Прво биди сигурна дека не те мамат чувствата.Може само сакаш да го заборавиш бившиот.Не е лесно заљубувањето.
Па скоро секој ден,се закача,прашува,се случува да му ставам лајк или срце само и пак да го продолжи разговорот. Кажува како сум му била најдобра колешка и дека сум била мн позитивна. Може ме гледа и само како другарка,што знам..
Pazi, tuka igra I strav od zaguba...poshto koj prv pokazhe cuvstva, ako drugiot ne cuvstvuva isto...moze nekoj, nekogo da izgubi I kako drugar/drugarka. Mislam deka, treba da mu se dade vreme na vremeto.
Остави времето да си го направи своето... Башка колега е, после не е сеедно ама ич ниту пријатно ако почниш прва а лошо си ги сватила работите... Тој ако е тој ќе ти реагира кога и да е....
Преку друштво запознав еден дечко, кој многу ми се засвиѓа. Имавме седено заедно со друштвото 4 -5 пати и ништо посебно не се деси, срамежлив тип во глобала, едвај уста да отвори. Една вечер бев испадната со другарки и случајно го видов и него во диското. Цела вечер тој не престана да ми зборува, толку убав муабет направивме, што не ми се веруваше дека е истиот тип. По некое време ми вика ќе ми правиш ли друштво да пушам цигара надвор. Викам океј ајде, дека и јас пушач, ќе пушиме заедно. Правевме муабет и тој се поблиску накај мене. Еден момент ми се пушта да ме бакне. Меѓутоа јас знаев дека тој има девојка, па тука го стопирав и го прашав. Тој рече да, имам. Му велам тогаш зошто вакви 'белји' да правиме. Тој ми вели, да во право си, но многу ми се свиѓаш и се надевам дека еден ден, ќе имам можност да те бакнам, а сега дали ќе ми дозволиш само да те гушнам. Океј, се гушнавме и се вративме назад. Јас му реков, као нема потреба после ова да се понашаме чудно. Тој потврди и рече ќе се понашаме како што сме биле и до сега. После тоа се сретнавме уште 2 -3 пати, но буквално едно здраво не си рековме. Само ме погледнуваше и ќе ми се насмееше онака. Што мислите зошто така прави? Како да не ме познава? Се срами?
Што му значи премногу време трошам за другите и за тебе, се што правам правам или за другите или за тебе, сакам да си имам малку време и за себе? Дали значи дека ме гледа како обврска, и дека времето поминато со мене ме го смета како време за себе туку едвај чека дома да си дојде и да си поминува време сам со себе?
Јас имам разбирање, ама глупо ми е да ме става во времето кое му е определно за обврски кој мора да се направат..
Дека неќе обврска, неќе врска Сака лабаво и да се фокусира на себеси А другите успат За членката погоре Може му е глупо на дечкото Пошо си му рекла ,,а ти немаш женска”
Не си му дала тоа што сака, па сега те игнорира, јас да бев на твое место подалеку ќе стоев од типот, има девојка а сака да прави нешто со друга, поквареност е тоа
И јас сум таква, морам да ограничам и организирам сѐ посебно до последен саат и минута времето поминато со сите. Можеби е интроверт, ама и да не е, нема врскa тоа со тебе, едноставно сака време да поминува и со самиот себе. Најди си и ти свое хоби, обврски, не му додевај во тие моменти.
Едноставно сака да се посвети на себе, да направи нешто за себе. Веројатно му здосадило едно исто темпо. Не значи дека ти наговестува крај туку дека сака простор за себе. Е сега не знам колку пати се гледате,ама ако е претерано нормално е да сака време за себе.
1. Ако не сакаш да плачеш, бегај. 2. Ако сакаш да плачеш, биди му резерва. Ќе си прави интересно со тебе и после ќе дојде муабетот како: многу долго се заедно, многу направила за него и неможел да ја остави и остали сра*а.
Негов проблем, али мислам дека у позадина има многу повеќе од тоа дека немал време за себе. Ќе си видиш наскоро.