Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Треба човек да е будала да не свати дека ако некој изневерува не станува збор за сакање.
    И доста му одите по газот на некои неизживеани мочковци, па ве ебат во здрав мозок.
     
    На hermosa и Tinaaa им се допаѓа ова.
  2. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Малку чудничка ситуација ама ме копка па би сакала машка гледна точка да видам ,знам дека е и доста индивидуално ама сепак некое мислење да видам.
    Значи со типов ко се запознав ,пред добри 5 г ,му излегоа документи за странство и бидејќи знаел дека не може да издржи да има врска на далечина не направивме ништо конкретно ,јас кажав дека сум спремна да чекам ,пишувавме нонстоп long story short ко дојде ред да си дојде беше тука 2 недели и ,,немаше време " за да се види со мене. Тука беше моментот ко кренав раце јас од него. Не прекинав комуникација но веќе се оддалечив имавме и некои dirty talk во разговорите. Во меѓувреме јас се запознав со мм ,му кажав нему и преќинавме комуникација но се имавме на инста уште. Негде после свадбата добив исповед кај шо ми напишал дека поради здравствени проблеми не се видел тогаш со мене (цело време беше означуван по други места) и као после тоа праел операција ќе сум се исплашела не знам шо. Му кажав дека тогаш и тогаш јас кренав раце и колку и да се кае тоа е нема назад. И токку беше тогаш за тогаш. Пред некои три месеци пријави врска со девојче од таму. И тоа си е ок нели продолжив јас со животот треба и тој. Ама...ама една ноќ ми пишува погоди шо читав сега :drunk:.
    Не дека би сакала да се вратам тоа е теоретски невозможно не па практично ама ме интересира нешто.
    Јас како женско вака си мислам ако тој е заљубен навистина во девојката не би ни кликнал на наш разговор (пример мене тоа се ми е избришано ) не па да застане да чита (најави дека на dirty talk се задржал) :). И ајде се тоа него зошто е потребно јас тоа да го знам ? :emo:
     
    На Kiko9, Irenasirena и diskreten32 им се допаѓа ова.
  3. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.880
    Допаѓања:
    7.493
    Пол:
    Женски
    Иако не сум машко, мој совет е да блокираш. Овој не ни знае што сака, неиживеаност. Не е ни битно зошто не сте се виделе тогаш кога дошол, ти секако си имаш твој живот сега. Веројатноста дека ова го прави за да си полни его како и многу други "зафатени" мажи е огромна.
    Затоа блокирај за твој мир. Нема потреба да се имате на социјални медиуми, ниту ради култура.
     
    На Ajronmen, *Amethyst*, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Значи дека е дркаџија, ти пишал во касни сати, се знае зошто. Јас пишав дека карактер не се менува, ако е нестабилен со тебе, со сите е нестабилен. Ти се чудам како не си блокирала до сега.

    Инаку, ако не сте се виделе, а сте имале само таков разговор значи дека сакал само сајбер секс. Толку, не се комплицирани, напротив.
     
    На Kiko9, Directioner005, Ajronmen и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Искрено, ниту во минатото, ниту сега не му значиш. На тој што му значиш планини ќе помести за тебе. Досадно му е, а и сака да си билда его, очигледно е и дека и со таа што е моментално не ја цени, не ја ни почитува. За ваквите само блокирање, не вреди ни секунда да си го замараш мозокот.
     
    На hermosa, see.emily.play, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со ова што го кажа Селена како впрочем и сите останати девојки....Од моја гледна точка...Ама ич не треба ни да се размислува за ова и беспотребно да си ја комплицира добрата ситуација која си ја има во животот.
     
  7. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Не ,ние се запознавме два месеци пред да си оди ,тогаш не сакаше да оди подалеку од бакнеж оти не верувал во врски на далечина... после испадна дека сака да пробаме и цела година пишувавме за сешто од не знам здравствени проблеми до заеднички другари се. И уз тоа и тој сајбер секс ( не беше баш дотолку ама ај така ќе го кажеме). Ама ко дојде измисли триста причини за да не се видиме и си замина.
    Баш дркаџија.

    Па уствари не ни знам како не е блокиран до сега и јас се чудам.
    За болдираното ме интересираше ,дали уште ннекој ќе се поклопи да размислува вака исто . Бидејќи јас ова го мислам а и му го кажав. Се навреди (facepalm)
     
    На *Amethyst*, marlonbrando69 и diskreten32 им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.694
    Допаѓања:
    19.132
    Пол:
    Машки
    Колку години има типов?
    Големо непочитување е кон девојчето што се гледа, а ти пишува тебе. И мислам која е поентата да ти пишува сега кога секој е по свој пат. Овој ми делува на неизживеан и осамен тип, и ко че му е така досадно ти пишува, било шо било, тикетот го имал, те оставил и замина возо. Ја да сум ко тебе че му кажам се во лице, за однесувањево негово и да си брка работа.
     
