Не можам да најдам човек кој ке ме сфати кој ќе може да функционира во ваква врска ... Опуштено да си оди се , немам против и тој да си има Живот освен мене ... Нека излегува , нека ужива . Безрезервно и јас фала богу не верувам никому . Ама навистина и мене оваа работа не ми асоцира на светла иднина . Нема да претерам ако ми кажа дека ми се закани доколку некогаш сум го изварала ... А верувајте ова си нема врска , немаше НИКАКОВ повод . Се осеќам виновно главата ми ја полнеше дека тоа мора да го сменам . И сите останати бифши истоиот муабет го тераа , затоа се подзамислив . Не ми е за овој уште утре може да расчисатм око не ми трепнува ... Ама што ќе биде утре ? Со некој кој нема да ми биде сеедно дали ќе го изгубам ? Мислам дека никој нема да ме сфати ни да се приспособи на мене ... или јас на него ?
Венди, те сфаќам, мислев дека таквиот вид машки не се толку чести, ама како што гледам се множат со геометриска прогресија. Мразам кога морам да полагам сметки на некој, кога морам во секој момент да се јавам на телефон, кога морам прво да се консултирам пред да одам некаде, сакам спонтано тоа да го кажам, да има доверба а не воен рапорт побогу. Уживај не е до тебе, до нив е и нивната самодоверба. Бегај подалеку од таквите, и надевај се дека еден ден ќе се заљубиш во некоја негова спротивност, барем јас така се надевам.
И пак истата приказна: лична несигурност коjа е доста присутна кај мнозинството машки. После мувањето, дечкото премногу се возбудил и сакајќи да те задржи, се обидел да ти наметне некое чувство на обврска, демек сега сте во врска или во почетна фаза па треба да се присобереш со однесувањето (во овој случај со НЕрапортирањето и недостапноста на телефон). Кога тој со неговите 24 години не сватил дека тие работи не одат така, не верувам дека некогаш ќе се освести. Според мене, после лежење затвор за убиство на човек, ова е втората најдобра причина за да одјебеш некого засекогаш. Ама никаков контакт, ни чат, ни здраво ни ништо. Мислам, ако не сакаш да ти ги повтори истите испади и во иднина. Во еден пост не може целосно да се долови нечие однесување или да се опише ситуацијата, така да можеби свесно или несвесно си ја предизвикала таа недоверба кај него. Сепак мислам дека тој самиот со своите матни сваќања за динамиката на човечката интеракција ја посрал работата. Не си ти крива. Има и многу девојки како него, полни со љубомора што се контрол фрикови. Ти бидејќи си емотивно тешко достапна т.е. тешко се заљубуваш/поврзуваш, лесно ти е да забележиш посесивни фаци. п.с. гледате што се случува со правилото "колку постар, толку позрел?"
Луѓе мои не може ни да претпоставите колку ми помогнавте Вчера око не склопив до 8 си мислев каде грешам ми наметна вина бреее . Направи да се осетам многу непријатно во сопствена кожа . Ми кажа дека сака нешто повеќе ама јас оваа жртва да ја давам ма нејќам бе . Имам 20 не знам тоа не сум јас , само проблеми може да ми донесе како што гледам ... Сесилија душа ми дојде кога ми кажа дека не сум била ЕДИНСТВЕНА како што тој рече нели Елементал последното ... во право си не 100 туку 200% се зезнав по таа логика и тоа како . Среќа што не е доцна за рикверц . Фала ви уште еднаш на сите
Венди не може после едно мување да бара тој отчет од тебе. Јас се нервирам што после 3 години ми бара отчет не па после мување. Јас навистина не знам што е со момциве. Не се замарај, не си ти виновна. Еве и мојов во последниве месец дена дека се немаме видено напорен е. Се слушаме еднаш дневно не може да најде време да се јави и не ме прашува како сум, туку кај сум била, со кој и што сум носела Благодарам за мислењата на моето прашање, порано не беше таков. Ама сега месец дена си е во неговиот град јас тука и не сме се виделе , многу е чуден. А за тоа да му приредам изненадување да излеземе и да се скоцкам, па луѓе тој не излегува за да се скоцкам јас. А не можам во студенстки да одам со штикла и фустан или било што поубаво.
