Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Plot twist: го најдов случајно на Тиндер... е сега искрено не знам дали е ова лош или добар знак, што мислите? Дали е зелено светло за мене (не се во добри односи со девојката, а знам дека се уште во врска), или едноставно типот е кретен и поубаво ниту да се гледам, ниту да му признавам чувства. Ми се згади искрено.. сум го ставила на пиедестал очигледно, а не заслужил..
     
    Последна измена: 18 март 2023
    На hermosa и Mateica им се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @pinkflower Има девојка, плус е на Тиндер, плус со тебе закажал видување во Понеделник. Човекот уште не раскинал, бара друга опција, бидејќи не знае инаку да биде сам. Ќе раскине кога веќе ќе има осигурано друг стол.

    По мое, run girl. Мислам дека ќе те повреди. Overlapping врски и непочит (неискреност) кон партнер се големи red flags. Ете рачунај го како заштита и благослов што навреме си видела.
     
    На buba4e89, Nana1156, PositiveViBeS8 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    7.548
    Пол:
    Женски
    Зошто да е зелен знак целото ова однесување? Терај даље, не ни одржувај комуникација
     
    На Medea., hermosa, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Мислев зелен знак дека штом има потреба од Тиндер може не е среќен во врската, па сепак би имало шанси да сме заедно, но тие не се раскинати, тоа е лошото. Си имам и самопочит и не би сакала ни со мене еден ден да го прави истото.. а чувствата ќе исчезнат ваљда...
     
    На cresa-jagoda и Maaaaaaaaar1 им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @pinkflower Таквите верувај никого не сакаат, освен самите себе. Ете, дури ниту тоа што ќе се види со тебе не му е посебно нешто, туку уште една опција во низа.

    Знам можеби звучи грубо, но уште првпат кога ти пишав тука, спомнав дека постои веројатност на вашето видување да ти каже дека тој не е среќен во врската, не се во добри односи. А сето тоа се за жал дел од манипулации.

    Уште полошо, може моментално има "криза" во врската, па ќе те искористи тебе или друга и потоа пак ќе си продолжи со девојката. Во секој случај, заштити си се самата себе и поштеди се од идни можни солзи.
     
    На MayDiamonds, FridaodaMk, Nana1156 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Колку и да се силни чуствата,немој да те клекнат ;)
     
    На cresa-jagoda и pinkflower им се допаѓа ова.
  7. Maaaaaaaaar1

    Maaaaaaaaar1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2022
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    По кој пат сакаш да слушнеш дека од тоа нема ништо.?Ти кажаа повеќето овде а ти бараш зелени знакови.
     
    На cresa-jagoda и pinkflower им се допаѓа ова.
  8. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Фалаааа на сите :l:
     
    На Maaaaaaaaar1, Mateica и Polyincognito им се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Немаш грижа на совеста дека ќе потклекне заради твојата изјава?Немој да расипуваш на другата девојка врска а за вашето било поминало ако било вистинско ќе траело и пробај да го заборавиш или евентуално ако раскине некогаш врска признај му за твоите чувства ,засега не е добро да се мешаш во туѓа врска стави се на местото на таа девојка да дознае за тебе или тајно зад грб нејзин на кафе да оди со тебе?Викаат за умрениот коњ(зафатен дечко,маж),не се плачело.
     
    На FridaodaMk, buba4e89, Ane_na_Bisera16 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Алехандро ми амор те сакам тебе само тебе ти си човекот на мојот живот .Признај му де и уништи си ги романтиките за него кога ќе ти каже дека сака само секс и после ќе плачеш па и кутрата негова сегашна девојка е во приказната,страшна работа .А преиспитај се за бившиот и ти ,оној на кого те потсеќал.Може со него ќе си одговарате.Иначе ти треба добро да го познаваш дали е тип за чувства авантури па после иде признание.И сега откако го најде на тиндер батали го ,оти може ако разговарате да се обиде да те манипулира и на крај ем ќе трпиш свашта да прави ем да расипеш врска.
     
    Последна измена: 20 март 2023
    На pinkflower му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maaaaaaaaar1

    Maaaaaaaaar1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2022
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Пиши што ќе направиш.Ако имате судбина пишана ќе биде и после 10 години.Ако не нема да биде ништо,а и онака веќе сте биле еднаш заедно.Сигурно имало причина зошто сте раскинале така?
     
    На pinkflower му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    16.383
    Пол:
    Женски
    Тој да сакал да биде со тебе, не би бил со друга. Свесен е дека се уште го сакаш, па те чува како опција, знае дека во секој момент би му се вратила.
    За две- три години од сега, ќе сфатиш колку не си била во право за претпоследната реченица (fingers).
     
