Јас би го одложила али морам да му кажам зошто, нема смисла да го лажам, али проблемот е што не се знае кога ќе го добијам куферот, може и некое време да го чекам и ако е така, џабе ќе одложувам и џабе би слажала.. Еве и да одложам за наредна недела може и до тогаш да не стигне така да...исто ми се фаќа.. А за 10тина дена се враќам пак во Скопје ради некои обврски па после пак тука (али друг муабет е ова), така да ми е тапа на толку муабети да испуштам сега додека сум тука да се видиме, па да чекаме пак додека да се вратам таму за 1 месец.. :') Ништо, изгледа мора да се помирам со фактот дека нема да изгледам како што замислував, некои работи не се во наша контрола и тоа е тоа.. Криво ми ептен али ако му се допаднам ваква во кежуал природна варијанта, после кога ќе ме види средена по мое..ќе бидам лепотица само да стигнеме до таму.. Значи да му ја кажам вистината и да си излезам утре сепак? Во случај на лошо сценарио ако 'не му се допаднам доволно' ќе се обвинувам дека е така поради тоа што не сум била доволно 'убава' . Али ајде да не размислувам негативно, каква сум таква сум, мислам подобро е сега да излезам каква таква отколку да одложувам..
Многу го премислуваш ова. Купи нешто поефтино и оди. Нема зошто да одложуваш за облека, колку што разбрав ваљда не си во село кај што нема продавница. А и зошто би го лажела за куферот, не дека си направила кривично дело па треба да се мислиш дали да му спомнеш.
Го премислувам пошто ми се скриши филмот скрос и ми падна планот во вода плус и по природа малку overthinker.. Да да, во град сум, има продавници али немам многу време плус па дали ќе најдам нешто што ми се свиѓа, а и не ги знам многу продавниците тука.. Ништо, ќе одам утре до град, ако најдам нешто ок ако не тоа е... ќе бидам натурална Како и да е, пуштајте среќа за утре )
Дали ако некој те лајкува редовно, а не те познава, значи дека е заинтересиран за тебе? Затоа што малку истражив редовно ги лајкува само тие што ги познава и се дружи, а другите поретко. А мене и на фб и на инста не пропушта постови да ми лајкне, особено кога постовите се моја слика, а и сториња ми лајкува (но, не сите сториња). Не знам дали е сингл или не, нема ни една слика ни како пост, ни на стори со некоја девојка. А знаеме да си пишеме во порака само кога има некој повод како роденден или нешто слично за честитање, ама некако ко и двајцата да сме воздржани за муабет, како ни јас ни тој да немаме храброст да го продолжиме разговорот. Всушност јас не знам што да кажам, ама па тој ако е заинтересиран нека најде некој муабет. Мислам дека доволно зелено светло му е тоа што и јас го лајкувам. Сакам да слушнам мислења и совети особено од машките членови.
Иако не сум машко, искрено можеби порано си мислев дека се срамежливи па полесно е да лајкнат отколку да пишат .... Сега ми е red flag, лајкнување сториња на некој што не го познаваш (особено лајкови на твои слики, а на обично кафе/ рандом стори не). Ако сака да пише ќе пише, и ќе најде начин, а не само одвреме навреме лајк па ајде тумачи го. Сакаат да држат топли опции а притоа да разгледаат што има друго. Лајкови во принцип ми немаат значење.
@LovelyGirl♡ Па штом си честитате родендени и слични поводи, сепак не сте си толку непознати. Инаку, јас би рекла дека валјда е онака, пријателско или чисто обратна психологија, ти да се копкаш демек дали нешто сака. Од забава. Вистински заинтересиран не пропушта прилика. Ако треба и за квака од врата ќе почне муабет
Мене една женска буклвално секоја слика ми ја лајкнува, ама не е заинтересирана за чат. Не знам што сака од мене искрено, вниамнието го има како и да е, хаха.
А исто иритира и кога некој ќе те заследи а кога му лајкуваш слика за да воспоставиш прв контакт те игнорира...ако пишеш па порака тоа па уште побетер нема теорија да ти врати...И чуму барањето за пријателство тогаш? не разбирам...
Не сум машко, ама сепак би сакала да ти дадам совет. Не знам можеби постои тука некоја симпатија, ама како што рекоа и другите членки, ако некое машко е заинтересиран ќе најде муабет. А можеби е некој несигурен, можеби очекувал ти да почнеш некој муабет, можеби премногу резервирано си се однесувала кога некогаш ќе ти пишел нешто да ти честита. Сакам да кажам можеби прво го испитувал теренот како ќе се однесуваш пред тој да ,,замара" со некаков си друг разговор. Скроз прв пат кој на кого му пиша порака?
Тој, прво почна со реакција на сториња (кога немаше опција за лајкови, кога реакциите стигаа во порака), па после и роденден ми честиташе. Па после јас кога имав така некоја прилика. На сториња не ставам мои селфиња. Значи моите слики како постови обавезно ги лајкува. А сторињата зависи што ќе ставам. Како што кажав прво почна со ставање реакции на сториња, сега лајкови.
Лајк на пост, на стори, реакции немаат значење ако нема effort од другата страна. Ако некој е стварно заинтересиран ќе ја користи секоја можност за да почне разговор. Вака роденден па именден, па некој лајк измеѓу делува дека си држи топли опции. И зошто некој непознат би честитал роденден на некоја што не ја познава, а ставал само одвреме навреме лајкови? Малку е нелогично, не ти дава сомнеж дека и на други непознати честита родендени?
Има машки кои имаат девојки и лајкуваат и честитаат родендени, не значи дека сакаат нешто. Машко кога е заинтересирано за некоја девојка, тоа ќе го каже директно или индиректно, нема да остане само на лајкување.
Лајк некој ако ти става немора да значи дека е заинтересиран за тебе. Јас бар не гледам така на работите. Иако 1000машки не го делат моето мислење. Лајкнувам пријателски,ми лајкнуваат пријателски иако не се познаваме. (Ширење познатство,пријателство) Мажени жени ми лајкнуваат,но поради тоа што го правам и споделувам,не поради тоа што се заинтересирани за мене(а можеби се) Исто како што е форумов не сме сите машки тука девојки да бркаме Јел кужеш? Пиши му прва дознај можеби не му е згодно да ти пише прв, а му се допаѓаш. Не сака да биде како тие 100 што пишуваат на сите па кај упали,упали.
За да не ми остане мисла, те послушав, начекав стори што го ставил сабајле и почнав муабет, сега збориме, ама ќе видам како понатаму ќе ни тече комуникацијата, сега за сега е добро. Фала за советот, ме охрабри.
Како да научи една жена да се прави "глупа" да не приметува сé, да не се замара со сé, да не се труди да држи сé под конец и да не планира некои работи, а притоа ако остави на игра на случајот да не се нервира кога нешто ќе искрсне и нема да се погоди????
Да не ја слуша мајка и. Од мајки се учат тие работи. Неред неодговорност и непредвидливот се предности.
И на што ќе личи една врска кога жената ќе биде неодговорна, неуредна и непредвидлива? да не можеш да се потпреш на неа во сериозни моменти?