@vendiii немој да прифаќаш да имаш нешто повеќе со него, тој од едно мување се покажал каков е, мислам многу ниско паднал што ти се заканувал а тек замисли што ке ти прави да бидете во врска едно 3 месеци дури нетреба повеќе и тоа е многу
Ти сакаш врска без обврска односно полуврска и затоа не се чуди што дечковците ти биле љубоморни . Види си ги болдираните делови и стави се на нивно место за да сфатиш како тоа изгледа од нивна перспектива. Јасно ако не му се јавиш а сте во врска ќе се извади од памет дека нешто ти станало . Исто е јасно дека ќе бидат љубоморни кога знаат дека не си заљубена и немаш намера да им кажеш каде си и со кого си . Впрочем кажувањето треба да доаѓа природно без некој да те тера сама да сакаш да му јавиш како ќе си го поминеш денот. Мене ми е нормално девојка ми да знае каде ќе бидам, нормално не 10 пати на ден да и се јавам ама во врска нормално е да се има редовна комуникација ако се сакате и почитувате. Ми се чини ти си сакаш полуврски и нема никаков проблем ама од старт кажи им на дечките што се заинтересирани за тебе дека не си спремна за нешто сериозно, дека сакаш да идете многу лежерно и полека и дека нема секој ден да се слушате па ако налеташ на ист како тебе ќе ви биде супер. Вака дечките само се надеваат а од тебе не го добиваат тоа што очекуваат и се разочарани а и ти со нив. А можеби сеуште не си го сретнала типот што толку ќе те заврти што ти ќе почнеш да му се јавуваш каде е . ПС. Ова што го напишав апсолутно не важи за последниот мувач туку за тоа што го напиша како твое однесување во претходните врски .
Ах таа љубомора како река го преплавува човекот со грешни мисли како магла го замаглува умот од вистината полека ја истребува и таа мала љубов што останала и на крај љубомората го зафаќа човекот кој те повредил најмногу , а предходно се заколнал дека никад нема тоа да го направи страшна работа
Јипман, ти човеку почна да ме плашиш веќе А да те пратевме Охрид да твориш хаику поезија ? Еве ти и инспирација Спојлер http://haiku.blog.com.mk/ Него јас стварно се прашувам зошто мора право да се диктираат правила, право се да се смени кога почнува врската- значи додека контактираш е еден човек а после наеднаш мора за се да чекаш одобрување и да образложуваш. Не е овде тоа што кажавте дека Венди сака полуотворена врска, работата е зошто мора на тој начин да течат работите како старешина-војник, па зарем не е подобро таа сама да каже каде е кога тој спонтано ќе и се јави, а не да се консултира дали да оди а тој манијакално да и се јавува дали е се ок и дали уште не го изневерила ? Вакви примери гледам многу- последно не смеевме да стоиме на маса кај една другарка оти бевме со машко друштво а дечко и бил љубоморен после ќе си имала страшни проблеми, и замислете тоа ни го кажа брат и на кој ова однесување му беше ок Па до каде појде светот, зарем не можеме да се разбираме, толку ли е тешко да се обидете да му верувате некому, или барем да се уверите дали ве лаже пред да почнете да го обвинувате и напаѓате? И не, зборовите и навредите искажани тогаш не се забораваат- никогаш нема да бидат исперени со фразата- те сакам. Тие слики и навреди болат цел живот . *постов забега, ама се однесува и до сите оние љубоморни машки кои читаат по темава
Во ред е таа сама да каже каде е и тоа спонтано да и дојде, работата е што таа воопшто не сака да кажува, нити па да комуницира. Еве, според ова е донесен тој заклучок. А и целата нејзина изјава на тоа наведува.
Леле ова е барање влакно во јајце- јас на пример ја толкувам реченицава демек не сака да му каже кога тој ќе ја испрашува и ќе го бара тоа од неа, туку сака самата потоа да му каже што и како поминала. Ако така анализираме се може да испадне превртено, а кој е во право тоа знае само Венди
Па мислам дека Венди токму затоа пиша, за проблемот да се разгледа од повеќе аспекти, па можеби и ќе и се разјасни нешто
Значи еее тоа ме вади од контакт јас сакам ете некогаш во денот кај си шо праиш еве навака натака .... Или ако не испадне да се слушнеме дента а јас после сум излегла , че ти кажам утре низ муабет вчера бев блаблабла... и си поминав вака и така ама ЈАС сакам да кажам , искулирано , опуштено без рапорти бе ! Врвот на муабетот беше што прави разлика му велам ако ти кажам кога јас ќе одам некаде одкако се вратам или утредента како било , од тоа пред да одам да ти јавам ? ! И ми вика разликата е што ми ја ускратуваш можноста да те проверам ... И јас
Венди, дечково малку забегал, особено со последново што ни го кажа. И не го барај проблемот во себе, секое лонче си има капаче што би се рекло, ќе најдеш некој што сосем ти одговара и ќе те разбере каква си.Поинаку, ти не би била среќна.Единствено, на некој следен што ќе наиде, кога веќе полека ќе почне да прераснува во врска, можеш дискретно, индиректно да му објасниш каква си и што очекуваш, за човекот на време да си го фати патот ако не му одговара
Ај јас уште еднаш ... ја напнав на темава данкешен на сите кои се потрудија ... Мислам дека сесилија ме сфати што ми беше поентава на муабетов може дека се погодивме во некои ставови ... Елементал ко да си го упознал дечково . Се разјаснија работиве во мојот последен пост ... Различни мислења ама сите се сложивме во едно ... Дечково не е како што треба . Мене ми беше битно што ми разјаснивте некои работи и ми ги кажавте директно јас почитувам директност без разлика за што се работи и од кого е , ... Јас не да испадне се правам светица ама тука стварно немам вина сега можам трезвено да размислам . Најверојатно како што кажа Xman може и не сум се заљубила ... Да бараше некој совет ќе го дадев ама кога мене ова ми бидна искрено не знаев кој греши ...