    На JustBeautiful, Maaaaaaaaar1, pinkflower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    987
    Пол:
    Женски
    Си го нашла на тиндер додека има девојка и пак сакаш да искочиш со него ? Дали е зелено светло за тебе уште аиии. Ти ги дава сите знаци каков е и ти пак не гледаш. Ништо чудно и да те изневерувал додека сте биле заедно.
    Плус да не зборувам за тоа дека сакаш да му признаеш љубов додека има девојка ,се обидуваш да градиш среќа на туѓа несреќа а тоа секогаш завршува лошо.
     
    На pinkflower, Jane Doe., Selena01 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.907
    Допаѓања:
    7.094
    Пол:
    Машки
    Лош знак е. Тој што пишува со други, не го интересира само една личност, туку повеќе, а да најдеш некој кој ќе ти посвети само тебе или на еден внимание е многу тешко во денешно време. Типов наликува на кретен. Прво, има девојка, второ користи тиндер што за мене таа аплилација освен за манијачење за ништо друго не служи освен на манијаците да манијачат.

    Океј е да му кажеш тоа што чуствуваш, какви ти се чуствата, против чуствата не се оди колку и да сакаш да одиш не можеш. Но ако гледаш дека е залудно, тогаш ти останува да ја прифатиш реалноста колку и да е тешко. Башка во случајов твој, типов изгледа на несериозен со овие негови испади, затоа бегај и не придавај веќе важност и нека ти биде мотив што не си се закачила за кретен. Прв red flag е користење на тиндер.
     
    На cresa-jagoda, pinkflower и Selena01 им се допаѓа ова.
  15. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    987
    Пол:
    Женски
    Типов има девојка а она го вика да излезат за да му изјави љубов :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.907
    Допаѓања:
    7.094
    Пол:
    Машки
    Јас би рекол дека проблемот тука е повеќе кај него, како што реков,
    Тој е во врска, ако дознае она дека пишува со други и договара дејтови, средби, кафиња, фактички ја крши и повредува девојка му, а на оваа со комуникацијава што ја имаат и договараат да се видат, и дава лажна надеш и како и секоја заљубена личност како @pinkflower се надева дека ќе биде нешто, всушност тој си игра и со двете а можеби и повеќе, ете користи и тиндер. @pinkflower како и секој има право да си кажи што му лежи на срце, што чуствува итн, но главниот проблем е во типов што на еднава тајно и крши срце а на другава и дава надежи да се надева а ништо од тоа, тој свесно го прави ова, знаејќи ги последиците што им ги прави на двете.
     
    На cresa-jagoda, pinkflower и Polyincognito им се допаѓа ова.
  17. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Не мислев дека толку прашина ќе се крене околу моето прашање, но сепак ви благодарам на сите. Се видов со него и чудно беше тоа што не осетив потреба да му признаам.. може дека помина доста време и тој си има продолжено со животот... во врска е уште, ми ја спомна неколку пати девојката, ама општо онака, не го прашав во какви односи се, но сепак.. Си размислив и знам дека ми е време за нова страница. Чувствата се тука, можеби ако еден ден ако раскине и ако сум уште сингл ќе му кажам, но не сега. Не можам да сум среќна ако на некој му правам лошо. Приметив дека е среќен, без разлика на се и не ми даде совеста да се мешам каде што не ми е местото. Се уште ги имам чувствата, но моралните принципи ме спречија да му создавам забуни, а и тоа што го видов на Тиндер ме разочара скроз... тоа е, ова ќе ми е поука за друг пат навреме да кажам се, затоа што времето си го прави своето и после веќе е доцна. Прегратки до сите ❤
     
    На Kati428, martine, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.907
    Допаѓања:
    7.094
    Пол:
    Машки
    Правилна одлука.
    Моралните вредности се оние кои ја одржуваат честа и достоинството на човекот, во случајов тоа преовладало кај тебе и си донела правилна одлука.
    Чувствата не може никој да ги забрани, бидејќи против нив не се оди, човек без чувства нее човек со душа, и да боли и колку да е тешко, не ти преостанува ништо друго освен да се соочиш со реалноста и тие факти. Сега не треба само да изгубиш воља, надеж, зошто животот на ваков или онаков начин е суров. И да си му кажела, немало ништо да смени бидејќи не го интересираш но сепак би ти олеснало малку само тебе но вака е подобро како што си постапила зошто некогаш искажувањето на нештата и отвореноста можат да бидат и негативен фактор кон другиот и да те разбере погрешно.
    Тиндерот и другите вакви апликации кои служат само за манијачење нека ти бидат како прв Red flag за да ти се створи одбивност спрема некого. Според кажаново, типов и не изгледа за сериозна личност, така да и не си погрешила до некаде зошто сепак не си се закачила за таква личност и тоа нека ти биде мотив за во иднина.
     
    Последна измена: 24 март 2023
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, Maaaaaaaaar1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Moже незнае како да го избрише профилот на Тиндер може се зеза. Не се замарај со социјални медиуми ништо не е вистина таму.
     
    На PositiveViBeS8 и pinkflower им се допаѓа ова.
  20. Nana1156

    Nana1156 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Стар? Стар за шо?