Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Едно прашање до момците на форумов...

    Кога мажите се пијани (не да биде мртов пијан али да има испиено 3 -4 чаши) го кажувате тоа што навистина го мислите и сакате или пак напротив кажувате лаги и глупости што ќе ви паднат на памет???? :?:
     
  2. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    И мене ме интересира истото а и + сакам да ми кажите на што точно мислите кога викате “бремето ќе си покаже“ или “здравје се во свое време“...
     
    На ines79 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    @ Salvnjaann - секој си има различно пијанство. Некои се тепаат, некои пејат, а таквите како мене на пример многу зборуваат. Тогаш можам да си кажам се шо ми лежи :D. Мислам дека во пијана состојба потешко се измислуваат лаги, ваљда бидејќи за тоа е потребна посилна мозочна активност, да се упали креативниот дел од мозокот, а тој самиот е под напад на алкохол :D . Сепак би го поделил ова на два дела. Прво, ако ти признава некакви чувства без да биде нападен, веројатно тоа му лежело некое време и во тој момент ги вади на виделина. Второ, ако е физички нападен, тогаш најверојатно се напил премногу "течна храброст" и не може да се контролира, и самиот не е свесен како се глупира т.е. си бара едновечерна.

    @ РоденаСоГрешка - прашањето не ти е јасно
     
    На SaIvnjaann и XMaN им се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Едиственото , ЕДИСТВЕНОТО

    што прави мажот кога е пијан

    http://www.youtube.com/watch?v=QoNkfOHBzQk
     
    На Hipica, marama, SaIvnjaann и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    Па вака на пример си со некоја девојка ама не во официјална врска и разговарте на тема што уствари правите затоа што не и е јасно не одите а и не се мувата нешто измеѓу испаѓа тоа.И сега она те прашува што планираш да се мувате некое време па шо ќе даде госпот или да се фаните.И она добива одговор здравје ќе видиме не ми се мисле сега за тоа.Дали од незаинтерсираност спрема девојката е кажано тоа или незнам како.Тоа ме интересира :)
     
  6. ines79

    ines79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Јас мислам не е заинтересиран за девојката,затоа што тука нема мислење туку чуства :hai:
     
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    НННееееее, каква тоа незаинтересираност? Па тој Е заинтересиран но само за физички контакт, без обврска, а очигледно не ја сваќа доволно сериозно за врска. Со ова само (те) држи на растојание. Од него нема да добиеш нешто повеќе од ова. "Здравје, не ми се мисли сега за тоа"? Сигналот е јасен
     
    На ines79 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Мене ми личи дека иде со неа додека му е ќеиф (без преголеми емоции) или додека си најде нешто подобро па вака си зема алиби да не мора да и раскине ако му текне да прекине со неа.
     
  9. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Јас стварно не ги сфаќам машкиве. Што им е толку финтата што не сакаат "обврски" т.е. врска. Па кога веќе чувствуваш нешто кон некоја и таа кон тебе, зошто да не започнеш врска??? Што е толку привлечно во тоа мување или сме заедно ама не сме во врска? Значи како што се вика "сакаат да се ебат а да не им влага." Значи сакаат да бидат со тебе, ама не во врска. И ок ај да е така, ако тие одат со други и се лигават, за нив оправдано е, па не сте му женска. Али ако женското прави така, еј каде ти па ти си со мене, тоа го сфаќаат како изневерување. Што се замислуваат???
    Ама ние девојките сме криви. Кога сакаме некого, стануваме слепи до бескрај. САмо да бидеме со него, прифаќаме секакви правила и глупости. Ако сакаш да бидеш со мене како што доликува, ок, ако не, чао пријатно. Не знаете што пропуштате.
    Врската не значи обврска, тоа е најубавиот спој на двајца кои се сакаат.
    Тие што се само за провод, никогаш нема да ја уживаат убавината на врската и сите нејзини предности.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Малку погрешно ги формулираш работите :). Кога машко ќе ти рече не сака обврска со тебе значи не си му материјал за врска, му се свиѓаш онака ама ништо посебно и не е заљубен во тебе.

    Значи нема мистика никаква, само си чека подобра прилика :).
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    фала друштво само не ми е јасно како издржа 2 год така и на крајот јас му раскинав сеа тоа ме копка и он пак ме бара.
     
