Како да не се замара?Доста бре вистината ја бара и ќе ја интересира утре може со педофил ќе се ожени некоја ако не внимава со кого си има работа .Дали е вистина или не тоа е на неа да открие доколку сака ние од тука не може да знаеме освен нејзин опис за карактерот на таа личност
Што кога колега постојано ви пишува и ве закача и случајно ти каже дека треба да се види со некоја ама е неофицијално? Јас тука се повлеков и му реков дека нема да му пишувам...а он ма нема везе стартот е битен мора да се навикне...не е некој женкар,сака да биде интересен,ама некако ме разочара....дали сака да види реакција или стварно има некоја? Ако има не разбирам зашто со мене толку комуницира. Ме интересираат мислења и совети од машки како да се поставам. После тој муабет јас секако дека нема да му пишам што му кажав мн јасно.
Не сака да види никаква реакција туку ти кажува директно што му е намерата има некоја за неофицијално а сака и ти да му станеш таква јасно како ден. Совет повлечи се одма ако не сакаш да бидеш искористена како сексуален објект типот од авион се гледа дека е евтин
Па сега зависи до кое ниво ви била вашата комуникација сте пишувале алј акк не си му кажала на нефо дали ти значи нешто тогаш он има птаво да иде на дејт со друга, а има шанси и да ти го опипа пулсот да види како би реагирала ти...
Секако дека има,ама штом има некоја као не разбирам зашто со мене толку пишува...инаку не сум му кажала нити па планирам
@Zumbula Ти кажал како што е. Не сакам да звучам сурово, но најверојатно ти пишувал кога му било досадно, онака како што кажа, сака да се прави интересен. Да сакал нешто повеќе, досега 3 пати ќе те викнел на кафе и слично. Ако малку ти се развиле чувства, најдобро е да ја сведеш комуникацијата на минимум, за да не се повредиш.
Таман работа,гледам да сум што е можно пореална и ценам сечие мислење. Нешто ми кажува дека има и он чувства,ама се плаши сепак сме колеги а и малце сум постара од него Става сториња и ме ставил у close friends,малце детинесто се понаша и цело време се закача и провоцира,само што уште не можам да провалам дали ме гледа како другарка затоа што си имаме муабет и исти интереси или нешто повеќе. А девојка нигде нема,да имаше ќе се појавеше.
@Zumbula Постојат и такви случаеви, да не знае како да ти пристапи и да те покани на кафе, па од трема (може и дека си постара од него), упорно се демек зеза. Но, ако е така, не знам зошто би ти кажал дека треба да се види со некоја или навистина детски размислува Ако не, дај му малку време на времето, што знам. Види како ќе се одвиваат работите во следниот период и постапи како што ти вели внатрешниот глас
Не можам да ја доловам цела ситуација ради анонимност,но сепак фала ти на одвоеното време и мислење. Ме интересираше мислење од машка перспектива,но се што добив беа пораки во инбокс и одма напаѓаат небаре сум дошла тука "дечко' да барам Комуницираме активно веќе неколку месеци,и не верувам дека му е од досада,си има и он свој живот,сите празници секогаш прв ги честита и бара причина да пише,сепак ќе почекам уште малце да видам како ќе се одвиваат работите. ♥️
Искрено ако има нешто ќе се познае одма. Do yourself a favor and take the mixed signals as a no. Башка имаше погоре пишано дека ти спомнал дека ќе оди на кафе до некоја ама истовремено се закачал со тебе, сториња - што не се репер дека некој има чувства. (ако добро прочитав). Така да претпазливо бидејќи може да си чува топли опции дечкото у случај да не испадне ништо со други "кафиња"
Фала ти,не сум особа што се залетува особено не после раскината долга врска и милион работи осетено на своја кожа. Кај дечково има нешто,ама ајде нема везе,фала ви на советите,времето ке каже.