Не ми ни беше во мислите хахахахах онака бев со него за тој што навистина го сакам да го заборавам, а овај идиотче хахахаха
Ајде машки ме интересира дали сте имале кандида... мојот дечко прифати од мене и не знаеме како да се лекува... ако сте имале и вие кажете лек
ке одите во аптека и ке побарате канестен крем (ке и кажете за што ви е) и ке се мачка и ке му помине или нека оди на лекар.
Сакам да слушнам машки коментар за ситуацијава. Со дечко ми (сега бивши) бевме заедно околу 2 месеци, несериозна врска. Е сега ми изгледаше како навистина да сме блиски, како да му значам. Се одалечивме последниве неколку дена и денес ми прекина. Кога го прашав зошто рече дека последниве неколку дена не сме се ни бациле. После тоа рече дека така се однесувал он, дека бил идиот Ве молам мислење.
Не знае што сака, дали за сериозно или не... Барем така делува од ова што го кажуваш. Као, убаво му е со тебе, али слобода си е слобода... Мислам дека треба да му оставиш неколку дена, да видиш дали самиот ќе те побара. Нека му биде ова еден вид на шанса да размисли дали и што сака со тебе. Но во меѓувреме, ти не тапкај во место, и продолжи си. Очигледно во него е „проблемот“. =)
Кога одиме некаде со дечко ми оди гушнат со мене а нон стоп гледа други женски. Значи или во деколте или во задникот и разголените нозе, а оправдување за ова му беше, па имам очи. Одиме скоро година и половина, и ме интересира дали е ова нормално или би требала да се загрижам, и по некој совет доколку го имате.
^^ Чекај,стварно си 15? Година и пол одите? Ако бев у заблуда пред еден саат дека младинава отишла у ораиве,сега веќе не сум. Да,нормално е да малолетни деколтиња пуљам како манијак. А уште понормално е ти шо пиша на темава за ова. Зависи колкав е дечко ти. Можеби има фетиш кон тоа да е зафатен а да се пушта наоколу на други. Не се секирај,15 си,you`ll get over it.
без разлика на годините кои ги имаш, не треба да те исмејуваме. нормално е, ти го сакаш него и не ти е мило кога гледа по други женски. те разбирам потполно. но, скоро сите машки се такви, и ретко да најдиш `непуљач`.
Сакам да прашам... дечкото со кој моментално сме во контакти пишуваме постојано, ми е јавува и јас него ми пише пораки и сл има девојка што не е од тука ..постојано ми вели дека ме сака и дека ова е можно да прерасне и во нешто повеке . Сеуште се немаме видено сами (смувано) бидејки ја чека таа да замине овие дена во странство.. многу го засакав и чуствувам (барем) дека и од негова страна е исто. кога и да ме види не го трга погледот од мене.. од далеку се приметува дека се привлекуваме ...значи јасно ми е дека кај мене не е пролазна ствар... но прашањето ми е како да дознам што планира (што повеке ) со мене... мислам дека ми е до пола јасен одговорот но има нешто што ме двоуми сепак ке почекам да се видиме прво па ке ви кажам подетално благодарам однапред и за критики и совети
Излегувам со тип веќе година ипол. Знаете она, оупен рилејшншип,се додека пред 5-6 месеци не се зближивме ептен и не почнавме да се гледаме многу почесто,да се слушаме секој ден,да се однесуваме како да сме во врска. Таман помислив дека конечно се засериозил,оти претходно немал ниту една официјална женска со која одел јавно како со мене,инаку -86 генерација е, тој почна пак топло-ладно да ми игра. Како да се уплаши “дека го имам фатено“ и ајде малку да одигра полабаво. Де ќе си запие со другари,де ќе го нема цела вечер,а после се јавува и ме прашува кај сум,шо сум. Освен на пијано на друг начин не покажува емоции и блискости - строго ладен тип (на што и се навикнав и се помирив шо е таков) ама почнува да ми пречи тоа! Праевме муабет,као шо праиме, демек да не сакам папучар да биде, тоа неможел во никој случај, па некои ептен сериозни врски како „венчани“ , демократии ова она, а му поткажале дека се имам „мувано„ со НЕГОВ БРАТУЧЕД, полуде! значи ми прави мене љубоморни сцени,а јас ако подречам за некоја иако немало такви ситуации, одма наоѓа начин да ме направи мене крива! Јас испаѓам таа ладната и таа Спојлер шо ја боли кур за него . Не ми беше прв тој,морам да напоменам, пробавме со него неколку пати пред да се скараме на 1 месец и пред да почне тоа “посериозното„ ама не бидна и јас бев со мој бивши. До претходно ми вртеше муабети дека не е невиноста толку битна,бла бла, ама после се покажа спротивното! Типот го заболело тоаа..! И ми го сеќава во секоја кавга! МИ вика ме спаси ти мене од страдење кога појде со тој клошар! Неможев да си поверувам на сопствените уши!!! Е сеа,Драги момци на форумов,ме интересира шо понатаму со типов?! Јас решив да ставам крај иако несакам. Му се немам јавено,последно тој ми звонеше,онака му зборев,обично,да не биде преку телефон „прекинувањево„......Иако сакам да му спомнам дека ако почнеме поозбилно,би можеле да продолжиме. Нејќам да испаднам глупа папучарка шо плаче за сериозна врска ама несакам ни да бидам на закачалка КАКО ДА ПОСТАПАМ???
swrci, ако ја чека `неа ` да замине, немаш страв дека во иднина ќе чека `ти` да заминеш ппради некоја трета? не спорам околу твоите чувства, ти посакувам алл тхе бест, ама типови кои седат на два стола воопшто не ме бендисувале....
Прво, вие двајца сеуште не сте зближиле доволно за да почувствувате некои посилни емоции. Како што и самата кажа, сте имале несериозна врска 2 месеца. Ова што чувствуваш сега дека сте блиски и дека му значиш е некоја носталгија по тоа што сте го имале, колку и да не сте го имале, ако ме сваќаш. Некогаш дури и да знаеме дека не било ништо посебно, пак може да ни понедостига. Нешто што сметам дека треба да ти активира аларм е дали вие воопшто си одговарате ако ништо посериозно не биднало меѓу вас за 2 месеца. Ок, како временски период можеби и не е толку долг, ама вие како не сте мрднале никаде. Второ, ти раскинал наеднаш бидејќи не сте се ни...бациле? Сакаш да кажеш тоа ти го сервира од никаде? Без претходен разговор, без дискусија? Ако се случило така, тоа ти е сигурен знак за незрел дечко. Афектен тип што не може да си ги контролира наливите на емоции. Сега му текнало, сега ќе го направи/каже тоа. Во твојот случај тоа може да се преведе како денес се сакаме, утре не се сакаме т.е. раскинувањето. Добра околност е што и немате некое минато (помалку емоции, полесно резонирање) и мој совет би ти бил да разговараш со него, да му кажеш дека овие работи ти пречат кај него. Дај му шанса ако мислиш дека нема да ви е целосно мизерно заедно . Ако не...мислам не ти треба совет за во тој случај. @ Denna - Ајде ЕлеМентал повторувај се како папагал. МАШКА НЕСИГУРНОСТ!!! Не спомна секс ама да претпоставиме дека сте го имале тоа. Овој твојот љубоморен тинејџер од '86 е од оние момците што и да имаат врска со 30 годишна, ќе очекуваат таа да се чувала токму за Неговото Височество! Општо машките имаат некои територијални нагони, но ова со нервозите бидејќи си била со таму некојси додека си била сингл е целосно нелогички и неразумно. Да се вратиме малку наназад. 25 годишен магарац и сеуште немал сериозно врска? Пак ќе си прашам, како што си прашувам...не ти се упали аларм? Кое е неговото оправдување? Ја чекал вистинската? МАШКИТЕ НЕ ЧЕКААТ ВИСТИНСКИ!! Дечкото не е зрел за врска, не е зрел за нормална меѓучовечка комуникација, импулсивен е, агресивен и те навредува. Сега можеби зад грб, но искрено, можеш да гарантираш дека нема да те обрука во јавност? Одлично штом си му дала корпа, абе не корпа, цел контејнер да му спуштиш на тоа тиквата недоквакана. Јас сум машко па преку тттиииииттт од такви машки. Општа мисла: девојки, мора да имате одбрамбен систем. И тој одбрамбен систем не смее да биде само во форма на привремени корпи додека да проверите дали тој ве сака доволно за да биде упорен. Глумење лудило (за тие што глумат) не е одбрана. Тоа е глупирање!! Системот мора да биде со аларми, и тие аларми мора да постојани да бидат вклучени. Посесивен? Љубоморен? Варач? Женкар? 25 годишен и во животот немал врска? АЛАРМ, АЛАРМ АЛАРМ!! Пред носот ви е, момците сами ви ги покажуваат картите, преку разговор, преку постапки. Peace out
