Јас имам едно прашање и ова ми е само за посилниов пол. Еве да речеме си имате девојка, ја сакате најмногу на цел свет, долго сте заедно -една година. Одите на одмор три дена сами, и една вечер девојка која ви е пријателка пробува да ве бакне под влијание на алкохол и се остало. Ја бакнувате. Потоа и велите дека не можете да бидете со неа бидејќи имате девојка и и објаснувате што како. ЗОШТО ПО ЃАВОЛИТЕ БИ ГО КРИЕЛЕ ОВА ОД ДЕВОЈКАТА КОЈА ЈА САКАТЕ? Извинете, емоции.
Би го криеле токму како заштита од ваква реакција под емоции. Шала на страна, момент на слабост по кој следи очигледно каење... И нормално, често се мисли дека криењето е најпаметно во таква ситуација, плашејќи се од реакцијата на девојката, која колку и да (не) сфати дека било грешка и нема да се повтори, ќе биде повредена.
Е како ЗОШТО БИ ГО КРИЕЛЕ? Па кое ниво на искреност го очекуваш ти? Јас баш и не знам многу машки што би си признале вакво нешто. Упс, чекај...не знам ниедно машко што би признал вакво нешто. После отрезнувањето, сигурно сватил дека не му требала таа глупост, ама кога веќе се случило (и претпоставувам ништо не му значело тоа) тогаш ништо добро не може да се направи со признавање, само лошо. А чекај малку сега...одам на одмор со девојка што ја сакам најмногу, идеме година дена и на тој одмор бакнувам друга девојка (па макар и пијан)...значи НЕ ја сакам најмногу. Sorry to break it to ya
Мажи, раскинувате долга врска, без кавги расправии итн... девојката бара да прекинете секаков контакт по тел и социјалниве мрежи, велите ок. Се сретнувате, тој е насмеан од 6ка до 6ка, а таа има ваков израз на лицето , здраво, здраво, тој пробува да направи муабет, таа го игнорира (глупа ситуација) и му кажува онака два збора со пола уста. После тоа следуваат пораки како тоа таа била некултурна и не ги поздравувала неговите пријатели (што нема врска, затоа што девојката не е ни во градот тоа време). Како би го објасниле ова. Искрено мене да ми е сеедно што сум раскинала со некого и прекинала контакт нема да се замарам дали тој вртел глава кога ќе го поздравел некој мој близок. Прашањето ми е зошто и понатаму сака да ме обвини за некои работи што немаат врска, зар е битно тоа кога веќе не сме заедно?
Не е некој проблем ама не можам филмот да му го сфатам. Вчера бев излезена со другарка и кога си доаѓав накај дома се слушнавме (а и пред тоа му кажав дека ќе излегувам) и почна да се лути зашто сум била излезена, па што не сум штедела пари, па како сум можела алкохолен коктел да пијам, бла, бла, бла. Па уште кога слушна штикли дека носам, зошто не сум се дотерувала толку кога сум со него, а јас и тој се гледаме во неговото шугаво собиче во студентски. Е тој бил излезен пред тој ден и се прибрал вчера, значи 24 часа не бил дома, ни ми спомна дека ќе излегува ништо. Вчера ми кажа бев излезен, го прашав како поминал, каде бил и тоа. Драго ми беше што излегол затоа што излегува многу ретко. Прашањето беше зошто се лути за мене кога знаеше дека ќе излегувам, а и тој бил излезен , а јас појма немав.