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Што не ти е јасно? Машките и женските не се направени од ист материјал, условно кажано. Вие сте понежни и по емотивни, додека ние сме по визуелно ориентирани и склони кон физички контакти. Во претходно опишаниот случај, од авион може да се види дека дечкото НЕ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН за девојката. Тој, како што кажа XMan, најверојатно си фура нешто во моментот, додека не наиде на подобра прилика, и сака да нештата си останат едноставни во меѓувреме. Девојката на која и се случува ова е збунета од нешто толку очигледно бидејќи најверојатно е заљубена. Еве ви драги феминки како целата ваша интуиција, моќ на проценка и набљудување и вишите критериуми со кои мнозинството жени се гордеат ПАЃААТ ВО ВОДА, или еве подобро звучи "...is being flushed down the toilet."

    И аман веќе со тие филозофски испади ... дека врската е најубавиот спој на двајца кои се сакаат, зарем не гледате дека во денешно време врски се почнуваат и од досада, од немање веќе со кој, од одмазда, од секакви глупости. И дури и кога ќе се започнат, најчесто и двете страни се свесни дека не треба да се има големи очекувања бидејќи врските се третирани како тоалет хартија во денешно време. Почнала завршила, идемо даље!!

    Такви романтики ниеден тип со грам машкост нема да ги издржи долгорочно. Ќе му го прснеш мозокот, нема да си свесна што си направила и на крај пак ќе не обвинувате нас. Вие си имате ваши сваќања за врските, машките си имаат свој. Не се обидувајте да претворите дечко во нешто што природата не му дозволува да биде. Зарем вие се заљубувате во нас затоа што сме нежни, емотивни и полни со разбирање? Да беше така, сите тие bad boys што ве муваат со еден поглед ќе ја "убиваа" Десанка Шакич дома пред компјутерот. Па ајде молим вас...
     
    На mysterious и marama им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Мојот бивши моментално е во странство ми вика дека имал да ми каже некој муабет дека тој е навистина човек од збор кога ќе се врати... јас не верувам дека ќе ме побара ниту па дека сака да се смириме ( тоа никако) ШТО МУ ЗНАЧИ ТОА? Или онака само ми дава лажна надеж ајде пишете машки мислења :) :) :) :)
     
  14. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    .

    ОК го сфаќам тоа, но зошто тогаш искрено не кажат на што се базира нивното "дружење." Мислам дека секоја девојка кога подолго време се гледа со одреден дечко, нормално очекува тоа да прерасне во врска. Ако дечкото тоа не го сака, јасно нека си и каже на девојката дека нема таква иднина за нив, едноставно да не и губи време на девојката која се надева на нешто друго.

    Ова не е фер одговор од машка страна. Искреноста е најдобра, понекогаш колку и да боли.
    Мене лично, да ми каже некој дека само сака да се мува со мене, нема ама ич да му се наљутам, затоа што е искрен и не ми дава лажна надеж за врска. Но ако се гледа извесно време со мене, за врска ми вика има време, здравје, и на крај ми рече извини, ама имам друга која ја сакам, е тогаш баш се заебал. Ако сакаш да бидеш со некого и го толерираш, тоа не значи некој да си игра со тебе и да те злоупотребува. Не прави го на другите она што не сакаш тебе да ти го прават!!!!


    Елементал, многу бурно реагираш на мојот коментар, а не гледам зошто. Едно е јасно, дечково си игра со увствата на девојкава без око да му трепне. Но тоа не важи за сите машки, исто како и што има и девојки кои си играат со чувствата на искрените момчиња.
    Едно ќе ти кажам, не си бил во ситуација како на девојката, па затоа многу си даваш право да коментираш на ваков начин. Па ајде за момент стави се на нејзино место. Или еве, да имаш сестра и некој недозреан што не знае што сака, па на ваков начин 2 год да си игра со сестра ти??? Како би ти било???
    Јас сум за тоа кога веќе девојчето побарало објаснување за нивната иднина, тој требало да биде искрен и да и каже кои се неговите намери. А не утре тој да си најде идеална за него, а неја да ја остави ни ваму ни таму, а и губел 2 год. Фер е тоа??? Те молам, не размислувај како машко со тоа ваше его, туку како човек, па нели сите сме луѓе со душа и чувства??? Болката кога си изневерен и оставен подеднакво боли, иако машките не го покажуваат тоа толку очигледно како девојките.
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Многу бараш :).

    Некои машки па и женски сакаат да мафтаат односно да си тераат ќеиф и зборот фер за нив не постои :) . Не е тоа нешто за осудување туку си гледаат за себе и своите интереси. Ако и кажат на девојката дека нема никогаш да биде врска, нема да има секс а има шанси и да се откаже а тоа нему не му одговара. Вака си има стално девојка на лагер без обврски, со други зборови идеална комбинација додека не налета нешто подобро. И тоа многу го прават и машки и женски и не е нешто за лутење.

