Карактер е побитна и клучна работа. Но и тело е фактор. Идеално би било и двете но може и со дебела но треба со друго да компензира.
Ова што го зборуваш има само една заедничка точка со постот на членката а тоа е физичкиот изглед, се друго си утнал. Членката објасна дека многу чисто ја навредил, што секако, е карактеристика на јак сељак. Ако не е твој тип едноставно и кажуваш дека не сакаш да се гледате и тоа е тоа. Не ја тупиш дека е дебела со набивање комплекси. Тоа што некој не спаѓа под твоите стандарди за романтична врска не значи дека заслужува помала почит од останатите. Каде е културата и почитта тука?
Тоа е друга тема. Не требал така да и каже и типот е сељак. Едноставно нека не излезе со неа пак ако не му се свиѓа што се здебелила. Дефинитивно некултурно и не во ред. А вкусови се субјективна работа.
Искрено, останав онака зачудена и реков па да и корона ете дома се седеше и се здебеливме повеќето, ајде отидовме да седнеме пак ми вика како бе на сликите толку слаба и сега не си нешто многу дебела ама како може вие девојките да си дозволите да сте дебели па и 1кг плус реков, извини морам да одам ќе се видиме наредна прилика кога ќе ослабам, оставив пари, станав и да ме нема уште ме гледаше чудно ама си отидов само.
Ти кога ќе се ожениш ако не си женет или си кој знае, не важно и ваквите како тебе, да знаете дека жена кога ќе остане бремена се здебелува колку и да е слаба, очигледно и од таквите ви се гади и повраќа, срамота! Дошло да се збори за вишок кг, човек и 500 кг да е да се активира физички за еден месец ќе се направи шланг а вие со вакви размислувања ни еден месец нема да ви е доста да сфатите прави вредности од животот, бидејќи до сега не сте ги сфатиле
Ако не те боли да ја гледаш со друг, дружи се. Можеби ќе и бидеш советник и рамо за плачење, а на новиот другар да му кажеш што ја пали, а што не?
Човек кој нема што да понуди е заинтересиран за физичкиот изглед и тоа му е репер у животот. Искомплексирана личност што сака да се покаже и докаже во општеството дека нешто вреди со што ќе има ,,јако или згодно,, девојче за рака. Верувај ми кога бараш партнер лично за себе пред се сакаш да го запознаеш каков каркатер е кои особини и квалитети ги има. А кога ти е битно мислењето на комшијата бираш по изглед.
Многу е сељачки како ти го кажал ова. Нема ништо лошо во тоа што му е битен изгледот, на сите ни е, на пример не се сложувам со мислењето над мене бидејќи нема ништо погрешно да те привлекува одреден тип на тело и тоа не се бира. Ама да ти рече како си смеела да се здебелиш?? Како да треба на него да му се правдаш и да му се извиниш што си се здебелила.Искрено добро е што веднаш си заминала, ваков сељак единствено што заслужува е и ти да го засрамиш.
Као, се согласувам дека секој ќе си бира такви какви што сака, ама за 5кг се работи... cmon. Една бројка повеќе во облека. Нема шанси да е преголема разлика тоа и секој човек толку ќе се здебели во текот на животот, особено после средно во дваесеттите години. Ќе бара ли он женска цело време иста тежина да му биде? Проблемот е секако во мајндсетот на дечкото и тоа е тоа. Нереалистични очекувања за телото на една девојка.
Малку ке сум вулгарен ама ме изнервира.. одјеби го и ич на малото прсте да не ти е...си го покажал правото лице ич да не ти е гајле... Како бе вакви ги трпите не ми е јасно, па ако излезам со девојка првпат и не ми се свиѓа во живо треба да ја направам од магаре подолу? Идиот општа култура нема. Иначе топ си не си стварај комплекс за изгледот па 5 кила бе многу му биле... Го замислувам идиотот како иде со вага секој нареден дејт... Ич да не му се замараш блокни го сегде контакт со таков не ти треба
И што кажа. Ако се здебелила ќе ослабе. Што е тука проблем. Бременост е едно дебелина е друго. Само кажав што ми е попривлечно и тоа е. Не дека мора.
