Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Никој не се препукува само разменуваме мислења па може некој и нешто ќе научи од поскусни :).

    Девојката што ја збориш направила голема грешка што лудо се заљубила во типот и само затоа дозволила да биде мафтана за нос 2 години. Јас неа не ја осудувам таа е за жалење и треба да и се помогне.

    Жално е само што не се нашол другар или другарка да ја седне и да и рече што правиш, ПРЕКИНИ, само си го губиш времето и затоа постои едно златно правило кое го употребувам, никогаш не се заљубувам пред да стапам во врска и секогаш си чувам мала резерва за ако врската кога тогаш пукне.

    Ама тоа се работи што се стекнуваат со искуство и не ги криви мажите има и жени што се исти па ќе те чуваат на лагер се додека им дозволиш :).

    Ќе ти кажам дека не сум упознал девојка од 20+ која не пробала да ме мафта и да си ја опроба силата и ако би и дозволил автоматски би прешол во лагерот за тепање време :).

    Како рече Елементал љубовта е често бојно поле на суптилни енергии и тивка доминација и нема ништо лошо во тоа ако знаеш како да се поставиш за другиот да те гледа со почит :).
     
    На glosipgirl и EleMental им се допаѓа ова.
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сите ние си имаме наши сваќања, а мојот начин на размислувања подразбира дека ДА, МОЖЕМЕ ДА СЕ ЗАЉУБИМЕ И ДА САКАМЕ, но не може да се остане целосно имун на подмолностите и валканите игри на кои луѓето се спремни. Затоа треба да се биде разумен и паметен во врската, не само емотивец што целосно ќе се препушти на партнерот. Мислам дека најголемата разлика меѓу нас двајца е што јас имам многу ниско мислење и очекувања од луѓето (општо земено, има исклучоци) и не верувам толку во добродушноста и совесноста на човечката природа

    Доста го спамував форумов со мои коментари за еден ден.
     
  3. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Не се сите девојки исти...секогаш има исклучоци

    Можеби сум смешна, но јас верувам во совесни луѓе. Некој го цени и она малку што му го даваш...наспроти тие кои ако им дадеш прст си земаат право цела рака да ја земат.

    И за крај, љуби, љуби, но глава не губи. Да не дозволиме (и машки и женски) ако некого сакаме да дозволиме да не користи. Да размислиме со ладна глава за се, зошто според сево ова има мнооооогу кои не се грижат за туѓите чувства.
     
    На XMaN и EleMental им се допаѓа ова.
  4. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    и јас мислев дека дечко ми е нешто посебно ама погрешив (и тоа многу)
    затоа неможеш со сигурност да знаеш утре што ке се случи човек се менува затоа треба да уживаме во моментите што ни ги дава животот а многу да не мислиме на иднината бидејки не знеме што не чека
     
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Девојка која има јасни принципи и вредности поставено пред себе си и која знае што сака во животот т,е каков партнер и каква врска би сакала не би си дозволила да биде заслепена од убавина и не би паднала на таа фора ама јас преферирам врска без обврски таканаречено мување :!: (кога ќе ми текне мене ,кога ќе имам потреба од секс или кога веќе никој од друштвото не се слободни ќе се видиме )тоа мување мене ми беше својствено на мои 15год тогаш сум била неискусна и незрела ,залепена од неговиот шарм и убавина , плус дечкото беше во тие години 21 кога сакаше да биде фраер денес тоа мување кај мене не е присутно ни на една вечер никако затоа што сакам да имам нормална врска :!: не секогаш се машките виновни затоа што се зависи до тоа како ќе се постави девојката ,може да едноставно да излезе на кафенце да направи муабет да види што има тој да понуди ,да бидеме реални затоа дали тој сака само секс или мување е јасно уште на првиот состанок и ако некој се сложи со правила на игра за мување или врска без обврски тука нема поигрување со чувства однапред тие кажано се и не треба да се надеваш на тоа дека еден ден ќе прерасне во сериозна врска или брак затоа што е јасно како ден дека тој со погрешна девојка ќе ужива се додека не ја пронајде вистинската за него ,додека не го пронајде најдоброто за себе :!:
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се обидувам да одгатнам една гатанка т.е. настаната ситуација, ама некако не ми успева, еве за што се работи:

