Бев на дејт..... Исти години имаме. 31. Падна на муабет за важноста на работите во животот. На шала му поставив прашање: Што ти е поважно во животот? Жената или колата? Одговорот беше : Не знам. Многу тешко прашање. Но, немој уште еднаш ова да му го поставуваш на некое друго машко и на некои женски карактери ( жени што сакале коли и тие женскиве, радо некого би исклоцале некого ако му речи некој нешто за колата) Останав со подзината уста. Си реков.. Кој ме тераше со ваков да излезам... Дали ми беше ова неумесно прашање?
А кој прашува вакви глупи прашања? Толку немаше муабет за зборење, па ова го праша? Личи како тоа едно meme, do you like bread кога го прашува зошто немаат веќе муабет. На памет не ми текнало дечко ми додека сме биле во врска вакво нешто да го прашам.
Не му давај до знаење веднаш дека ти се допаѓа. Од каде знаеш каков е, можеби е некој женкар и манипулатор. Види прво каков е по карактер и дали воопшто вреди да ти се допаѓа. Вака може ако е некој женкар да гледа да те легне само бидејќи веќе знае дека ти се допаѓа.
Истото прашање го поставив на работа со колегите али како на шала. И стварно имаше доста шо се замислиа. Имаше и такви шо би ја оставиле жената за колата Не е ништо страшно прашањето,баш е ударно прашање кое тера да го збуни чоек
Ако сте двајцата сингл еве ви спојка за дејт. Слични прашања прашувате, може ќе си одговарате. Мене најискрено тоа не би ми текнало да го прашам.
Ti mnogu silna, se gleda deckoto deka e glup i deka odma treba korpa da mu dade. Jas imam takvi drugari povekje ja gleda kolata, nego li zenskata. Sovet moj begajte od takvi deckovci, ne ve cenat kako so treba.
Под тоа дека ми се допаднал или ми е симпатичен се подразбира дека е само на изглед, она првиот чекор. После кога ќе продолжиме да правиме муабет ќе видам каков е отприлика во однесување и разговори и дали е сељак. Ако е, секако дека џабе лепотата. Пошто и да не го речам тоа, а почнам да му правам муабет од нигде никаде а не се знаеме..нели е исто, нели е очигледно дека ми се допаѓа по слики/на изглед и затоа пишувам иначе што би... Само што тогаш не би пишала со збор. Али не знам.. Уште некој мислење да сподели на темава?
Епа затоа сме сингл Имаше и такви одговори "да не бев женет да би бирал би одбрал кола" Ама то немора да значи дека е вистина.