Ова треба да ти биде уште поголем поттик да продолжиш понатаму и да си ја бараш љубовта на друго место. Гледај на минатото само како еден дел од твојот живот кој требало да се случи, и да остане таму. Време е за нови почетоци за тебе, уживај во животот до фул, и не се враќај на минатото, ниту си згрешила нешто, ниту си крива. Од твоја страна нема ништо. Нема потреба од овертинкинг. Останатото остави го на времето.
Ама зошто така размислуваш, тоа само треба да ти лекција дека си била со некоја лоша личност. Не губиш ти, губи тој на некој начин.... Поработи на тоа да си помалку самокритична во ваква ситуација, важи?
Не треба да размислуваш на тој начин, многу погрешно. Човечки е да се згреши, не си можела да знаеш, си му верувала на тој човек, треба да продолжиш напред. Не треба да се обвинуваш за тоа што се случило.
Многу сум самокритична инаку.Научив да живеам со тоа ,си сркам тоа што сум дробела.Не сум виновна ниту лоша тоа ми е единствената утеха во животот
Благодарам но да изгубиш невиност со таква личност и да си била во љубовна врска е малку потешка психичка работа.Животот е тоа можеби кон сите таков неправеден и суров
А на изглед тој е убав и оној кој подлабоко не го познава не би знаел дека е психопат.Последно засакав дечко кој ми нудеше авантура за една ноќ,наивна сум до бескрај знам.Последно на фб гледав што прави бившиот,има тетоважи по рацете и се ужаснав оти не сакам тетоважи
Ама во животот се случуваат многу сурови и неправедни работи кои не се под наша контрола. Мораш да најдеш начин да го надминеш тоа што се случило во минатото, тогаш си сметала дека тоа е правилна одлука, се менувам, созреваме, растеме, учиме, благодарение на тешките моменти во животот. Ако не ни се случиле како ќе знаеме во животот што е правилно.
Еве да речеме која е потребата сеа да се фокусираме на него.... три пати ми кажа дека е психопат е лош. Пробај да се фокусираш на себе и истакнеш своите квалитети, или со други зборови заборави на него воопшто. Шо сака нека има. Оти вака ко шо тераш ако си фати женска тој ти че оболиш скроз.
Имаш старомодни сфаќања и моралот ти е на прво место во животот нели? Во денешно време најлоша комбинација е тоа за жал зошто ти ќе си повредена. Денес нема морал и чесност, чувствата никој не ги цени. Инаку баш ти е гајле, денес кој стигне се "курва"(аман така е зборот не рипајте одма сега), со милион мажи и жени спијат сите, ти за 1 ќе се замараш и обвинуваш. Не мораш на никого да кажеш за минатото, не треба да го гледаш ни ко товар. Со една личност ако си била ништо страшно, голема работа. И ја сакав со првиот да останам и баш ми е убаво и мило кога читам за тие што си останале, но штом бил идиот ич да не ти е гајле. Мене втор ми е дечко ми и немам никаков проблем од минатото. Мислиш чесен маж ќе најдеш денес? Глава горе и не се нервирај заради невиноста што си ја изгубила со некој што си го сакала. Минатото е минато терај си.
Која ли би била со него ?Да имам чувствувано и љубомора кога сум читала на неговиот фб коментари за други женски брат ми треба оваква женска овој оно.А за тој последно што имав чувства ми се изнасмеа кога спомнав љубов
Па тоа е за бракот,јас тоа не го измислив сексот е наменет за таму и за со една личност.Нека е и старомодно но таа е вистината.Пробав да продолжам понатаму но не успеав досега а мора напред нема друго
@hermosa imam sakano psihopat Pls pisi mi utre ke zborime Epten mi se spie sega i prstive mi se slow motion a dosta ima. Samo pisi mi za da ne zaboravam I ne se zamaraj za nekoe retardirano stvorenje Oni samite ke si nastetat
Во денешно време не е веќе така. Не мора со колку стигнеш да спиеш, но со еден партнер со кој си заедно и се сакате зошто да не? А и веќе не си невина, нема зошто да се устручуваш. Најди си некој што те сака и уживај си и сексуално и секако со него. Подобро поразговарај со психолог, не дозволувај ова да те кочи во животот.
Ви благодарам луѓе ,тоа е тоа судбината сакала така а и сама си бев прифатила со него и тоа е веќе назад нема .Направивте да се осетам поубаво сама не би можела иако сум свесна која сум што сум
Ма што ти е гајле, гледај на тоа како искуство плус во животот, си видела како е да сакаш, да си во врска, како е секс да имаш, гледај така на тоа, а не како на грешка. Дај не си давај комплекс на нижа вредност. Ти викам мажи жени со по 20+ спијат и пак се ценат, ти за глупости се деморализираш. Обавезно психолог да си закажеш и да си почнеш да се цениш и уживаш во животот. За некој мочко ќе се нервираш толку.
За жал поради ваквите уверувања голем број жени се несреќни, девојки заглавуваат во токсични врски, токсични и насилни бракови.