За банална не би раскинал никогаш. Таа само може на мене е ако е тоа така значи е глупа и ситничарка што е одбивно така да може не е добра за мене.
Вака, се гледаме со колега вејќе може да се рече 2 скоро 3 месеци, за лабаво значи без обврски. 90% од времето он пишуваше на чат и општо за безвезе муабет и за гледање, јас ретко скоро ич. Во последно време некако послабо зборевме, он беше презафатен ама некако најдовме ден и излеговме се беше океј си отидовме и од тогаш воопшто немаме прозборено. Дали е работава толку и во ваква ситуација нели и да не се гледаме више треба да се направи муабет дека сепак не сме непознати, колеги сме ќе се гледаме по факс по излегувања или не знам дали он чека да види дали јас некогаш би пишала или нешто. Не можам да ја оставам ситуацијата вака недовршена. Што мислите вие за целава работа и дали да превземам нешто јас ?
Па нема да ти падне круната ако му пишеш, знаеш? Може дечкото очекувал да му пишеш после искачањето. Не може само едната страна да вложува
А зошто ти никогаш не си му пишала досега?? Многу глупаво изгледа, цело време некој да ви пишува, а вие ни еднаш да немате пишано.
Не само што ти можеш некогаш да пишеш, туку и тоа што сте без обврски значи дека не мора да ти пишува редовно. Како јас би знаела дека ти прија тој безвезе муабет ако никогаш ти самата не ми пишуваш?
На форумов пиши, не нему. Оти ние поќе од него знајме, шо му е во глата Нормално дека ќе му пишеш, ако имаш прашање.
Му здодеало очигледно само тој да пишува. Реално неможеш да очекуваш само едната страна постојано да се труди и вложува, треба и ти да покажеш малку иницијатива . Нема да ти падне круната од главата ако ти прва пишеш. Се изморил дечкото веројатно..
Дечко: *ви пишува/понудува да излезете Вие: *не враќате/ја одбивате понудата/не покажувате интерес Дечкото: * престанува да пишува/не ве вика на дејт пак Вие: *surprised Picachu face. Сериозно, why?
После колку време би ја прашале девојката да бидете во врска и дали е нормална следнава ситуација: Се гледаме повеќе од пола година, но сме од различни места и гледањето оди поретко, но сме во постојан контакт по цел ден. Кога сме заедно апсолутно се однесуваме како пар со држење за раце, бакнување и слично и излегуваме на јавни места но не отворил муабет за нас и за тоа до каде сме во врската. Дали доколку веќе се однесувате како да сте заедно со девојката подразбирате дека сте во врска и нема да ја прашате или уште треба да чекам да ја отвори темата?
Па после 6 месеци логично е да се дефинира односот. Директно прашај го, нема тука ништо срамота, веќе месеци сте поминале заедно...
Изгледа ќе морам да соберам храброст, доволно чекав. Фала ви на двете. Океј ли е да прашам каде води ова нашево? Некако воопшто немам храброст и немам поим како да го направам тоа.
Се плашиш од одговорот, затоа. Ама поарно е да знаеш сега, отколку после неколку години влечкање и неизвесност.
Во право си. 'Баналната работа' е обично капката која ја прелила чашата, а чашата претходно се полнела ехе-хеее