Пред некое време скоро месец, ме адна на фб еден дечко и решив да го прифатам. Некако не му обрнав премногу внимание ама вчера му го гледав профилот и гледам дека имаме заеднички интереси. Решив да го додадам на инстаграм и ме прифати. Е сеа си викам можда од култура ме прифатил оти досеа ако имал намера да ми пише ќе ми се обрател на фб, а некако почнав да си го симпатизирам. Дали да почекам да ми пише тој или па јас да му пристапам со лајк, реакт на стори нешто? Дечково сериозен ми изглеа вака од слики, фин.
Може совет за машко? Како се запознавате со сингл девојки? Пробав на тиндер, во живо, и пак ништо. Не можам веќе...
На фб или инстагам, прашај пиши и "слободна ли си". Ако е заинтересирана ке врати било што ако не е значи не е.
Што нудиш прво? Затоа што секоја девојка има неколку рандом ликови во секое време што се заинтересирани за неа. Што те прави тебе различен од нив за ти да си и изборот? Спознај се самиот себе си прво, увиди кои ти се квалитетите и подобри ги, увиди кои ти се слабите точки и работи на нив. Работи на самодовербата. Најди си хоби кое ќе те исполнува и ќе имаш "passion" за него. Ако го имаш сето ова, се што ти останува е да не си пасивен и да не чекаш од небо да ти падне девојка, затоа што најчесто ти треба да си тој што ќе го прави првиот чекор. А местото е небитно, може буквално секаде да запознаеш некого. И не се разочарувај ако бидеш одбиен, затоа што секој во животот бил. Ќе те одбиваат, и ти ќе одбиваш, ќе филтрираш. Не одговара секој секому.
Со дечкото сме скарани и ме блокираше.И јас го блокирав на мобилен.Колку што сватив од машка страна од еден другар можеби ќе се запраша ако ме снема одредено време.Точно?
Не знам дали јас си правам филм со главата или така е, налетувам само на машки кои се срамат да започнат нешто, како да им делувам многу страшна изгледа ми се случува со некого да чуствувам дека постои хемија и сето тоа, ама како да му е страв да ме допри, секој збор како да го кажува со срам и мислиш се потресува човек на телефон, а јас се обидувам да бидам поопуштена и лабава да му докажам на другата страна дека ништо не е страшно и не сум строга како што изгледам… Како би постапиле вие во вакви ситуации? Мислам како да ме гледаат со поинакви очи? Мислам дека ме гледаат како строга тетка 5 години во брак а јас сингл ол д тајм