Форумџика на годината

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Знаев дека ќе има различни мислења, верувајте дека и јас секој ден си водам војна во себе и не знам како да постапам, затоа морав тука да споделам. Дали мислите дека е грев ако искрено кажеш како се чувствуваш? И зошто би било мешање тоа доколку тој е сигурен во врската? Долго време молчев, можеби навистина и него му исчезнале чувствата, но ако има и мала искра надеж штета е да пропадне се само заради мојата тишина... и на крај пак нема ништо да кажам, си се познавам ;(
    Фала ви на сите многу :l:
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Јас би кажала. Ако стварно го сакаш, цел живот би ти било криво ако премолчиш.
    Од друга страна, не би прифатила да имам било што се додека не раскине, гледај да не паднеш во искушение.
    Ако те одбие, откажи се и продолжи со животот, и остави го да биде среќен во врската.
     
    На sino.o.oka и pinkflower им се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @pinkflower Не ти се чувствата погрешни, но времето е.

    Мислам дека треба убаво да си ја изладиш главата и да размислиш.
    Зошто го сакаш? Твоето его ти зборува или вистинската ти? Како завршило вашето? Ти изјавил ли тогаш голема љубов? Што се промени сега, а не пред 1 или 2 години?

    Велиш ако има мала надеж, штета е да пропадне.
    И како би било тоа, во Четврток му кажуваш, Четврток вечер тој ја остава и Петок, вие сте во врска?

    Според мене лично, ако тој те сакал, ќе ја оставел уште вчера и ќе направел нешто. Нема шанси да би издржал и да не би направел нешто, особено кога сте биле во комуникација.

    Од друга страна, да не испадне дека си ги истражува опциите. Па вака така, на два стола да седи утре и едниот да му е секогаш резерва.
     
    Последна измена: 16 март 2023
    На felisitas, hermosa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Леле каква глупост си направила го викаш да се видите, а тој е веќе со друга, а ти врти сучи потајно се надеваш дека ќе ти се врати.
    Ух јас не би изиграла вака како тебе затоа што после средбата ќе бидам уште повеќе емоционално утепана.
    Некои луѓе сепак со причина ни се бивши, продолжи си со животот и затвори го тоа поглавје со него. Не иницирај средби, ако се видите некогаш културно здраво- пријатно и толку. И сама велиш површни се муабетите, чиста механика на вилица де:D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maaaaaaaaar1

    Maaaaaaaaar1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2022
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Сега ти текна да признаваш?Стави се на место на девојката!Кај си била до сега па ни еден ден не можам да премолчам чувства било какви а не со години.Животот е краток требало на време да мислиш и да го задржиш тоа што го имаш.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    А дали само заради една моја грешка треба да живеам цел живот криејќи го ова во себе и страдајќи? Да, тешко е за другата девојка, но тој треба да одлучи на крајот на краиштата. Јас не очекувам ништо, само сакам да знае дека после него јас сум уништена. Ни беше многу убаво, а заврши затоа што јас се оддалечив заради некои постапки кои ми тригернуваа минати трауми, но со тек на време разграничив и баш кога решив да го побарам, ми кажа дека има девојка. И оттогаш молчам веќе година и пол. А пробав со двајца други после него, но само неговиот лик го гледам во нив, ќе се уништам ако продолжам вака... :(
     
    На Maaaaaaaaar1 и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  7. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека ти веќе си решена да кажеш што е океј и е твоја работа. Кажи и биди подготвена на се , не си комплицирај живот и не се стресирај овака онака . Краток е животот за сувишни стресови , на крајот од денот секој си мисли прво на себе. Да си ми моја другарка јас ова би те советувала, секако ќе си земаш во предвид како би ти било ти да си на местото на девојката и како понатаму он да му текне да остане со бившата у добри односи и кафе.. завршница ти треба, како те учи памет така ..
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Навистина не можам да сфатам ЗОШТО сакаш да се видиш со човек кој има годинаипол врска и да му изјавиш љубов? Си го оставила, тој си заминал и со најдил друга девојка која ја сака. Што не е јасно? Да те сакал сеуште немало да биде долго време со неа.

    Велиш ништо не очекуваш, а патем кажуваш треба да одлучи и да разграничи? Што тоа? Кој дел од тоа дека тој сака друга и има девојка не ти е јасен. Потсвесно се надеваш дека ќе раскине и ќе виде со тебе, а свесна си дека годинаипол сака друга.

    И да те сакал тебе, немало да биде со друга толку долго. Honeymoon трае 3 месеци, потоа ако сакал друга немало да остане во таа врска.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    19.537
    Пол:
    Машки
    Mislam deoa ce ti zdosadi i ako ti daj sansa. Tebe egoto mislam te boli so e so druga.
     
