Затоа што емоционално ќе се поврзе, што е и нормално кога поминуваш долго време со некого, плус те запознава со другари, одиш со него на одмор... И еден ден ако тој направи нешто со друга, она треба да е рамнодушна, затоа што тој никогаш не кажал на што се? Кажи си дека во последно време чувствуваш како се зближувате и дали планира да продолжи да се гледа со други. Да си имаш и ти план б ако ти се укаже шанса.
Ах не, џабе направив драма, океј е. Ми се јави, мислел дека се шалам нешто зошто сум му рекла "уште од фрижидер не ми излегуваш". Во право сум била, сакал тој уште на одморот тој муабет да го направиме, но зошто на инстаграм ми стигнале пораки од еден што бевме порано, мислел дека јас сум ладна и немам никакви емоции кон него, дека уште со други си излегувам. Сакал да си дадеме шанса уште од порано, во живо да збориме подетално ама убаво сум сфатила се, сакал да сме пар, но држел дистанца зошто мислел дека јас не сакам. Прв пат бил со некоја во комбинација friends with benefits и мислел ќе му се смеам зошто не се држел до договорот првичен без чувства и само лабаво, не бил за такви работи, си сакал врски и сериозно. Двајцата не сме се разбрале, луѓе комуницирајте меѓу вас искрено, да немате вакви проблеми. За малце ќе го отерав у пм, заради недоразбирање. А, тој молчел за емоциите исто заради недоразбирања. Добро е. Фала што ме охрабривте да гурнам работа. Да видиме сега како ќе биде. По едно пиво частам.
Добро, дали одите, вие машките, кај женет другар со дете(, зборувам за 7-8 години дете) на гости, ноќеска во 22 часот? Јас на овој му одговорив дека срамота е и дека мене да ме покани другарка, мажена, во 22 ч ноќеска, јас не би одела. Ми рече дека премногу сум размислувала и дека бил тоа детски муабет
Па вајда дека би и сметало на жена му и на детето во 22 часот некој да им дојде на гости Бидејќи е време за спиење
Ако ми е некој близок и сум си лабава пред него, не би пречело ич да дојди. ... додуша, во нашиот свет, чим си ни дошол дома, близок си ни.
Извини, и претходното прашање ти беше глупаво, исто и ова, со респект Мажена сум, со две деца и не треба да ми дојде другарка покасно? Не битно дали она ќе е мажена или не. Исто и на маж ми другари, кога сакаат може да дојдат, у друга соба ќе си успијам деца. Не барај проблем сегде..
Само да се надоврзам, има уште еден неженет другар и еднаш кога не беше тој присутен во друштвото рече жена му : Тој, досаден колку е, еднаш ние со Давид исполегнати во 10, тој на врата еве го да гледале со мојов, фудбал. Секој си има став, колку и да ми е близок, реално, 22ч а нареден дњн некој е на работа, не ми е баш најубо време за одење, па и сестра да ми е. Најчесто време, како за граница, ми е 9 и пол, 10 саат.
Секој различно го сфаќа тоа. Мене па мерак ми е да ни доаѓаат и да си се дружиме, секако за најблиски другари зборувам.
@GirlLove ама едно е ненајавено одење касно што е непристојно према било кој, сеедно женет или неженет, друго е твоево што потенцираш дека не би отишла поканета касно кај мажена другарка.
Ненајавено зарем уште се оди негде? Кај мене нема тоа, барем претходно ќе си пишеме, немора цел ден унапред да ми се најавува.