А зошто мислиш дека не знае дека ти сеуште имаш чувства? Искрено сметам дека кога некој има чувства за нас тоа одма се "осеќа". Бил во врска, па бил среќен, па не бил можеби, па пишувал со бивши/пријатели.... Премногу исцрпува ова не мислиш? Плус ако сте над 25години веќе секој знае како се чувствува. Искрено мислам дека знае или во најмала рака "осеќа" или има идеја што се случува со тебе. Имав ја ваков токсичен човек кој знаеше како се чувствувам и нит ме пушташе да си одам нит продолживме со "врска" (или што и да беше). И ја имав кажано како се чувствувам и егото до плафон отиде, мислеше еве две столици. И кога се ослободив од ова, се преродив (искуство talking here). Најдобрите зборови кои мене ми помогнаа. Само затоа што можело да биде другачије, не значи дека ќе било и подобро. Според мене најдобро е да го затвориш тоа подглавје, да ги научиш лекциите. Само на тој начин ќе најдеш вистинска личност. Ниедно чувство не трае вечно, ниту љубов нит омраза.
Ова е една од причините зошто не се останува во контакт со бивши. Освен во многу, многу ретки случаи. Оставаш зад себе и тераш напред. Без секој се може.
Дефинитивно не сум добар пример и не ви препорачувам да криете ништо во себе, па колку и да ве чини, ама кога веќе стигнав до овој степен и долго се преиспитувам, сфатив дека со причина се случува се и со причина го одржавме контактот. Ако некој е во врска тоа не е показател дека е среќен... можеби му треба да му кажам јас, тој е интроверт и нема да се осуди да ми каже ништо, особено затоа што јас му раскинав. Секакви претпоставки имам и ќе си останат само претпоставки се додека не ги отворам до крај картите. Понеделник треба да се видиме, ќе ви кажам што ќе се случи А чувствувам дека дури и да го изгубам засекогаш, ќе ја добијам битката со самата себе дека нема да сум веќе кукавица
Ти си решила веќе ама овде очекуваше дека ќе те поддржат членовите.Искрено не би сакала да сум на место на неговата девојка.Замисли бившата на дечко ми му признава дека го сака и потаајно се надев дека тој ќе ме остави мене и ќе оди кај неа.Ужасно.И штом си молчека до сега можеш и од сега.Не заборавај не се гради среќа врз туѓа несреќа.Би прифатила ли да си втор избор и опција?
И? Што е тука трагично? Ете наместо бивша стави пријателка, колешка, познаничка... Ќе се најде некоја. Не може ти да очекуваш дека никој друг нема да сака да е со дечко ти, и тој нема да има повеќе прилики во животот. Битно е тој како реагира на тие искушенија, а не другите дека сакаат да се со него. Многу несигурно делуваш.
Според временската прогноза во Понеделник, 70% од дечковците ќе бидат сомнителни или врзани во подрум
Хага јас па уште време и место да кажев хаха замислете да се тука и да читаат Сама себи убила Ама луѓе, што и да ми каже јас секогаш ќе си го сакам безусловно и безрезервно.. со која и да е, каде и да е... Ви благодарам на сите и ве гушкам силно
Ај мор. 3 за 100 ќе ги даваме. Со попуст за нив. Прва ти глумиш втора ја. Тоа коа ќе ни бидат мужите на работа навечер а децата заспани