    На hermosa, cresa-jagoda, Wideperpetual и 2 други им се допаѓа ова.
  10. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Демек совети од машка страна, само едно машко ми одговори :D
    Фала сепак, егото баш во случајов ми вика да не се понижувам, но срцето не може да крие веќе. Комплицирано е многу, да знаел претходно може друго ќе беше, но никогаш не е доцна. Реално ни мене не ми е сеедно кога рандом ќе ми пише како сум, каде сум и што ми се случува со животот... ако не сум му важна зошто го одржува контактот со мене?
     
  11. BrainDamage

    BrainDamage Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Devojki/Maski se dodeka partnerot go stavate na prvo mjesto,a ne vie samite ke stradate sekogas
     
    На Maaaaaaaaar1 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @pinkflower По последното ми звучиш како Руби, он Алехандро, а девојка му ја гледаш како Марибел, небитната :D

    @Stark Таман истото тргнав да го пишам.

    Повеќе ми звучи дека егото ја тепа. Таа го откачила, си била со други и бидејќи сега со никој не е, ај во неговата манџа да бркам.

    @pinkflower Не би требало пишувањето да ти ласка. Машко како машко, особено чим е со друга, а тебе ти пишува, значи пишува и со трети :D

    Ладете глави луѓе, не се занесувајте (tumbleweed)
     
    Последна измена: 16 март 2023
    На hermosa, cresa-jagoda, Wideperpetual и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    19.537
    Пол:
    Машки
    Imav takva znam kakvi se po tabiet. :D
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.031
    Пол:
    Машки
    Кажи му, нема зошто да ги држиш твоите емоции во себе, без разлика дали е слободен или во случајов, во врска.
    Не правиш ништо лошо, ниту си дел од неверство, ниту пак имаш морална одговорност кон некој друг за твоите чувства.

    Сега ќе имаш можност со средбата во живо и ако си решена на било каков одговор, направи го тоа. Потоа е на него што ќе прави. :)
     
    На felisitas, quattro, sino.o.oka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    @Polyincognito Никаде не спомнав кој е битен, а кој небитен, не знам од каде ова со Руби... ако му е битна нека ми каже сам, секако нема да му промени ништо. Не знам зошто осудувате, сепак од него зависи се. А тоа што не сум со никој е по мој личен избор, бидејќи се додека не го решам ова, не можам да сум со други.. тоа одбивав да го прифатам, но не се може веќе.

    @Billy Idol и јас мислам така, потиснатите чувства се нешто најлошо, поубаво сега отколку да чекам уште и еден ден се ожени без да знае што чувствувам
     
  16. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Мене само не ми е јасен делот каде упорно велиш дека тој треба да избере. Што да избере кога веќе е во врска? Не сфаќам.
     
    На crimson, cresa-jagoda, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @pinkflower Но, ти СИ била со други :D Значи требало да бидеш со двајца, за да сфатиш дека го сакаш Алехандро.

    Како бе? Am I stupid or something? :drunk:

    Дали е тоа целиот проблем? Постои можност тој сега да се ожени, а ти би радо тој да ти е вечна опција или?
     
  18. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Штом го одржувате контактот а типот е во врска а ретко машко одржува контакт со бивша ако нема потајно некакви чувства и претензии не гледам тука ништо лошо да му кажеш.

    Друга работа типот ми делува на тешка бараба штом одржува контакт со бивша а е во друга врска многу нефер и некоректно од негова страна па сега размисли ти дали сакаш таков тип до себе. Сега има девојка а се допишува со тебе утре ќе биде со тебе а ќе се допишува со некоја трета или сега моментално се допишува и седи на поќе столчиња.

    Ако си толку "заљубена" ако не ти е некаков хир од егоистична природа подобро кажи му да ти олесне и да си бидеш на чисто со себе на што си.

    А ако евентуално ја остави сегашната девојка заради тебе ќе и направи услуга така да не гледам дека ќе направиш некаков престап ако му признаеш кога токму тој е тој што одржува контакт и со тебе и седи на две столчиња. Од него зависи како ќе се одвиваат работите понатаму не од тебе.
     
    На pinkflower и Polyincognito им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.031
    Пол:
    Машки
    Кога ќе му каже она што чувствува, тој ќе направи избор:

    1. Да си продолжи со врската
    2. Да раскине, и да биде пак со неа
    3. Да ја изневерува девојка му со неа

    Секако, Pinkflower не се надева дека тој ќе ја одбере опција број 1. :D
     
    На sunshinebabe и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Ама тој тогаш немал никоја и не бил интересен. :wasntme: А најмногу ми е жал за девојка му што има дечко кој комуницира со бивши и излегува. И да биде со розово ти цветче, ќе си најде друга бивша за излегување.:lol:
     
    На hermosa, cresa-jagoda и Polyincognito им се допаѓа ова.