Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @Wideperpetual Точно, има една, пишува со друга, таквите никој не сакаат, освен самите себе.
     
    На cresa-jagoda, joy1 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Но тој веќе има девојка годинаипол. Штом е со девојка му, значи ја избрал неа. :) Тие што сме во врски со години, на колку време треба да го ажурираме изборот? ^_^ Или во брак со деца треба пак да бираме?

    Замисли имаш врска долги години и ти доаѓа рандом бившата и ти вели мене или неа, као демек не е очигледно дека веќе си избрал девојка и имаш врска. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На crimson и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @-црноока- Ехее, има многу мажи и жени во врски што се уште си ја бараат љубовта на нивниот живот :D

    Тужно, али вистинито. Многумина се со некој ради реда, бидејќи не знаат сами да бидат.
    Но, сум имала примери во околина, каде му се враќа во животот бившата што "многу" ја сакал, ама си продолжуваат само во форма на швалерај, бидејќи шпанската серија не прераснува во индиска :bug:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.029
    Пол:
    Машки
    А што ако си во врска или брак значи дека ќе го поминеш животот со таа личност до смрт?

    Чувствата се менуваат. Избор правиме секојдневно, дури и несвесно. Не мора да е тоа бивша, може да е рандом друга личност која ќе ја сретнеш во маркет, на улица, на било кое рандом место.
    Може и да нема друга личност, па повторно да ги изгубиш чувствата. Секој се преиспитува во животот. Ништо ново.

    Ако тој е сигурен во себе и своите чувства кон девојка му, оваа ситуација нема да им ја афектира врската никако.

    А ако ја остави девојка му поради бившата, не изгубила таа ништо, и онака не сакал да биде со неа во тој случај. :)
     
    На sunshinebabe, Feminka22, pinkflower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Вака луѓе, тој не е крив за ништо, јас му раскинав иако го сакав затоа што со некои постапки ме потсетуваше на минатиот дечко кој ме повреди многу... и одлучив да ставам крај иако ми беше тешко. Тој имаше чувства, но ја почитуваше мојата одлука и останавме пријатели. Нормално, тој си продолжи со животот и си фати девојка, а јас немав очи за никого и како поминуваше времето сфатив колку всушност го сакам, а никогаш не му кажав. Сакав да му признаам, но заради девојката молчев. Се обидов да сум со други, но не можев, не сакав да ги повредам и им раскинав. Можеби заради контактот кој го одржуваме цело време... Знам дека сум виновна, но не можам да живеам со ова веќе, чувствувам дека мора да излезе се од мене, па каков и да е исходот на крај.
     
  6. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Правиме личен избор, не наметнат. Таа свесно оди со надеж и желба да го придобие и дека тој ТРЕБА да бира. Тој да не ја сакал веќе девојка му и да сакал да избере друга, ќе го направел тоа без бившата.
     
    На cresa-jagoda и deskarada им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.029
    Пол:
    Машки
    Е како е наметнат? Не му става таа нож на врат да и се врати, ниту го уценува.

    Подобро да е искрена со него и тој да знае на што е, отколку овака да се пријатели, а таа потајно да чека да му се ували.

    Сигурно нејќеш овакви пријателки да има дечко ти кои едвај чекаат да го легнат, нејќам ниту ја.

    Затоа јас да сум на местото на девојка му, благодарен би и бил во ситуацијава, без разлика што ќе одбере дечкото, за неа е win, па макар и да раскинат. Џа или Бу. :)
     
    Последна измена: 16 март 2023
    На sunshinebabe и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    @Billy Idol Точно е дека се менуваат чувствата и понекогаш е потребно да чуеш што другата страна мисли. Тешко ми е дека чувствувам како да го лажам цело време, потискам се' во себе, тој не е ни најмалку свесен за ништо.

    @-црноока- Не одам со цел тој да бира. Не сакам да му наметнувам ништо. Одам со цел да му ја признаам својата внатрешна состојба, бидејќи заслужува да знае.
     
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Со среќа и пишете кога ќе се емитува втората епизода :~:
     
    На raww, cresa-jagoda, -црноока- и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Тебе ти касни возот.
    И не е фер тебе шо ти текнало после 10 години дека го сакаш и дека не можеш без него, да му ја усереш новата врска. Вашата не идела, си нашол среќа со друга, остај го. Ќе му го поматиш умот само. И не е фер само да му се избациш и као ,,еј те сакам”
    Ти тоа не си го кажала коа сте иделе, се најде да му кажуваш? Не е фер
    Знам ја дека чоекот не цени нешто дур го има, него откако ќе го изгуби, ама не е фер. Плус ти си била иницијатор за раскинувањето.
    Ти сметало нешо, те потсеќал на бившиот, ама сепак го сакаш? како?
    Ај договори се
     
    На crimson, Medea., cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Железото се кова додека е жешко. Ако си го сакала наместо да му раскинеш, требало да разговараш со него за постапките кои те повредиле и да најдете компромис.

