Mechanophilia (or mechaphilia) - is a paraphilia involving a sexual attraction to machines such as bicycles, motor vehicles, helicopters, ships, and aeroplanes. Еве дијагнозата...
Можно е, но тешко. Обично баш затоа имаат само кежуал секс, пошто уште од старт не рачунаат на нешто сериозно со таа девојка.
Не верувам дека некој кој и да било после секс со одредена особа не се поврзува емотивно или како и да било со некого. Луѓе сме, не роботи.
Да, но зошто тогаш излегуваме со негово друштво, бевме на одмор, објави слики со мене... За да му правам друштво само?
Порано не беше вака, поладен беше, сега сменет е многу. Можеби не признава зошто му треба време или дека бил повреден во минатата врска... Не ми е страв да го прашам без разлика на исходот само не сакам очајно да делува. Вас да ве праша некој што би помислиле во ситуацијава?
Многу се нервирам коа читам/слушам за вакви ситуации. Одморот као одмор океј, поминување време заедно исто супер, јавни објави уше поубаво топ, али на крајот од денот пак доаѓаш дома, легнуваш да спиеш и таман ќе затвориш очи над глава ти висат 10 прашалници. Зашо? Одговор на сите овие твои прашања може да ти даде само он. И доста веќе се гази на јајца околу мажи кои се истрауматизирани од претходно. И јас сум истрауматизирана, и ти си најверојатно, и Бранка е, Станка исто, па дали некој пази до тооолку на нашите чувства, не разбирам? Нема нешо шо поише мразам од конфузија у глава и несигурност. На твое место одамна ќе го седнев и ќе го соочев со ситуацијата. ‘Слушај Миле, ја развив чувства, ако си способен да сакаш пак и да прекинеш да глумиш пичкопаченик супер, следи ме, ќе видиме до кај ќе истера, ако не си, уше посупер, се оставаме на раат и тоа е тоа’. Услуга ќе ти напраи.
Да си прашаш. Шо сака нека си мисли тој, мене ми треба да ја знам вистината. Не можам да функционирам со неразрешени односи. Било какви неразрешени односи.
Секогаш има исклучок. И секогаш ќе се најде некој што ќе рече: "Еее така и Петра и Стојан се гледаа за кежуал секс, па еве ги сега во брак со 3 деца и 2 кучиња." И океј е тоа, постојат и такви случаеви, ама никој не ги кажува оние другите што не завршиле така, а ги има многу многу повеќе. Што мисли тој, само тој си знае, не можеме ние да сме му во мислите. Се што можеме е да нагаѓаме. Ама обично маж кога сака да е со некоја, кажува дека сака, директно, не чека, и не се влечи кежуал со месеци/години. Посебно не некој на 35 години кој би требало да мисли веќе на брак. Обично, чим е нешто комплицирано и не знаеш на што си, ќе има негативен исход. Пошто да не беше така, немаше да е комплицирано уште на почеток.
Сега еве преку пораки нешто збориме и му пишав "цело време сме заедно во последно време, кон што води ова, не знам како да сфатам, уште од фрижидер не си почнал да ми излегуваш", ми врати "како сакаш ти да биде и како го сфаќаш, така е". И што да сфатам јас сега од ова.
Епа очигледно не сака да се дефинирате на што сте, не го форсирај, види во иднина како ќе се понаша. Сега за сега продолжи да се однесуваш како и досега, евентуално ќе дојде и тој момент кога ќе правите муабет за врската.