Ако и е за забава и уживање може и да е ок типот, зависи што бара на долги релации. Ако и е за сериозна врска тогаш нека не се надева на тоа за сега со ваков тип.
Хахах па со нас 16те Логично на форумов сум само јас, другарка дозволи да споделам, така да и двете би го знаеле мислењето ваше ако го имате. Вакви прашања нз од кај ви доаѓаат
Аааа за другарка прашуваш, добро. Иначе си кажал јасно тој дека не сака врска, сака само секс. Па така зависно од желбите на другарката нека прекине да се гледа со него или нека прифати само за секс да се гледаат.
@Dreamsdocometrue , ја би го додал уште ова на постот на Безименка горе. Да и пренесеш на другарката. Ако почнете само за секс да се гледате со некого, само и на тоа ќе остане. Ако очекувате дека со време ќе се промени и ќе сака врска, се лажете. Тоа само на романтичен филм го има, во реалноста е многу, многу ретко. Затоа на старт се дефинира на што сте, а не по 2 години.
@Dreamsdocometrue типичен fuckboy. Е и шо ако почнал прво со бакнеж па како поинаку да почне? И ја бакнал и одма она помислила леле ме сака овој, готово, емоции има, се затрескал. Не бидете наивни. Секако дека ќе се гледа и со други, да не мислевте ќе ја чека нејзе 2 месеци па ај сеа и текнало пак да се гледаат и овој невино си чекал. Не, очигледно не ви е јасно или не сакате да признаете за каков профил на човек се работи. Верувај он знае, многу добро знае дека она се затрескала и цело време го користи тоа. Јасно е бе девојко дека за секс му е. Извини не сум маж ама ситуацијава е очигледна, сеа, ако се праиме дека не гледаме што се дешава, тоа друго си е. Ау, сеа она била ладна? Абе не се понижувајте до толку, и не сакал да се нафрлува он за секс, душичка. Аа и фраер бил, се е јасно. Дали вреди да се труди или не зависи од нејзините преференци, што и е битно во моментов, си сака забава и авантура (и тоа е во ред и тоа е за луѓе) или сака врска и сериозен тип на кого ќе може да му верува. Ама овој фраеров не ќе да е сериозен. Со среќа нека и е и памет во глава.
Штом важел за фраер, девојката сигурно е само уште една статистичка бројка во долгиот список на несериозни и минливи авантури...кога некој е свесен дека има многу опции и важи за so called фраер тешко е да веруваш дека ќе ти се посвети само тебе ако крајната цел му е само да те легне или уште полошо, ако не знае што сака...ама ако тебе ти одговара истото и не ти пречи да си резервна варијанта или некоја по која посегнува по подолго време колку да си утепа време за краткотрајно телесно задоволство ако некој друг не му се одзвал на бути кол тогаш прави си го меракот ако ти се чека толку долго да се смилува и да ти ги задоволи потребите кога нему ќе му прдне...па не му е ваљда златна мортаделата па да не може да му одолее и вреди да чека дури и толку долг период за да се проба овој сувомеснат производ ама кому што му одговара...за да не се измачувате и да сте во неизвесност, најлесно е да си искрен и да знаеш на што си за да не ти го губи времето и да ти дава лажна надеж...амо никој не сака да е искрен зошто мисли дека тоа е слабост и дека само глуп човек е искрен..јас мислам дека ти заштедува драгоцено време да не го трошиш на погрешен избор само зошто има репутација на фраер...зависи како работите функционираат за девојкава...ако нејзиниот начин како што се однесува функционира, значи ок е, ама ако нема резултат долго време, значи треба нешто да се промени во приодот...убавата работа во сето ова е што дури и да не ти се допаѓа да си искрен, можеш кога сакаш да престанеш со таквиот пристап, а ништо не губиш ако пробаш...и можеш да експериментираш со приодите безброј пати додека не сфатиш што функционира за тебе најдобро..така што девојкава нека си го доживее сето ова како игра и стекнување на искуства, учење од грешките и сфаќање дека нема губитници и во навидум губитничка ситуација...ако те извисиле, си стекнал вредно искуство, а ако си ја постигнал целта, си создал убав спомен...ако и делува детски на девојкава да е искрена, нека проба некоја друг начин на придобивање на симпатијата...а тој некој друг начин оставам да и го каже некој друг член кој ќе се нафати да и помогне и да ја подучи како да го добие тоа што го сака или да се откаже зошто ако нешто не е судено да се случи, можеби универзумот те спасил од таа ситуација која веројатно би ти наштетила и чува нешто подобро за тебе...