    неколку млади луге работевме во една фирма, и онака се зблизивме мегу себе и се аднавме на ф.б. за пријатели секако, и така почнаа симпатиите со еден од дечките, арно ама јас ја напуштив фирмата пред другите,но потоа и тие го сториле истото но после 1 месец, и значи јас сум во комуникација чат-пат со дечково т.е. му пишав како што онака, општо, за работата, ама тој пак почесто ми лајкува на статусите на ф.б. и толку. Што треба да значи ова дека му се допагам? ама не знам дали е со некоја,а и не сакам да се наметнувам. дали постапувам исправно?и заборавив да казам дека додека работевме заедно се слозувавме онака, нормално, и според хороскоп си одговараме :wasntme:
     
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Лајкови на фејсбук, ѕвездите велат дека си одговарате, додека сте работеле сте се сложувале онака и моментално ти немаш појма што му се случува во животот т.е. дали е воопшто сингл :D :D :D :D

    Мислам дека барем во моментов надежите ти се непотребно загреани. Почни од основни работи. Подолг чат, размена на броеви, разговор, дознај дали е зафатен, каде се движи, што го занима...така сама ќе си процениш дали е воопшто достапен и колкав е неговиот интерес за тебе. Твојот пост не содржи доволно информации за некаков совет, за да се даде некаков правец.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не дека имам надези, и не е нешто физички што би ме привлекло, ама карактерно е ок, а и не сакам нешто да згрешам, затоа и не превземам акција :)
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Срцекршачка, зарем планираш да скршиш уште едно срце?

    Немој, греота е- доволно машки полуде :)
     
    На mims-89, bittersweet, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :D
    типчево за кое што прашував, е навистина ок дечко, нема зошто да му го скршам срцето :)
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Срцекршачка, лајк на статус значи he likes your status, тоа е тоа. Не значи дека косата ти е убава, или дека со тоа сакал да ти каже дека му се свиѓа палецот на левото ноџе или не знам што :D

    Ако сакаш да дознаеш дали има девојка, прашај го.
    Ако мислиш дека неговото лајкнување е знак на некоја подлабока симпатија, прашај го.

    Немој према фејсбук и лајкови да проценуваш нечија наклонетост кон тебе, тоа можеш да го забележиш само лично ;)

    Пред некој ден бившиот ми вика - еј не можам толку лајкови да ти давам, што ли ќе помислат луѓето?! :rofl:

    Нормално дека ова беше саркастично, нема ништо да си помислат. Само се зафркававме со тоа колку луѓето премногу сериозно го сфаќаат фејсбук особено лајковите.

    И предлагам книга да ти напишеме, јас веќе не се снаоѓам во твоите потенцијални момчиња :lol: Стварно колку дечки сврте а? Барем што те следам чат пат на темава, многу а? Именцето не е туку така ставено, признај :D
     
    На Go-Girl, green.eyes, Srekicka и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Srcekrsacka once peacefull girl

    but now


    SHE IS THE QUEEN WHO WITH HER SPECIAL SKILLZ
    SHE IS BREATH TAKING AND HEART SHAKING ALL THE MAN AROUND THE WORLD


    :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil:










    (Мy englez sucks sorry)
     
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Нели немаш 26 ? :tmi: кажи ми дека немаш . :o
    Се надевам дека немаш , сори ама или си многу заљубена или мнооооооооооооооогу наивна. :x
    Лајкови на фејсбук предзнак за ми се допаѓаш и евентуална врска ?! |( ти тоа озбилно :^) :wasntme: .
    Викаш ти му пишуваш ТИ а тој ? Те удостоил со одговор . Јас кога ќе видам на гб нешто што ми се допаѓа ставам лајк тоа значи дека го сакам? ? ? Нели не ! ? Последно ставив лајк на еден човек кој има околу 40 години , вредеше ми се допадна ама СТАТУСОТ и и и ? Што сеа јас сум заљубена во него ? :D