Иако раскинал, сеуште не преболил. Ова е само серија неразумни постапки кои се предизвикани баш од желбата да ја врати, или да ја има некако во животот, а не е свесен дека изгледа доста идиотски, посеобно со тие обвинувањата. п.с. Ова не знам дали сум го спомнал на форумот, но психијатри утврдиле дека кога ни недостига бивш/а, тоа може и да не е бидејќи ни недостига баш таа личност, туку тоа може да е бидејќи сме несреќни (општо во животот) и бараме некаква утеха на веќе запознат терен. По тоа сценарио, на дечкото може да му поминат овие епизоди кога ќе си запознае нова цура или ќе си најде занимација. @ marama - не е проблем само по себе, но долгорочно може да ти ги скине живците со такви испади. Тоа однесување доаѓа од лична несигурност. Секако си направил филм како си ти целата скоцкана, машки те меркаат, ти приоѓаат, па дури и со некој другари да си се видела, па те изгушкале и тука веќе нервозите ја преливаат чашата. Нешто што постојано го мачи (ова го убива, и никогаш нема да ти признае) е тоа што тој не излегува толку често како тебе. Ти имаш по активен социјален живот од него, а тој на некој начин заглавен во студентскиот и се чувства како да заостанува. Ова е клучниот збор. Сум бил во слични ситуации и кога ти го прочитав постот, се пронајдов. Како што кажа ти, ова не е проблем СЕГА, но еве само да дадам мое мислење зошто се случува и од каде доаѓа. Hope it helps
mims-89 - очигледно дечкото не те преболил!!!, затоа се овие негови реакции... marama - очигледно е љубоморен тип, сака ти да седиш дома затворена (скраја да е со штикли, да не те бендиса некој), а тој да си шета. искрено, не ги обожавам овие љубоморниве до олку.
Значи вам машките додека некоја не ви го сврти грбот нема шанси да ја бркате нели?Што постигнувате со тоа криење бегање глумење недостапност и топло ладно Зошто ке одиш со овој на кафе,зошто те немало а на крај пак се криете во својата дупка?Прашуваш кој е проблем и добиваш одговор дека нема никаков.Свесни сте дека така повредувате нечии чуства?Ако сакате да откачете некоја кажете и дирекно а не со игри. Се буните дека ние сме имале преголема гордост па не ве бараме ама еве ја прегазуваме гордоста и добиваш мрзлив одговор.
@mims-89 Дечково не може да се помири со фактот дека сте раскинале(иако викаш дека е насмеан),па очекува да продолжите да комуницирате.Па у глава му се врти дека ти треба да се однесуваш на ист начин како кога сте биле заедно,како нешто да му должиш.Или пак е тотално ливада тип за кого дури и додека бил во врска,врската не била нешто многу сериозна ствар во неговиот мозок,така да сега откако е прекината,тој не забележува некоја промена,иако реална промена постои.Во таков случај тој очекува се да си биде по старо.Можеби,може да влијае и неговото друштво ако го зезаат од време на време,нешто у стил:"абе друже,девојката ти раскина,какво машко си ти,сте биле во долга врска а сега она не сака да се поздрави ниту со тебе,ниту со нас". Очигледно е дека типот си има проблем со себе во делот на самопочитувањето,и во почитувањето на ставот на другите,затоа што на пример јас еве тргнувам од себе.Ако девојка, ми раскине и ми рече дека не сака да и вртам,не сака да се гледаме,не сака ништо од мене,јас нема да и вртам,и нема да се гледаме,затоа што прво имам одредено ниво на самопочит,а од друга страна вистински го почитувам ставот(одлуката) на девојката.Од таму, јас би немал никакви барања или очекувања од таа девојка да ме третира на ист начин мене или моето друштво. @marama Очигледно е дека типот нема доверба во тебе,и си мисли дека "опашката" ти игра и на друга страна. Од друга страна типот сака да те контролира,кои работи смееш,кои работи не смееш да ги правиш. Ова е комбинација од недoверба+control freak.
Е аман ама го напданвте дечкото на Марама, може го фатил некој таков момент и глупаво изреагирал, не значи дека е навистина контрол фрик и љубоморен.Ако му се повторува често е веќе друго.
Ова мене ми е најнормална ситуација а фактот кој го наоѓам и кој го докажува тоа е погоре напишаново: TOJ РЕТКО ИЗЛЕГУВА. (Се ќе беше поинаку ако и тој често излегува со тебе или со друштво) Е сега замисли колку чето тебе те гледа во секојдневни и опуштени комбинации (нормално) кога се гледате кај него, и како му е кога ќе те види на излегување, дотерана и се тоа па уште и не си со него, што ли не си помислува Ах машки Гледај на ова како на обична расправија како во секоја нормална врска, и испад кој не можел да го исконтролира од x причини кои можеби му го пукнале филмот во тој момент. А ако ова продолжи тоа е веќе за размислување... Совет: Приреди му изненадување, договорете се заедно да испаднете и нека те види во најдобро светло
Морам да ти напоменам дека иницијатор на раскинувањето беше тој, се случило неколку пати до сега во тек на три ипол год. врска да раскинеме се кога си имал некој периоди или барал паузи (и секогаш сум го примала назад) и бидејќи овој пат беше као дефинитивно јас побарав да прекинеме контакт (тоа во никој случај не значи ни здраво да не си кажеме утре на улица) како би го заборавила полесно.