Абе се е тоа океј, ама две години да се допишуваш со некого. Дем, многу е, јас немам живци за ова. И оти мора за другарка да биди, и да е за тебе ништо срамно/чудно. Ау @Mrs. right со постов ме потсети на случај од моја околина. Ај не коментирам фазла, сепак форум е. Инаку, и јас мислам дека ако некој игра на карта пријателство долго време, уствари манипулира. Ама, голем дел од женската популација е напатена за емоција (зборов ми е украден од Н. Беквалац), па затоа прифаќаат се што им се сервира, како во случајов де.
Има мажи кои долго време немале девојка/ОНС или слично и за да дојдат до тоа л а ж а т. Така да, ништо чудно и да удрил некоја манипулација, впрочем и затоа го нема да и пише. Мислам, патетика е ама постои.
Фала ти прво на мислењето споделено. Не мислам дека на форум е срамно да се сподели било што, така да нз која би била поентата да се објаснува дали е од име на некој др или за себе. Нз зошто морате да напоменете. Ниту има некој тука за што да лаже и да прикрива, сепак нема да се сретнеме утре на улица. На истиот став бев и јас, чисто сакав да слушнеме и др.мислења зошто и е баш од ретките што и се свиѓал. Тенкс
Тој отворено и дава до знаење за што е во нејзиниот живот и лесно ќе сфатиш која му е намерата, тоа му е тактика да ја освои, да почне да си мисли дека и он има чувства и да ја фати во тесно. Факт е дека сите сакаме емотивно да се зближиме со некој, независно од полот, нема таков човек кој не го сака тоа ама да идеш против себе за само да се осетиш демек посакувано е нон сенс. Затоа реков зависи кои и се желбите, ако е само забава нека си продолжи да се гледа со типот, ако не го сака тоа, ќе си се тргне уште одма и секој по свој пат. Не е човеков нити озбилен уште помалку па заљубен у неа, нека не си фантазира напразно. Вистината е таа, знам дека можеби грубо звучи и може ќе се навреди.
Абе пишав еднаш, ќе пишам пак. Спуштени се критериумите на дното, the bar is that low. Не дека овој фраеров некоја би ја сфатил озбилно, туку онака, гарант во негова психа е дај шта даш.
Не е воопшто навредливо, подобро е да си свесен и да се носиш со тоа. Те разбирам сосем а впрочем и она сфаќа само се двоуми као дали да комуницира уше некој краток период, да види дали ќе смени пристап, дали можда ќе се придвижат нештата. Сепак дечково и не и ветува нишо ниту пробува да ја лаже, со филмови некои. Едноставно е ептен, само ние некогаш комплицираме изглеа.. Фала ви дечкии
Леле истото го кажав. И јас мислам дека он не е затрескан во никоја ниту спремен за озбилно. Мислам дека карактерот му е таков и така и ќе си биде, тоа не се менува
Сепак не знаеме на кого какви му се критериумите и дали истите се исполнети или не. Кој го знае, може баш го пали и му го праи кејфот па нејќе да испушти прилика, си вика еве оваа сеа ќе ми даде и ете му дала па му се уарнило и сака да си ја има за резерва за црни дани коа ќе го фати криза. Одма корпа треба да си добие он, секако ако на девојката не и одговара ова, ако и одговара, со среќа нека им е. Не ми се верува искрено дека ќе смени пристап ама штом толку настојува и сака шанса да му даде и покрај тоа што е очигледно нека си ја проба среќата и нека си го тестира трпението, може па и ќе се исплати, кој знае. Ако не пробаш нема да знаеш. Штом не и пречи сето ова, само напред, не можеме и не смееме ние рандом луѓе анонимуси да разубедуваме некој и да кажуваме што да праи, само внимателно.
Зошто машките, најпрво те осипуваат со љубов уште од сам старт, у смисла како ќе бидеме во врска, со тебе сакам, да си ми жена, немој да збориш со други машки бла бла.. Дали тоа се смета за Red Flags? И да многу е тешко да познаеш, манипулатор... Кога ќе ти посветуе пажња 24/7, ќе те дигне у небесата, и на крајот те отфрла коа ќе му текне, како стара крпа... Мразам такви "фраери"