Абе види често почетокот е полн со пеперутки. Иако има и случаи каде што заинтересираноста од почетокот до опстојува до ист интензитет и понатака. Ако после не е така совршено и се појавуваат црвени знаменца треба малку и трезвено да се гледа на врските, романтичаството доаѓа со цена.
Оти премногу сериозно ги сфаќаме некои работи/луѓе. Огромни очекувања уште од старт, не дека треба да биди на заебанција, ама во денешно време е подобро со дистанца.
Здраво, не знам дали баш темава е за тука ама не најдов нешто по погодно. Па вака има еден дечко веќе подолго време ми се свиѓа исто така и на моја другарка бидејќи јас се дружам и сум поблиска со него ме замоли да го прашам дали има девојка јас разговарав со него и он ми кажа дека нема и дека моментално не е заинтересиран за врска јас си се помирив со тоа сите околу нас што не знаат нон стоп ни викаат дека сме убав пар дали сме заедно дечкото кога ќе се видиме се понаша како да сме заедно и нон стоп некој сигнали како да му се свиѓам но јас ни на тоа не придавам толку значење бидејќи ипак он беше тој што кажа пред тоа дека ние сме другари не му се свиѓам и дека не е заинтересиран јас нигде не спомнав нешто за моите чувства. Сакав да разговарам со него на таа тема таман собрав храброст, не ми е страв од тоа што ќе биде и што ќе каже он, но после тоа ќе ми биде мене многу глупо кога ќе го сретнам некако се наканив дека нема да придавам на тоа значење. Но денес искочив со друга другарка ама девојчето си е такво се пушта на секого искача со секого ама има и дечко и го спомнавме дечкото што на мене ми се свиѓа и она одма мене ми се јави вака така а на неа не и е прв пат за некој дечко што сум прокоментирала нешто после тоа да не му се пушта или да му пишува. Сега сум во двоумица дали да разговарам со дечкото што мене ми се свиѓа или не да оставам времето да си покаже или не ама колку повеќе се дешаваат работи јас толку повеќе закочува на работите и пробувам да го сватам значењето на тие работи. Па да сте на мое место што би направиле? Извинете на долгиот пост. Пријатна вечер
Прво интерпункција. Второ и без да прочитам ми текна дека приказнава е позната. Уште сте деца. Ова е истиот што те нарекувал женичке па сега ти не знаеш како да изреагираш. Типична децка приказна со мешање на другарки. Ако сакаш оди кажи му, но ете рекол не сака девојка. Порасни и не мешај другарки. На една си и кажала, па втора му се пуштала, па трета не знам што. Деца сте, ајде ќе научите
Обично не сум од аналните што се замараат за ситници. Но има некоја граница барем точка ако не не мора запирка и јас не користам запирка. На граница на нечитливо е.
малку си лоша, што коментираш ако немаш паметно нешто да напишеш, девојката си праша, тоа е и намената на форумот, оди на твитер и треси зелени таму
Мој совет ти е да си пробаш барем нема да се каеш, тоа е секогаш правило. Покани го некаде на пијалок, или Золошка или пешачење на Водно, некаде каде може да имате интересни блиски средби. Кажи му дека ти се допаѓа, па ќе видиш дали ќе направи некој потег. Ако нема повратни сигнали од него или дела, тогаш не си го губи времето, ќе си најдеш друг. А тоа муабетот за другари меѓу машко и женско е само во случај кога двајцата не си се допаѓаат еден со друг
Dali eden maz bi mozel da saka zena(da e zaljuben) a da ja izneveruva cesto bidejki mu e samo dosadno... Molam za iskreni odgovori
Не сум машко ама ќе ти кажам мое мислење. НЕ. Тој навистина што те сака нема да те изневери по никоја цена. Се останато е мачкање очи, као демек тебе те сака а се е*бава со други, мижи Петро толумби паѓаат е муабетов
Ако некого го сакаш искрено не би го повредувал со намерни постапки дури и ќе пазиш и ненамерно да не го повредиш, со тоа одговорот е не, и не би барал други не е тоа здосаденост туку не сакање, не почитување, здосаденост е зборот зад кој се крие некоговата карактерна и морачна обезличеност или нивната карактерна и морални обезличеност бидејќи многу ги има вакви.
A moze i da e samo neizzivean pa misli se sto leta deka se jade. Kako i da e, spored mene nema pricina zasto da ja vara osven ako nesto ne mu e ok a ne znae ili ne saka da go iskomunicira. Dvajca vozrasni treba da komuniciraqt i da resavaat sekakvi problemi pogotovo ako e seriozna vrska. Aj dosta mrcam, pravac krevet