Па можеби и "чечкалиците" не се пронаоѓаат во твоите зборови. Не е навреда за тебе, јас исто така ги коментирав недоличните коментари на дечкото, но не е во ред и твоите испишани коментари за другого. Очигледно и двајцата треба да поработите за егото и како гледате на другите со осуда ради изглед. Додека сте во вашите очи "таман"
Јас немам контакт, го знаев се на се 2 3 недели така да заедно да правиме нема шо. Ако не се пронаоѓаат, зошто возбудување? п.с тој и во неговите очи не беше таман, свесен е каков е ради тоа и е таков едноставно
Не мора да се пронајдеме за да видиме дека не е во ред тоа што го пиша. Колку што е навредливо да му кажеш на некој дека е дебел, исто толку е навредливо да му кажеш на некој дека е слаб или " леле колку си слаб/а како чечкалица си". Таква им е генетиката на некои, па уште 65 кила а машко бил.. и што? А и тој па не е ништо поарен со таквите замерки. Сте се привлекле и двајцата такви.
Епа чекај сеа ако сметаш дека си таман и океј со себеси, шо бараш мислење од сите зашо ти наоѓал мани, значи се вреѓаш... Ако си задоволна со себе не ги анализирај неговите зборови и не барај другите да ти кажат шо мислел коа така кажал. Задоволна личност од себе и својот изглед не се замара со туѓи коментари и не се вреѓа ма од кој сака нека се.
Види девојко и такви слични коментари можеш да употребуваш на пазар а не на форумов. Дискутирај малце поцивилизирано.
Изгледа мн чечкалици сме имале на форумов Како и да е се извинив ако се пронајдовте, ама очигледно џабе, како и да е. А мене лично, отидов со помисла дека можеби е добар и ке ме привлечи карактерно АМА ФИЗИЧКИ со 65кг маж не искрено. И можеби дека тој ја има таа килажа одел со слаби девојки, па нормалните му личат дебели. Толку од мене на темава
Јас воопшто не се пронајдов во тоа чечкалици само ми беше иронично тоа што зборуваш чечкалици не знам што а се жалиш како дечко ти те нарекувал дебела. Ко исти сте и двајцата...
Ништо страшно некажа девојката. Убаво го опиша клошарот шо не се гледа во огледало како изгледа а коментира за другите. 65кг машко и да коментира која е слаба а која е дебела убаво е да му се шлакни во лице дека е како чечкалица во ноџината и ќе прекини да гуга за другите. Без разлика дали дечкото одел со дебела и слаба,сега веќе седиш со друга особа на маса и на девојката неие гајле дали предходната девојка со која што одел дечкото била дебела или слаба. Те одбрала тебе за да излези и сега да коментира тој занеа ваква си таква си па дирекно се вели ој кој те е...
Потребен ми е совет како да постапам. Кога започнав на факултет имаше еден дечко кој што уште првиот пат кога го видов многу ми се допадна. За тие неколку месеци колку што имав прилика да го запознаам личеше на фин и добар дечко. За жал поради приватни причини морав да се откажам од факултетот. На почетокот само ми се допаѓаше и си помислив можеби ќе се зближиме со тек на време па ќе испадне нешто. Но за жал јас сум прилично срамежлива па не се зближивме баш. Неколку пати се случуваше да го "фатам" како ме гледа понекогаш и кога понекогаш ќе се случеше да имаме "eye contact" веднаш ќе засрамеше и ќе го пренасочеше погледот на друго место. Исто така зборувавме неколку пати, но ништо посебно а и вака општо гледано сепак немаше премногу знаци дека можеби му се допаѓам и јас него. Проблемот е во тоа што поминаа веќе неколку месеци и иако не мислев дека ќе биде нешто сериозно на почетокот сепак сега одлучив да му пишам и да му кажам што чувствувам за него. Но незнам како да пристапам кон него со оглед на тоа дека не бевме блиски. Мислев дека можеби е најдобро директно да му кажам, но од друга страна си мислам да не испаднам многу нападна кон него така. Така да, мило би ми било доколку некој од машкиот пол ми одговори какво размислување има за тоа кога девојката треба прва да пристапи. Ви благодарам за одвоеното време.
Не знам дали поминало премногу време, или не е заинтрересиран, но директно е секогаш подобро според мене. Почни муабет за нешто, by the way, ово оно спомни му и што се случи ќе се случи. C'est la vie.
Зашто едно машко не би кажало дека има девојка додека се допишува со некоја девојка, подолго време? Туку нешто како, не е исто, помина време и така околу а не да каже најдов девојка?
Момци радкажете ни неколку сиптоми како делувате кога засакувате ама она баш се заљубуваш во некоја па што тоа ве издава? Зошо денес е тоа реткост да се види
Пеперутки у стомак, како да летиш еве јас се вљубив веке 8 месеци сме во врска па на есен запросување.