Се запознав со еден и муабетот многу добро ни оди и после 2 недели допишување одлучивме да се видиме. Се видовме и навистина добро си поминавме, разговорот супер, имаше неколку бакнежи ме испрати до дома и тоа беше тоа. После тоа продолживме да пишуваме и во два-три наврати се договараме да излезиме и секогаш неуспешно. Првите два пати како имал многу работа. Третиот пат веќе направен беше планот и прашав само да се осигурам дали навистина ќе се видиме, дали стои планот? На тоа ми рече “ајде утре преку ден ќе се договориме пак” и цел ден до 9 вечер не ми пиша, не ме побара буквално ништо и вечерта обичен муабет само како и секогаш направивме без да спомниме ништо за тоа затоа што не сакав да бидам напорна. Што значи ова? Сака да игра топло-ладно? А навистина се осеќа некоја страст помеѓу нас, знам дека е доста зафатен професионално и јас сум исто така, но сметам дека ако сакаш со некој да се видиш нема толку многу да пролонгираш. Како се решава оваа ситуација? Настрана од ова типот многу ми се допаѓа.
Оваа ситуација се решава со блок. Од старт ако не те почитува и се поставува како ти да треба да го чекаш и да го молиш, мислиш дека ќе те почитува за поголеми работи? Тој што сака да се види ќе направи време, тој што не сака ќе бара изговори. И најзафатена да сум и првиот слободен термин да ми е за 2 месеци, ќе закажам средба за 2 месеци и точна ќе сум до минута на закажаното. Човек што те остава цел ден да чекаш, ај ќе се договориме, ај ќе видиме, не е заинтересиран.
Јас имав слична ситуација, се беше ок и демек нешто сериозно требаше да биде, дечково цел ден го снема, ниту јас му пишав ниту тој, се виде сериозноста, остави зборови, гледај на дело што ќе ти покаже човек, дечково е незрел, абе и да не ми се свиѓа некој ќе му кажам, извини не сум заинтересиран/а и ајд што ги завлекувате луѓево не ми е јасно само покажал колку е незрел, ќе си најдеш подобар.
Многу се изнасмеав изгледа не знаеш да процениш карактер, дечкото е дефинитивно тежок сељак, мене вакво нешто не ми е случено, иако имав проблеми со тежината ама на моја другарка и се случи само неа и рече што си толку запуштена оди вежбај Откачи го, мафни го, и не дружи се со сељаци! Кога ќе му остане жена му трудна валда ќе ја понижува дека е дебела едноставно немаат доволно домашно воспитување и зошто ти е таков Типичен балканец што наместо да земе огледало зема двоглед
Не ти се свиѓаат моите сексуални преференци? Слаб сум и си вежбам и трчам. Сакам фит девојки. Некои сакаат мажи, некои жени, некои црни, некои плави, некои млади, некои стари, некои дебели, некои слаби...Вкусови се тоа. Секој на различно се пали. Биди пооупенмајндед. Ти не знам на што се палиш. На карактер? И тоа е ок и многу битно.
Во ред е да имаш сексуални или било какви преференци. Твој живот, твои правила. Ама не е во ред да деградираш некој, никој не ти ставил пиштол на глава и да те тера со сила, така да ако немаш нешто паметно да кажеш подобро е да си молчиш. Сите се соочуваат со секакви различни срања секојдневно е сега некои се појаки психички, некои не и можеби баш тој "open mind" ќе го сјебе другиот/другата уште толку. Така во таква ситуација истерај си го дејтот до крај, биди џенталмен и после ако сакаш биди другар, дечко итн. ако не, биди маж и кажи дека не ти се допаѓа директно не троши ничије време и терај магарето. Be kind, f*s!
И јас го мислам истиото за типот. Само очигледно некој има нешто против моите преференци. Јас немам против нејзините таа има против моите. А дечково неморал да просерава нека не се појави пак и тоа е тоа.