    Сега го сакаш назад бидејќи се има оладено од тебе и има девојка. Не е фер од твоја страна после толку време да започнуваш таква тема, имај во предвид дека така можеш да го изгубиш и како пријател.
     
    На cresa-jagoda и -црноока- им се допаѓа ова.
  12. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Но, не си во право. Ти си имала твое време со него и си го прокоцкала. Прво велиш дека со него тие постапки те потсетувал на трауми. А сега наеднаш го сакаш најмногу на свет. Јас мислам дека не го сакаш него, туку сакаш тој да нема девојка. Додека сте биле заедно не си го сакала, ниту пак си ја ценела врската. И сега после 2 години како гром од ведро небо "Еее абе јас уште те сакам хехенце, и сега? Што ќе избереш?". Не е фер твојата постапка и многу е себична. Велиш не очекувам ништо, а потоа дека тој треба да бира. Да сакал да те избере тебе ќе си била сега со него, а не тој во долга врска со друга.

    Вие колку време бевте заедно?
     
    На cresa-jagoda, deskarada и carangigia им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.029
    Пол:
    Машки
    Баш поради ова е и добро да имаш искрен разговор со него, наместо да го лажеш и да те смета тој само како пријателка.
    Фер е од твоја страна да си искрена со него, макар тоа да значи дека може го загубиш засекогаш и како пријател, бар ќе си на чисто.
     
    На pinkflower му/ѝ се допаѓа ова.
  14. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Што сакаш да постигнеш со ова па дури по две години? Да се скара со женската и да биди со тебе?
    Било поминало, 2години е период и сега не е ни време ни место да му се мешаш.
    Скроз не убаво и од твоја, па и од негова страна шо прифатил.
    Остави го детето нека си тера со женската, ни чуства признавање, ни средби, да му ја расипуваш врската.
    Јас не знам како свесно одите во вакви работи.
     
    На hermosa, cresa-jagoda, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @Billy Idol Да, кутриот тој, ја смета за пријателка, живее во заблуда :D
    Тие биле заедно, каква пријателка, какви бакрачи :D По денешните "стандарди", цело време е во контакт со неа, зад грб на девојчето. Теренски менаџер, да направи услови од еден стол, маса :D
     
    На cresa-jagoda и -црноока- им се допаѓа ова.
  16. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Абе сакав да пишам ама ајде. Не му е пријателка, ниту тој неа. Резерва, втора опција. Пример тој да раскине со девојката знае дека одма може да ја легне. Мислам онака пријателски...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.029
    Пол:
    Машки
    Ами кога е така, што ќе и е таков на девојка му?
    Ќе и направи услуга само ако му признае, ќе и ги отвори очите.
    Tи би сакала таков? Ја, не. :)
     
    На -црноока- и deskarada им се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @Billy Idol Па нормално не и треба таков, ама тоа што Flower ќе призне нешто или не, не го менува фактот дека и дечкото е кретен сам по себе.

    И да не и раскине, мислиш ќе ја прекине комуникацијата со членката? I think not.
    Камо Марибел сама да го откачи искрено.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.029
    Пол:
    Машки
    Епа тогаш не гледам ништо лошо во тоа ако му признае Pinkflower дека сеуште има чувства за него.

    Она не прави ништо погрешно. Напротив, подобро е да е искрена, отколку да продолжи да глуми само пријателка. И две години глумење многу било.

    После каков расплет ќе следи, е нивна работа, не сакам ја ништо да мислам, нема потреба ние да влегуваме во претпоставки "што ако".

    Наместо кон неа да ги насочувате репликите, насочете ги кон него, тој е red flag-от во ситуацијава. Не е таа "растурачот на врски". :)
     
    На pinkflower му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @Billy Idol Репликите посочени директно кон неа ми беа дека самата таа ќе се повреди, па затоа добро да размисли.

    Но, можеби и се еден за друг. Ни малку наивни не се ниту двајцата. Two red flags sitting on a tree :D
     
    На -црноока- му/ѝ се допаѓа ова.