќе ги има.
Класика, лектира во животот. Сака провод, забава, секс. Кога ќе му дојде време за женидба пак ќе си ожени некоја од својата вероисповед. Генерално така завршувале и така завршуваат 99% од таквите „врски“. Нема тука интерес за ништо долгорочно, само провод и брз секс. Ти си знаеш, твој избор. На крајот од денот ти ќе живееш со убавините или последиците од твоите одлуки. Посебно ако станува збор за тинејџерски години.
3 пати дневно не е малку. Има мажи кој не се замараат. А може и ти ако сакаш пиши му повеќе пати ако толку си заинтересирана. Ако не ти одговара...следно дете. Има поента без игри @Mantub Инаку кога разговарам со некоја која ми се свиѓа и сакам нешто со неа на месинџер принцип ми е од мене секогаш или речиси секогаш да е последната порака. Пишувам после и уште 2-3 пати ако не ми иницира и ако не тоа нема...ај со здравје, толку.