Чекал да го контактираш, и на крај се решил да стави крај на чекањето и болката и да заврти нова страна.
Од машки аспект ајде... Дечко кој се знаеме неколку месеци, и така се копавме со погледи... Правеше што правеше да дојде до контакт со мене.. Ме аддна и на социјалните мрежи каде официјално некаде ми изрази дека му се свиѓам... Имавме некоја комуникација се додека, не ме адна и "пријателката" негова кои се блиски... Оттогаш тој ја намали комуникацијата со мене... До некаде и јас морав да почнувам муабет.. Ништо се видовме еднаш шо се видовме и оттогаш се повеќе се повлекува... Дознав т.е. Он ми кажа дека пријателката негова му била бивша(мажена е) и дека сега така само живееле што мене апсолутно не ми личи на така.... Кога бевме заедно дури ми кажа дека не планира со мене само за така да се ладиме, дури ми понуди заедничко живеење... Што се случи да се повлече така незнам не ми е јасно... Ми има пишано уште два три пати обични муабети и толку... Знам што да правам, следната недела треба да се видиме поради некои заеднички работи и знам што да го прашам и да му кажам... Не му кревам акции да се бламирам да му пишувам и звонам... Откако ме остави на seen неколку пати, вадејќи се дека заборавил ова она работа и сл.... Чисто ме интересира мислење за ситуацијава......
Повлечи се, се гледа дека сеуште ја сака бившата, инаку немало да ти рече дека таа така само живеела.
Го прашав незнаев дека му е бивша пошто е мажена, и нон стоп се заедно на работа... Тогаш ми кажа дека му била,т.е. Се гледале додека е во брак неколку пати, па таа ко демек се заљубила, при што тоа он и дал до знаење дека не сака со неа ништо повеќе и раскрстиле... И ко демек ете така останале да се дружат.... Зашто ме аднала рече дека и тој незнаел зашто...
Ахам да, не знаел зашто.. Лаже. Суши. Не ти е потребен маж - љубовник што оди со друга жена која е во брак.
Здраво.Мојот дечко ме блокираше бидејки сум имала на фб пријатели еден негов другар.Не ме остави ни да кажам што имав да кажам.Апсолутно не планирам да му звонам или пишувам по вибер и слично.Ќе погрешам ли?
Нема да згрешиш. Напротив. Прво зошто ако некој не ти дај шанса да се објасниш ( а ова е А П С У Р Д Н О за шо те блокира) 1) не заслужва твое внимание и 2) веројатно чекал шанса ( читај: ситница) за да те блокни/ преќини/ раскини. Така да не. Нема да згрешиш ако не го бараш. Нема да згрешиш и ако те бара да го игнорираш и блокниш.
Нема да погрешиш пошто е токсичен про макс Само очекувакда те бара за некој ден и ќе ти вика како те сака ама не е океј тоа блабла Пошо он не е океј у мозокот Љубоморен е
Ми треба мислење и совет како да постапам. Накратко,завршив со долга врска пред 3 месеца. Не ми се случило да помислам нити да заприметам Др особа. Е сега,откако ми помина болката и депресијата почна да ми се допаѓа еден колега. Заедно работиме скоро 2 год ама никогаш не сум го гледала со тие очи. Случајно откако дојде кај мене дома заедно со Др колеги сфатив дека ми е посебен. Од тогаш пишуваме доста често,на пауза ме вика на кафе,ама не можам да бидам сигурна дали осеќа нешто или само е таква особа. Во еден муабет сфатив дека мисли дека се уште сум во врска,и индиректно му кажав дека сум сама. Нема ни он девојка,ми пиша и за нова год,на работа се смееме цело време ама ништо конкретно. Како да дознаам дали осеќа нешто и како да му дадам знак дека ми се допаѓа. После толку год он ми даде волја за живот и ми ја врати насмевката. Плус уште нешто ме мачи,помлад е од мене скоро 4 год. Би ми значеле мислења и совети од машки.
Тогаш остави работите да се одвиваат спонтано, ваљда по месец - два ќе дознаеш дали и ти нему му се допаѓаш. За давање знаци не знам, најутепана сум во тој дел, или директно или ништо.