Vendi, има различни карактери на светов и секој си е прича сам за себе. Ти сакаш искулирана врска (ако може и воопшто да се нарече врска), и тоа е тоа. Во случајов треба да најдеш некој што го бара истото. Има дечки кои што ќе ти се јават еднаш дневно и тоа е тоа...Нема да те замараат со кој ти е овој шо праиш муабет, кај беше вчера, со кој, кога се врати, шо носеше и тако даље. Постојат такви дечковци...Тоа се оние кои што се СИГУРНИ во самите себе !!!!! Конкретно за дечково, дечково има низок степен на самодоверба, не знае да се постави со девојче (а од друга страна има женски кои што би трпеле такво однесување и би било сосема нормално ), типов незнае подобро, типов НЕ Е ЗА ТЕБЕ !!!!!!! Јас се кладам дека ако го прашаш дечково што значи за него да е во врска он ќе се збуни и ќе ти даде некаков одговор на кој што нема да знаеш дали да се смееш или да пукнеш од смеа. Не сакам да речам дека дечково има низок степен на интелигенција, туку ќе речам дека на дечково му требаат манири и пред се треба да го разбере поимот врска. А јас како што разбрав вие ни не сте во врска така? Па што ондак кака типацов? Затоа ти фино лепо ќе го одјебеш, ќе му идриш еден игнор поголем од него и тоа е тоа....А има многу дечковци како него, што е тажно...А што е уште потажно има и многу девојки како него што напињаат постојано...(килл) ... Од друга страна сакам да ти кажам дека не е до тебе...Ти едноставо сакаш да почнеш нешто и да се одвива спонтано и се со време, а не наеднаш....Постојат дечки кои што можат да ти го пружат тоа Не очајувај хехе....Важно проблемот не е во тебе....И за крај ќе ти го кажам и ова...Немој под никој случај да си се мењала и да си ја барала вината во тебе...Немој во никој случај да се задоволиш со нешто што не ти е по мерак, зашто верувај ќе се каеш...дали порано или покасно ќе се каеш и ќе се прашуваш што ќе беше ако изиграв поинаку !!!!! Затоа биди си таа која што си, а за секое лонче има и кашаче
Еј Венди и јас бев во истата ситуација до пред некое време... И знаеш што се случи му ставив игнор на дечкото... значи можам да кажам дека сме слични по карактер... и мене ме нервираат сите тие јавувања каде беше, што правеше, а не бевме ни во врска... се смувавме само еднаш и од тогаш секој ден звонење на секој 2 саата. Мене тоа ме излудуваше, после тоа сакаше врска, јас несакав и дечкото замисли ми кажа или ќе нема ништоо или да бидеме во врска демек он несакал вака само мување.. И јас нормално кажав добро тогаш несакам јас ништо... и го немаше го немаше и еве ти го пак, сега не му сметало тоа, сакал да биде со мене па по цена и мување... епа сега нема, што сум јас тука Некои мои другарки викаат дека нема да најдеш таков дечко нели дека се ќе ти оди по газот, ќе ти звони, ќе биде со тебе ова она, но јас несакам таков тип на машки, сакам слобода малку знаеш како е, а вака станува досадно... се надевам ме разбираш што сакам да кажам нели?? И немој да се грижиш ќе се појави таков што ќе ти одговара на карактерот ...
Понекогаш стварно не можам да ги разберам машките.... да ви кажам што ми се случи... јас се скарав со еден дечко одевме кратко две и пол недели и тој одтогаш секој ден ми викаше дека ме сака едно друго секогаш го одбивав и денес пак истото ми вика сфатив дека те сакам и повторно го одбив пробуваше да ме навреди и ми вика јас само сакав да излезиме за да ти плукнам во лице .... глупак.... мене ми е да не зборува нешто лошо за мене... Што мислите вака прави дека го повредив или пробуваше да ми врати .... ( повеќе го немам ни на мсн ни на фб блок делит хахаха )
Кој дел од "ќе ти плукнам во фаца" не ти е јасен? Освен ако немаш некој плукачки фетиш (уат д фак), подалеку од него. Ама воопшто не се обидувај да го анализираш, зошто ова вака или така. Добро си направила со блокирање на чатовите, сега блокирај го и во мислите.