Не е дека само машките се привлечени од оние девојки кои им го вртат грбот... тоа истото се случува и со девојките... но мислам дека во твоот случај не е тоа причината...т.е. причините... затоа што во твојот случај може да се две... Едната причина може да биде тоа што на типот едноставно му е од некоја причина непријатно што треба да го прекине тоа што го имате, дали поради тоа што му е жал и несака да те повреди премногу или затоа што едноставно се чувствува дека прави лошо, па затоа пробува да најде начин за ти самата да го направиш тоа наместо него...т.е. да сфатиш дека тој несака ништо понатака и да се откажеш... Или причината може да биде тоа што и тој незнае точно што сака па сега еднаш сака нешто па еднаш несака... Како и да е... најдобар совет ти е искрен разговор... а ако неможе тоа да се случи тогаш едноставно батали го... ако некогаш реши што навистина сака сам ќе си дојде...
@mims-89 Тоа ја менува целокупната ситуација.Типот е дефинитивно несериозен.Тој иницирал раскинување,и сега ти пишува такви пораки.WTF? Ти си направила максимално од твоја страна,сега нека не изиграва дека тој е толку повреден,као не си била културна.Си играл со тебе,mims-89 is on,mims-89 is off. Oколу периодите и паузите,па тоа е невиден изговор.На машко што сака да биде со девојка во сериозна врска,не му е потребна пауза.Можеби ќе има краткорочни кризни периоди,ама паузи не. Во секој случај паметна одлука од твоја страна,во врска со прекинувањето на контактот.
Прво мислев дека не те преболел па се изненадил како така лежерно си ја прифатила разделбата ама чим веќе неколку пати он ти раскинувал најверојатно е повредно его во прашање. Он сака без разлика на раскинот да го молиш, да го бараш и пред се да патиш а ти тоа не си го покажала пред него ниту пред пријателите. Штом сте раскинати можеш но и не мораш веќе никого да поздравуваш ако не ти е ќеиф, тоа е само твоја лична одлука и не смее никој ништо да ти приговара. Само некој мора да биде крив па нему му е најлесно тоа да бидеш ти, секако не очекуваш себе да се обвини .
Може едноставно да каже дека не сака ништо со мене,ке ми биде тешко секако,се што барав беше пријателство а тој тоа го уништува.Не е фер спрема мене.Јас попуштав,и се уште сум ваква,но со тоа однесување ме повредува,не е целта да бега и да кути туку да каже се што мисли како и досега.Имавме бурни периоди,можеби и заради тоа е ваков но заслужувам објаснување.Ама знам дека нема да го добијам.Ми велеше не сакал да ме загуби,дека му е мило што ме познава дека му е убаво со мене,ме канеше на кафе, а сега?сега само гледа како да ме понижи.Страв ми е да му прозборам,да се уклучам на фејсбук,да излезам.Страв ми е.Веке го баталував на неколку недели но ништо со тоа.Апсолутно ништо,јас продолжив со чуствата,а тој со тоа ладно однесување,еднаш го прашав кој е проблемот тој вели нема никаков.Не знам што повеке да кажам.Едноиставно со тоа ако го игнорирам не решавам ништо,јас баш напротив сакам да знам до што е,да решам,да бидам помирна а вака не.
