Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. TheFiend

    TheFiend Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    A oti ne idi da se vidite?
     
  2. BrainDamage

    BrainDamage Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Се ладе типацов
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Деновиве треба да се видам со личност со која се гледавме пред две години... се случија некои работи и останавме во пријателски односи, но кај мене чувствата не престанаа, иако пробував и со други, но не ми успеа заради тоа... лошото е што никогаш не му кажав дека сум заљубена во него, заради претходни трауми и знам дека згрешив, но мислев дека ќе го заборавам.. за жал не успеав.. Откако се разделивме се имаме видено неколку пати, но се изгуби близината, правиме муабет само за површни работи.. во контакт сме, но не сме се виделе година и пол. Во меѓувреме тој си фати девојка. Деновиве му пишав да се видиме и прифати. Е сега, прашањето ми е дали да му признаам дека сум заљубена во него и дека времето ништо не променило, или да премолчам од почит кон неговата сегашна врска? Тешко ми е да се борам со чувствата кога знам дека никогаш нема да бидам среќна без него, но од друга страна веќе помина долго време и можеби тој е среќен со новата... хелп плис?
     
  4. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Продолжи со животот, си има веќе девојка. И еве ова нека ти биде црвено знаме (барем за мене е) додека е во врска да оди да се гледа со бивши. Може заостанато размислувам, но мене не би ми било убаво дечко ми да иде на кафе со бивша што не може да го заборави, преболи и сеуште го сака. Па дури и љубов да му изјавува. Не.
     
    На TrueToMyself, Youknow, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @pinkflower Најдобро е да премолчиш, сепак тој си има девојка. Не знам ни зошто првично прифатил да се видите искрено, сепак сте биле заедно, не сте биле само пријатели.

    Ако во иднина раскине, слободно кажи му ги твоите чувства.

    Ако на средбата нешто ти каже дека не ја сака или му е лошо со неа, не наседнувај. Во тој случај прво треба да си расчисти со девојчето.
     
    На Youknow, cresa-jagoda, Vraloma и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    3.481
    Пол:
    Женски
    Кажи си шо ти лежи на срце. Никогаш нема да знаиш што има тој да ти кажи. Може и тој има слични чувства. Можи не е среќен во таа врдка. Има мнооогу можи, тоа се само претпоставки. А вистината ќе ја дознаеш кога ќе зборуваш. Само храбро женска :muscle:
     
    На pinkflower му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Прифати затоа што сме во контакт и се почитуваме, му имам помогнато доста во животот и ме цени како личност. Но, никогаш не му се мешав во новата врска, напротив, дури и му давав совети на почетокот мислејќи дека ако е тој среќен ќе бидам и јас, надевајќи се дека ќе го заборавам во иднина. Долго време помина и во сите други го барам и гледам него.. можеби згрешив што останав во контакт со него плашејќи се да не го изгубам.. но си наштетив себеси очигледно. Не знам што е најдобро.. мислам дека ќе ми експлодираат чувствата во мене ако не признаам. Реално, ако му е цврста врската нема ништо да му смени, нели? А мене ќе ми олесни.... А можеби и нему не му е сеедно.. звучи лошо, но навистина не можам да живеам криејќи го ова во себе.. фала ви многу за одговорите
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто вакво плеткање и упикување на машки што се во врска. Како сакаш сфати и лути се, ама не е воопшто убаво. Ни твоето ни неговото што прифатил. Себично е, мислиш само на твоите чувства, тебе ти било тешко, не си го преболела и ај сега ќе го бараш да му кажеш, со која цел? Неа демек ќе ја остави, тебе ќе ти се врати. Да ти олеснело, како не. Ќе ти олесни ако ја прифатиш реалноста и продолжиш без него, а не така.
     
    На JustBeautiful, hermosa, Youknow и 3 други им се допаѓа ова.
  9. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Што сакаш да постигнеш? Да те сакал и тој ќе ти кажел, немало да си фати друга женска . Човекот буквално те смета само за пријателка, па и совети барал од тебе за новата девојка. Ова мешање во врска воопшто не ти е во ред. Стави се на местото на девојката и нивната врска. Твојот дечко да иде со бивши и да му изјавуваат љубов? Мислам, која самопочит ја имаш? Изгледа како да молиш.
     