    На sj *O*, *Amethyst* и Гладиоли им се допаѓа ова.
  9. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.880
    Допаѓања:
    7.493
    Пол:
    Женски
    Абе ајде се навредил. Блокирај и не се замарај. Вакви неиживеани ги има на секој чекор. И прашање е дали само тебе ти пишува или и на други. Па некоја ќе пополни време... Он немал тогаш време, а сега има? Глупости
     
  10. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Да да ,и тогаш ко си отиде му кажав и сега му кажав едноставно секој да си е среќен со изборот шо си го напрајл ако му е мерак нека си гледа слики разговори шо сака ако му е мерак нека бриши мојте се избришани ,нема потреба јас да знам шо прај со то. И ко навреден ама јас сум го тумачела тој само сакал да ми кажи... :smirk:
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Ова е дното, сељак пар екселанс. Затоа јас не пишувам со некој толку долго, да те дави со месеци оти бил осамен и пополнува празнина со твое присуство. Врв на себичлук ама и простотија. Мене ми имаат кажано, многу сум била кратка во пораките, делувало ладно. Цел ден да се замарам со некој ваков, thanks no thanks.
     
    На hermosa, *Amethyst* и Гладиоли им се допаѓа ова.
  12. Smmalliiee

    Smmalliiee Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Здраво на сите. Би сакала да Ве прашам едно можеби и малку глупаво прашање.
    Се работи за дечко кој претходно одредено време си пишуваше со моја другарка но помеѓу нив немаше ништо, веќе цела година немаатконтакт.
    Сега кога и да го сретнам цело време се гледаме очи во очи, имаше ситуација и кога ми се насмевна, така имам некое чудно чувство во врсла со него. Сакам да го адднам на социјални мрежи но ми е некако непријатно, и чувствувам некоја одговорност и спрема другарка ми и не знам како да постапам..
     
  13. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    Ова ти е рецепт за пропаст на другарство. Батали го не си прај стресови каде ги нема.
     
    На GirlLove, sino.o.oka, Гладиоли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Машки
    Пробал кај другарка ти , не бива. Ако проаѓа кај тебе .. пуцај, забавувај се
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Ако ти значи вистински другарка ти,оттргни се од него .Или кажи и , испадни фер а не така зад грб.
     
    На GirlLove и Гладиоли им се допаѓа ова.
  16. s.a.m.a

    s.a.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2022
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    280
    Прашај ја другарката ако не и смета пробај си ја среќата а ако не тогаш не е добро да се раскини другарство за џабе
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.657
    Допаѓања:
    79.548
    Пол:
    Женски
    Тој немал ништо со другарка ти, само пишувале. А дали таа сакала нешто со него? Ако не, нема зошто да ти е непријатно.
     
    На sj *O* и hermosa им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.900
    Допаѓања:
    15.808
    Пол:
    Женски
    Ај лп некој. :)
     
    На s.a.m.a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Некој лп :)
     
    На Филип30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Каков ЛП, има да спукам уште една сторија тука. Долго време, а под долго време мислам повеќе од 5 години, одам на едно место за вежбање. Го забележав еден тип, некако цело време некој чуден фокус имаше кон мене, ама сите гледаат во некого, и јас гледам, па не се замарав многу околу тоа. Пред извесно време ме додал на ig. Прифатив, веднаш почна да прави love bombing. Како долго време ме гледал, па сакал да ме запознае, ама не ми знаел ниту име. Најубава, лепотице, да не звучам вулгарна ама ми ја излижа со лажно внимание. Е сега, имав овде пишувано за интуиција, и не знам зошто, ниту го сфатив озбилно, а тие поканите за излегување ги откажував. На последните неколку пораки, не одговорив ништо оти ми се здосади. Пред некој ден, ме додал на фб, си реков пушти будалу и го прифатив. Не ни отворив профил, пак имаше пораки, пак игнорирав. Денес, слободна, не излегов никаде, си реков ај да откријам што ме копка толку кај овој. Бум, женет е, со дете. Жената е моја генерација и ја познавам онака од видување. Ја памтам како многу скромно девојче, верувам дека се нема сменето. На таа претходната социјална мрежа кај што почна да пишува, немаше никакви слики од неа. Немам грам сомнеж дека ја вара, се гледа по упорноста. Ако сама не се сети со кое гојдо има работа, ќе има пеколен брак. Јас не планирам да и кажувам.
     
    На Kiko9 и Гладиоли им се допаѓа ова.