    Тие што се ептен фер ќе ти кажат да не се надеваш ама такви се малку :).
     
    На zhap4e и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  16. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    OK, завршувам веќе со препукување околу ова, нема смисла да аргументираме понатака. Јас сум фер играч и сум секогаш за фер игра, особено кога се работи за нечии чувства. Ама очигледно не се сите такви, па морам со тоа да се помирам. Но за сите такви, се се враќа, се се плаќа, се што правиш на другите, како бумеранг тебе ќе ти се врати.
    Позз и баш вие машките кои дискутиравте на темава добро ме испровоциравте, и еден совет од мене за вас, немојте ни малку да бидете како овој недозреан од темава. :*
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Woow, не знам како до сега не научивте дека не постои човек, кој игра фер, кој искрено и директно би ви рекол „јас сакам само секс со тебе и не планирам никогаш да имам врска“. Всушност, човекот воопшто не ја ни маткал девојката. Многу добро си кажал што има. Нема во тоа што тој го кажал, апсолутно ништо што вреди да се тумачи. Во тие две години во кои биле заедно верувам дека милиони пати стигнале до истиот муабет и милиони пати го добила истиот одговор.
    Тој што треба да внимава во такви ситуации да не биде некој повреден е личноста која не сака да биде повредена. Не може таа да очекува дека некој друг ќе се грижи за нејзиното добро, посебно не личност која не сака да биде во врска со неа, личност која не сака нити емотивно да се приврзе кон неа. Мувањето се во ред. Ама си има затоа одредени граници до кога се тера. Не се тера две години мување и да очекуваш, кога-тогаш ќе прерасне тоа во врска. Самиот факт дека ништо не се променило од тогаш до сега, кажува дека девојката требала да си се грижи за себе да биде претпазлива со тој дечко. Самото тоа кажува дека требала одамна да замине и да го заборави.
     
    На XMaN, MSkorpionka и EleMental им се допаѓа ова.
  18. srckastata

    srckastata Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0


    само да ви казам на маско најмалце се верува во секој смисол гледа како да те искористи да те легне има мозеби кој се двојат но ретки се........а за девојцево сто писало дека несака врска потоцно да се обрзува тој знаци не е заинтересирам мн за тебе ова сто ти го писале во право е бидејки јас имав цист пример знаци маско ако заинтересирано за тебе под секоја цена ке сака да биде со тебе а не да несака да се обврзува знаци тој сака да узива во зивотот
     
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    @ woow - Можеби јас имам преголеми очекувања од некој што е моја генерација, ама размислувањето ти е наивно (ете затоа реагирав бурно) а ти си целосно субјективна во случајов, бидејќи цурата ти е другарка/сестра.

    Повеќе од јасно е дека типот си игра со нејзините чувства. И ТОЧНО, јас никогаш не сум бил во нејзината ситуација, и никогаш нема да бидам. Зошто? Затоа што јас не дозволувам да ме клецаат во здрав мозок! Ова се случува 2 години и дотичната сеуште не може да се свести? Што е потребно да и се активира алармот? Колку и е ниска самопочитта, за да трпи вакво влечење за нос 2 години?

    И те молам не го пишувајј зборчето ФЕР, екранот ќе ми се скрши од бранот лицемерие што стигна од твојот пост. Ние зборуваме за врски, а ти зборуваш за ФЕР? Кога ќе сватиш дека љубовта е маскирано бојно поле, мојот пост нема да ти се чини толку иритирачки и неправеден.

    п.с. јас не сум карактер што ќе дозволи некој мој близок да го влечкаат и повредуваат, особено не толку време. Веднаш интервенирам.
     
    На zhap4e и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  20. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Драг ЕЛЕМЕНТАЛ, не се вели за џабе дека љубовта е слепа. Девојката очигледно е толку заљубена што не може да види дека е влечена за нос. Јас лично не ја познавам (имам мажена сестра со две деца) :D , и на некој начин ја кривам што дозволила толку долг период да биде мафтана. Но не сум во нејзина кожа, па се што ќе кажам и напишам е мое мислење.

    Понатаму, ако ти љубовта ја доживуваш како бојно поле, немој на другите да им ја искривуваш сликата која ја имаат за љубовта и за врската. Ако ти си спремен да си играш со туѓи чувства, тоа е твое. А јас не сум наивна ако очекувам од луѓето да бидат искрени кон мене. Не сакам лицемерни луѓе и луѓе кои менуваат триста маски во животот. Иксрено и јас можеби имав преголеми очекувања од некој кој е моја генерација да сфати која ми е поентата на сите мои коментари, но очигледно бев поинаку сфатена.