    На Youknow, cresa-jagoda и pinkflower им се допаѓа ова.
  10. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @pinkflower Те разбирам и сепак не, не е добра идејата. Прво со тоа што велиш "реално, ако му е цврста врската, итн", сепак дел од тебе потсвесно се надева дека не му е цврста и дека ќе ја остави и ќе биде со тебе.

    Има девојка. Мислам дека само полошо ќе си направиш, бидејќи поголеми се шансите да се разочараш. А од друга страна, може типот и да се уфилма и да те искористи. Се е возможно. И на крај пак нема да ти е полесно.

    Седни, размисли двапати. Може со тоа што не сте прекинале контакт, само ти прераснал во опсесија. Преиспитај се убаво.

    Ако му е лошо во врската, сам нека си стави крај пред било што со тебе. Среќа не се гради на туѓа несреќа.
     
    На cresa-jagoda, Vraloma и pinkflower им се допаѓа ова.
  11. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    3.481
    Пол:
    Женски
    Девојкава не се меша во врската, не знам од каде ви е тоа. Само ќе седни ќе му ги признае чувствата, па тој ако стварно немал ништо спремна нејзе ќе и кажи. Подобро да си кажат еден на дриг сега, него цел живот да им тежи на душата и да си спомнуваат ех како не зборав и сл.... Ќе се кааат. Вака барем ќе знааат на што се, и двајцата. А дека е упикување во врската - апсолутно не. Таа се знаи со него пред тој да стапи во врска. Има разлика.
     
    На pinkflower му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Можеби нема да ми се врати, не ми е тоа првичната цел, повеќе сакам да знае затоа што испаѓа дека не сум искрена со него... А баш дека мислев на нивната врска молчев до сега, не ми изгледа дека е себично тоа, напротив. Ако си ја сака ќе ми каже и тоа е тоа.. но, ако и тој чувствува нешто за мене можат да се сменат работите.. Но лошо би било да живеам цел живот со дилемата Што ако?
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Си можи:D:D:D8)
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Се меша. Да викаш да се видите некој што веќе има некоја во својот живот, мешање е. Притоа со цел и со надеж дека ќе го придобиеш, а тој зафатен. Ај да не се правиме дека не знаеме и дека не сме свесни колку е мешање. Викаш ќе знаат на што се. Молам? Тој има друга девоја, уште треба да знаат на што се?
     
    На hermosa, Lavender4, Youknow и 4 други им се допаѓа ова.
  15. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    3.481
    Пол:
    Женски
    Го вика на фин и културен начин. Со тоа дава до знаење дека е пристојна. Друго не дека има надеж оти ќе го добие. Сака само да му кажи дека не и е било кој. Типов можи да ја исклулира и никому ништо... Таа е спремна според мене повеќе на ова последното
     
    На pinkflower му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    На тајно задоволство 8)
     
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    19.537
    Пол:
    Машки
    Ова е мешање во врска, па тој сакал бил среќен или не во неа, иако сигурно потајно сака да не е среќен во врската. :D
     
    На Youknow, cresa-jagoda, Vraloma и 2 други им се допаѓа ова.
  18. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Значи сепак оди со надеж дека можеби не е среќен со новата и сеуште ја сака нејзе :) Самопочит 0. Прво црвено знаменце е самиот тип кој излегува со бивши што го немаат преболено. На крај и да е со неа, ќе се појави трета бивша за на кафе.
     
    На cresa-jagoda, Vraloma, pinkflower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Не бе не е ...ти не знаеш :D
     
    На cresa-jagoda, Vraloma и Stark им се допаѓа ова.
  20. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    И третата ке ја убаци.
    Кај две таму и три.
    Боже свашта .Болен народ и глупи жени со најниско ниво на самодоверба.
    @pinkflower Бегај ....закопај ги чуствата и бегај од забранетото овошје.
    И би ти дала совет не се мушкај кај шо не ти е место,оти и да се гледате ке е тајно,а ти ке си втора.
     
    Последна измена: 16 март 2023
    На cresa-jagoda, Vraloma и pinkflower им се допаѓа ова.