Но чекај, прашање уште на почеток: ти сакаш да си дел од љубовен триаголник? Си донела убава одлука, истерај ја до крај, нема што плус совети да се дадат, сите ќе посочуваат дека треба да продолжиш во она што си го наумила. Само не потклекнувај и пополнувај го времето со активности, за да не те погодат моменти на слабост и да попуштиш, особено зашто не сакаш да испадне дека ти си таа што трча по него. Остави, доколку тој по некое време е оној кој пробува да обнови и интензивира контакти и гледање, зборувај со него отворено и кажи му го ова што го пиша тука, дека дојде време кога со него би можела да се гледаш само за сериозно. Ако се согласи на тоа и возврати еднакво, ок! Во спротивно, врти нов лист.
тој јасно ми нагласи дека времето ке покаже и дека е многу веројатно дека ке му се скарал ... но сепак ке почекам ...
Ахм, а твојот совет е? ... Е го нема душо, толку ти е корисно мислењето. Побарав совет и мислење, а не расудување за моите години и колку време одам со дечкото, не можеш да судиш на некого без да ја знаеш неговата зрелост и работите низ кои поминал. Е да потоа ќе се чудиме на македонскиот менталитет, побрз е јазикот ( прстите ) од паметот и сочувството. А за тоа дали ќе пројде или не не ме загрижува, ме загрижува сегашноста и состојбата сега а иднината сама ќе си дојде.
Не знам колку е тоа поврзано со годините ама тип што е заљубен ќе гледа дискретно а не толку евидентно. Речи му дека ти смета и ако те почитува ќе стане подискретен. Изговорот му е малку глуп што ти го дал, сите имаме очи ама не зјапаме апла по секоја друга со девојката под рака.
Па го прави тоа дискретно работата е што знам дека го прави тоа, дури и да му спомнам дека ги гледа а да не го забележам се испоставува дека е така, или кога ќе помине некоја ептен разголена се врти накај мене се смее и ме бакнува.
Без нервози,полека. Еднаш,прочитав некаде. Најтешка операција е да и го извадиш пенисот ( да не се изразам повулгарно ) од умот на жената. Ова не важи за тебе,у случај да се запалиш исто толку брзо како и претходно. Мојот совет би бил да ти биде помалку паметов во мажи,повеќе во нешто друго,али што е тука е. Младинава,нема да ја коментирам. Сакаш совет. Не ми кажа колкав е. Колку што ти кажа дека ми било мене корисно мислењето,зошто не се потруди ти да го направиш твоето корисно? Можеби сака да те направи љубоморна,може си му здосадила,можеби намерно сакада те испровоцира за да му се раздериш,па да има причина да ти раскине со тоа дека вака веќе не оди. Извади ги розовите наочари и гледај пообјективно на нештата. Да сум на негово место,и јас би се завртела по добро парче жена. Имаш мал милион теми низ форумов за ова,разврти некои страни прочитај мислења. Ќе ти служат.
Има машки што се заљубуваат толку јако што освен девојката бела мачка не гледаат околу себе ама такви се малку и не знам ни колку е тоа добро зашто мозокот нема да им работи и за други ствари . Сите други гледаме се околу нас (тоа ни е задача мора да знаеме што ни се случува во околина ) ама додека е гледањето дискретно освен ако не приметиш дека едвај се воздржува да не и скокне на некоја или дека му е криво што не е со неа туку со тебе, гледањето е бенигно . Чим е дискретен и те сака ок е, не му замерај .