Врската треба да се темели на меѓусебна самодоверба и почитување а не на контрола и препукување за безвезни работи. Меѓутоа за тоа се потребни две зрели индивидуи. Од неговите испади ми изгледа дека дечкото е полн со несигурности кои му излегуваат на ваков банален начин, што си пиела, па зашто си носела, па зашто не си ми дала рапорт... многу инфантилно. Мене воопшто не ми личи тоа на однесување на зрело машко! Една од варијантите е дека те гледа како подобра од него и се плаши да те изгуби. Поради тоа му се вклучува првиот одбрамбен механизам а тоа контрола. Нареден чекор после ова би бил да ти забрани да излегуваш без негово присуство! Се зависи од тоа дали ова често му се случува или му бил само испад кој може да се случил од X причини. Испадите според мене не треба да се земаат за сериозно бидејќи на секој можат да му се случат. Сепак, ако ова му е навика, кидај додека е време
Дечки девојки критика , мислење , совет како и да е ... Значи вака да ја скратам приказнава ... Сите оние кои досега биле со мене ... Се љубоморни ама љубоморни ... Ај сеа ќе кажете нормално е , ама ... Минатата врска може да кажам во добар дел ми се распадна и поради ови причини моја незаинтересираност , негова љубомора , негова желба за обврзување ... Народе значи не знам и сама кај грешам . Јас сум тип кој мнооогу тешко се заљубува ама така искрено , вистински ... Не значи дека сум ледена кралица но мојата маана е што нејќам 5 повика на ден и 5 пораки . Не сакам да му се јавам каде сум со кого сум , зошто , до кога !!! Си сакам слобода . Не велам дека јас прво што ќе направам е ќе го изварам дечкото ама никој нема доверба во мене . Не сум дала посебен повод само сакам простор за МЕНЕ само јас ! тоа толку ли е тешко да се сфати ? Пропадна таа врска така како што пропадна , на крај јас испаднав крива тоа можеби ама тој е кретенот .. Дали јас бев причина за крај нејќам сега за тоа доволно време потрошив на ретроспективи на оваа тема... Еве што се случи ... Пред 1 месец од прилика се запознав со еден дечко тој има 24 значи си викав постар е позрел може ќе биде поинаку . Уште кога почна да ми се јавува јас си немам навика а некогаш од замарање си го исклучувам мобилниот , ми вика како може да ти биде телефонот недостапен и ... Пред некој ден испадна се смувавме , јас тоа не го сваќам како обврска за да некому давам рапорт со кого сум зошто сум... Ама откако бидна значи само 1 само 1 вчера ми се јави и почна да ми кажива такви правила и прописи не моежев да си поверувам што слушам .Како тој не ми верувал кај сум била вечерта , зошто ме барал не сум кревала WTF кој е тој факинг фактор за да си зема такво право .... Зошто сите ги фаќа параноја дека сакам или дека ги варам ? ало бре ... Инаку не сум тип кој на девојче кое може да го вртиш како сакаш не отстапувам од своето одам контра не се давам .Почна да ме убедува како јас сум била ваква единствена .Дури почна да ми круши колку би било лошо ако дознаел дек го варам .А дека од сега морам да бидам достапна секогаш . Зошто помислувал најлошо ? Крај краева прашањево ми беше дали сите машки сте такви јас грешам или ? ? ? Не барам многу нели ?
Од тоа што го прочитав, ако е тоа навистина така а ти верувам дека е така, за мене не си виновна воопшто и негледам дека некаде грешиш.Една врска не се состои од безброј јавувања на дневна база, дури да човек просто нема што да си каже.Од типот: што правеше, што има ново???? Ало па пред 10 мин се слушнавме, што може да има ново бре??? Исто би рекла и за рапорти кои би требало да им ги поднесуваш на дечковчите.Не си во војска , нели? Пред се доверба!!!!! Што се однесува за овој што си го запознала пред кратко време, ќе си дадам за право да те советувам да си расчистиш со типот уште пред и да започнеш нешто со ваков фрик оф д вик!!!Ако типот си дава за право од едно видување со тебе да ти наметнува правила и прописи на понашање незнам што би си земал за право понатаму кога вашата врска би станала посериозна??? Јас лично одсекогаш сум бегала од такви мажи.
Мене ми личи дека ти не ни сакаш врска, воопшто не сакаш на ништо да се обврзеш, па не ни ти треба такво нешто во моментов. Уживај си во слободата, мувај си се, па ќе знаеш кога ќе дојде време за нешто посериозно, кога ќе го засакаш, па ќе го оставаш телефонот вклучен чекајќи да ти се јави