    А инаку и во тоа твое сценарио , ако е некој што бара контакт т.е зближување преку лајк ... Не ти треба
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Сарказмот треба да се воведе во училиштата, барем еден час неделно, жалосно е како некој сеуште не го разбира, го сфаќа како комплимент :x


    А за проблемот на срцекршачката |( , за лајкови на фб паѓаат во несвест девојчиња од 13-14 години, на поглед од 2-3 секунди паѓаат во несвест деца од 10-12 години, на 26 години време ти е да пораснеш и да се однесуваш соодветно на нив.Проблемите кои постојано ги имаш со машкиот пол, мислам оние кои ги замислуваш дека ги имаш се смешни за девојка која има 26 години.
    Совет од мене ти grow up,and stop imagining that the world revolves around you, it doesn't!!!
     
    На sesilija, mims-89, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  15. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Јас како релативно нов на форумов, не сум знаел за репутацијата на Срцекршачка ц ццц ц цц. Точно дека не го скапира сарказмот и си откри некое ниво на нарциосоидност ама ај да не ја распнуваме. Каков таков, во нејзини очи е проблем, а и да не е проблем, ако сакала малку внимание од форумот, па зарем тоа е лошо? Само да не втера страв примеров во други феминки да прашаат за совет во иднина, мислејќи дека некој ќе ги нападне/исмева/критикува. Ок, ова последното јас..

    @ Yipman2 - колега, тоа Англискиот бе...
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  16. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    Млада си, девојка си му а сепак уште сега не можеш да ја поднесуваш и со него уште предвреме се караш за неа. А што кога ќе се земете и кога финансиите ќе треба да ги здружите? Е тогаш уште поголеми кавги има.Од лично искуство ти го кажувам, и секој однос на снаа-свекрва си е посебен бидејќи е во посебни околности создаден. НЕ КОМЕНТИРАЈ за другите односи!!! А јас додека му бев девојка секој 8 ми март и давав нешто , секој Велигден и прочка и одев со сите адети, без здравоживо не влегував кај нив дома или пак да не си поседам, да не си поправиме муабет, Е ако го правиш ти ова и после да доживееш негативни работи од нив какви што јас доживував нема да кликнеш лајк на некои негативни цитати за моите проблеми!!!не се навредувај
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    бре бре, што прашина се крена :^) и тоа за што за тоа што побарав мислење за поранешен колега кој ми лајкувал на статуси, аман те :tmi:, by the way ми текна дека една другарка зивее во негова близина,па мозам полесно да дојдам до информации :D ако сакам :)
     
  18. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Извини, можеби не е мое да ти реплицирам, но.. Мислам дека девојките само сакаа да ти укажат дека малце го претера на темава, премногу „проблеми“ и прашања кои што не се својствени за да ги постави девојка/жена од 26 години. И јас ги поддржувам, затоа што јас лично, имам 16 години и никогаш не би поставила прашање како твоево со лајкот. Ништо не значи еден лајк, нити пак тоа дека те фатил нежно околу половина и се понудил да те однесе до дома тебе заедно со уште една колешка или како и да беше сторијата.

    Не сфаќај погрешно, но навистина не доликува. Веќе станува смешно, а сигурна сум дека не сакаш да бидеш предмет на ремет. :)
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    те фатил нежно околу половина и се понудил да те однесе до дома тебе заедно со уште една колешка или како и да беше сторијата

    гооолема грешка си такво ништо не се случило(препрочитај го постот ке видиш дека нема такво нешто)never mind,толку прашина за глупости
    поука за друг пат ми е и тоа каква :!:
     
  20. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Не сфаќај буквално, дадов само банален непрецизен пример, но мислам дека беше јасно она што сакав да го кажам. Ќе повторам, не мислев ништо лошо, баш напротив. :)