Првата вечера кли дејт што и дае џентлменски е машката стр. Да ја подмири сметката, во ред е да почасти и женското но едно по друго и нон стоп? Мислам тоа нека одговори некој маж како би се чуствувал.. Дно дна..
што џентлмен е тој ако те остава тебе да плаќаш? ако ти е толку незгодно тој да плаќа се, плати еднаш ама не повеќе...
Чудно ми е вака. На дејт те вика некој дечко, сака да се видете во живо и ете ти прифаќаш. Излегувате некаде во ресторант и овој не сака да плати? Не сака да ти купи една чинија јадење? Па и цела вечера ти да ја платиш? Сама?! Зошто тогаш ти го троши времето со вакви луѓе?!
Ако веќе навистина ти создава грижа на совест и имаш изградено таква вредност и чувство дека и ти треба да платиш тоа е веќе твој избор и во тој случај машкото не треба да ја истакне својата тврдоглава мачо страна да лупне со тупаницата по масата да се знае кој е главниот или тој да плати или никој и да не фатите да се расправате во сред кафуле или ресторан кој да плати па да ви преседне и провод и се...Како викаат: договор куќа гради...Колку пати сакаш толку пати плати ама машкото треба да биде подготвено секогаш да постапи џентлменски во сите случаи освен во овој кога чувствуваш дека ќе ти биде подобро ако платиш или евентуално ако се наоѓа во понезавидна финансиска ситуација или потекнува од посиромашно семејство па не може да си дозволи многу да потроши...е тука веќе треба разбирање ако навистина го сакате и да го поддржите од каква и да е природа вашиот однос
Ни да му пишуваш ни ништо според мене... Ако сака да те запознае ќе те најди и ќе ти пишува нон стоп, а не одвреме навреме за време да губи .Сега барем во денешно време е лесно.Тоа е сепак мое мислење и на тој eye contact не му придавај многу значење...
Ок ми треба совет, во малку специфична ситуација сум. Треба да искочам на прв дејт за неколку дена (во странство сум инаку), вчера стигнав и ми касни куферот Рекоа денес/утре треба да стигне ама не се знае.. И сега не знам што да правам, имам 3 опции - да му кажам што се десило и да барам да го одложиме дејтот - да му кажам за ова али сепак да излезам во облеката со која патував - фармерки и маичка, (нормално ќе се исперам се али па не ми е мерак таква ептен кежуал да искочам, си имав во план што да носам, плус шминки, ствари за коса, се ми е во куферот - да не му кажам и да излезам во фармерките и маичката самоуверено like that was my plan all along Иначе некако не сакам да му кажам за ова со куферот, знам ќе речете ништо страшно не е тоа за да се крие или не знам што, али некако не сакам да сум со негативни муабети уште на прв дејт, плус потсвесно може ќе си помисли (е како сеа, патувала со оваа облека, можда не е чиста итн. и едноставно да му стане некако шубе штознам, знам јас ако е обратно, би ги помислила овие работи). A толку ми е мерак за дејтов а осеќам и нему и сега да го откажувам... Никад не летам веќе со Air Serbia, два пати во живот сум летала и и прошлиот пат и сега ми го закаснија куферот! Стварно не знам што да правам, совет?? И пуштајте среќа да ми дојде куферот што побрзо :')
Или да идеш да купиш некои партали од по 20 евра и да се пичкосаш. Ако немаш пари, врати ги утредента.
Многу лоша реклама за Air Serbia Можеби може да почекаш уште некој ден. Не би требало да му е проблем да те чека малце.
Јас да сум на место на дечкото не би ми сметало било како да дојдеш на дејт. Па и тема за муабет за тоа дека ти касни куферот може се отвори на дејтот, таман да разбиете трема.
Ме утеши малку сега А тоа што потенцијално би ти дошла во фармерка и бела маица? Односно ептен обична и не баш дотерана..? Еве утре ќе одам отсабајле на приморан шопинг, ако најдам нешто ок, али ако не тогаш истото би го носела.. Плус нема да помислиш нешто леле да не е прљава/неперена сега од пат? :') Изгледа ќе морам да му кажам, пошто ако касни повеќе денови ова..
Јас па мислам дека на дејт треба што поприродна и опуштена да си, за ако те засака да те засака баш таква каква што си. И не е ништо страшно фармерки и бела маица, баш cute ми е некако кога замислувам... Не мора да му кажуваш, а дури и да му кажеш што ти се случило со куферот, одма се приметува дали е нешто перено или не. И по мирис и по изглед. Така да немај гајле.
Освен ако дејтот не е на некое специјално место или специјална пригода, не гледам како може да е лошо фармерки + бела маица. Онака, за кежуел дневен кафе дејт и не гледам како поинаку би било. Обожаваме ние кога имате по природен изглед. А за другото... Ја искрено после толкаво допишување и договарање би те чекал на аеродром/автобуска. Не би сакал да губам ич лимитирано време, да одложувам и чекам со денови да се видиме... Не знам како овој не направил такво нешто и уште те чека.
Јас би му кажала, не како негативен муабет туку како анегдота, шала. Можеш да ми предложиш да излезете истиот ден негде полабаво, со тој аутфит, а кога ќе ти стигне куферот да договорите асален дејт кај што ќе можеш да се дотераш. Ако ти е за тоа да не помисли дека си валкана, спомни дека “среќа” си имала резервна маица во рачен багаж. А фармерки не знам кој носи по еднаш и одма ги фрла за перење
Ама нема што да дава оттчет за тоа како изгледа. Единствено може дејтот да го одлижи за некој ден и мирна ќе и е главата. Некој ако е вистина заинтересиран за тебе ќе те чека. Од друга страна најбитен е првиот впечаток. За лабави места, може да е и клупа, и некој паб, ама и не ми се некои добри места за прв дејт.
Да убава е и таа комбинација, природна и опуштена, али дека прв пат ќе се видиме па имав на ум едни пантолони и така една поромантична блуза, нели прв впечаток дека па да сум малце подотерана и елегантна, да ме види баш во убаво светло што се вика. Али изгледа ќе ме види во скинати фармерки (оние скинатите на колена) и маица хах Па немаме договорено каде, веројатно ќе биде кежуал прошетка па во некој кафич негде, и да, не е лошо фармерки со маичка али е баш кежуал, нели е убаво па и женска да се појави така малце елегантна и средена ко за дејт, нека ме гледа во фармерки и маица понатаму, али за прво гледање... Ама па сеа тоа е, ќе мора да ме види во природната верзија изгледа Ова романтично звучи да, али не знам баш колку е добро особено за прво гледање, рачунај летот ми каснеше скоро 2 саати, цел ден по пат и по аеродроми, плус куфер (што требаше да пристигне!), па треба 1 до 2 возови до дома, во воз ли ќе ни биде првиот дејт? Мене не ми смета искрено (пошто секогаш по пат сум средена) али можда он си мисли дека мене би ми било непријатно така, така да за утре ни е договорено, петочки приквечер
Не и викам да дава отчет, очигледно има потреба да се “оправда”, и кажав начин за ем да не се осеќа лошо, а ем да го искористи времето со него. Бела маица и фармерки се океј за денско кафе на пример.