Дали вие машките, попрво би се заљубиле во некоја што е ладна со вас, ве игнорира, не ви пишува често и слично, или би се заљубиле во добра девојка? Исто да прашам и дали ви значи секс ако се деси на прв дејт, дали би останале со неа, или сакате да се трудите за тоа
Ладна не, одма ми е одбивна, приземна девојка е секогаш попривлечна за нормални машки.Секс на прв дејт, зависи колку време претходно комуницираме, ако е прв дејт после пишување онлајн подолго, не ми менува ништо, ако е секс од муабет на шанк или кафич, или после размена на две три пораки, би се запрашал за врска.
1. Во добра што делува заинтересирано а не со клешта зборови да и вадиш. 2. Иначе на прв дејт ако се деси то не би ја сфатил за сериозно, не би одбил но за нешто повеќе во иднина не би размислувал. Мое мислење е ова.
Добра девојка што не манипулира и калкулира со hard to get топло ладно шеми. Секс на прв дејт голем turn off не би имал нешто со девојка што уште на прв дејт не може да си ги контролира страстите
Сакам да се потрудам и сакам да е добра, не да е ледена кралица и да ме игнорира зошто така ми шири негативна енергија и прави да изгледа дека вреди повеќе од мене како да сака да каже дека никогаш нема да најдам ваква како неа ама неа ќе ја посакуваат многумина..типичен деструктивен нарцизам и егоцентризам со преценување и потценување на оние кои размислуваат поинаку од неа
и тоа може да е причината, да..не викам не...само може пољубезно да биде одбивањето нели? ама тоа е до општа култура
Ne be kakov ignor, koj se pali ushte na toa...epten treba da e Queen da ne mi smeta ignore haha...seks na prv dejt nema sansi, sekako prv dejt e na kafe...pozzz
Потребен ни е одговор, пожелно од мажите Вака, двајца кои се запознале случајно и комуницираат веќе две години и кусур, со некои паузи измеѓу без кавги и сл и излегувале чисто на пријателски кафиња, одвреме навреме со оглед дека не живеат во ист град.. Ситуацијата е следна, на некој од тие кафиња без никаква особена причина, за тоа да и го каже, само се бакнале без тоа да премине во нешто повеќе, дечково и вика од никаде јас не сум спремен за врска и сл, што за нејзе е несфатливо од каде тој муабет кога се случил бакнеж, не ни се*с. Е сеа, после тоа она се пресекла и некое време не излегувале ни на кафе. После неколку месеци повторно се допишуваат и повторно као се враќаат по старо. И се смувале на некој од тие состаноци, имале секс и ок се тоа. Дечково нејзе многу и се свиѓа и као сака да види дали може нешо повеќе но овој не може да го дефинира зашо некад се однесува ладно а некад као све супер. Истава се сомнева дека се гледа и со други но не може да знае со сигурност зашо работат во различни градови.. не сака он да осети дека нејзе и се свиѓа ептен па као остава и на него и овој ја вика повторно одат на пијачка, ја носи дома и вика сосем културно ај да те гушнам, ај уше еднаш ама не пробува за повторно.. Ретко се гледаат дали по еднаш во месец и не знае на што е со него. Типов не знае дали и он глуми ладен во однос на нејзе или само сака да му биде уше една на листата за секс. Мажи, помагајте ) По некоја машка психологија како вам ви делува целава ситуација, дали е можда и она ладна во однос на него па и он не сака да се нафрлува за секс или што знам кога веќе еднаш имале. се извинувам за долгиот пост, секако и вие женски можете да споделите мислење. Сакаме да слушнеме, прашањето е вреди ли да се труди или.. Инаку типот важи за некој “фраер”