А како те додал? Те нашол одма, те знаел уствари, ако не те знаел ти си му дала инстаграм или пак да не си некоја позната личност? А за него ако е таков створ ко што опишуваш се најлошо заслужува ѓубрето неверно.
Па може ја знаел по име презиме. И онака аднуваат некои машки се што мрда и е женско... не е чудно тоа што ја нашол ама е многу бедна постапката пошо има дете и жена. Не е ни единствен што ова го прави, има огромен замав (онлине и во живо) неверството во последните неколку години
Дека рече не ја знаел. Или па се распрашал може. Секако дека не е единствен, ни прв ни последен и апсолутно е одвратен. Туку зашо му го праи ќејфот и му дава внимание на некој начин со тоa што го прифатила? Го знаела колку е напорен тип и колку замара ама изглеа љубопитството си го праи своето. А неверство од секогаш имало и ќе има, сеа дека све се дознава полесно и побрзо и дека начините се поедноставни па иаме впечаток дека е во подем.
Го прашал некој за име, така ме нашол. Го прифатив онака, ако не го прифатев и не видов слики, како ќе знаев? Последните одвај 2-3 слики се од пред четири години, што значи дека и на фб сталка, се надева дека нема некоја јако да го прочепка по профил. Го избришав од секаде, ама имам чувство дека веќе ја изневерува. Стави акцент на тоа дека имам јака интуиција и морален компас. Повеќето немаат. И не, немало изневерувања со ваков подем, ова веќе не е нормално. Хаха, позната личност, никој не знај дека постојам. Акаунтите ми се затворени и си сакам приватност.
Абе нивна работа тоа си е и нивен проблем. Ти секако нема што да се мешаш како што рече, зашо само проблеми ќе си напраиш. Јака интуиција дека го откри дека е изневерувач? Добро, нели си го проверувала, си видела дека не е саглам штом женет е, а се пушта на секоја. А за морален компас на што мислеше поточно? Веројатно дека го батали и не му дозволи да бидеш дел од неговата бљувотина. Се подразбира дека вака би изреагирала нормална возрасна и зрела личност, за осуда ќе биде да е обратното ама добро викаш ј денешно време јако е и "нормално" е ненормалното/неморалното? Хм, од кај знаеш дека немало? Се криело веројатно, се под тепих се ставало, а и зад затворени врати од кај знаеш што све не се дешавало?
Не дочитуваш или онака за муабет? Уште пред да го прифатам на фб и да видам постари слики, имав чувство дека нешто не е во ред со него. Затоа и го гоустнав. Не знам зошто ме анализираш мене. После неуспешна комуникација на една социјална мрежа, ме додава на друга. Ова манијакално е. Има премногу отворени врски, забеготини од секаков калибар што немало до пред 10 години. Изолирани случаи биле, сега масовно е. Имаш прочитано за статистика за разводи во МК? Infidelity rates итн. Прочитај, ќе видиш.
Ок е сињорита олабави, не се потресувај. Дочитав многу добро, зборам дека сепак сте имале одредена комуникација нели на инстаграм, плус и си го видела у живо па си стекнала негативен впечаток за него, може и јака интуиција имаш стварно, браво за тебе тогаш. Не те анализирам, си муабетиме само. И се сложувам дека е манијак и нешто не е у ред со него. Абе отворена врска не е забеготина па и отворен брак. Мислам за мене и тебе може е, за други не е, си се имаат така прифатено и си тераат, може и убаво им е, не можеме да знаеме тоа. Мене лично ми е глупо ама ако на некој му одговара неам против. Изневерување друго е, отворена врска нормално врз база на договор е друго. Ќе прочитам ок, фала на инфо.
Еден така ме додаде и ме бомбардираше со пораки, само му реплицирав со баце, имаш жена.. "Па од денес за утре живеам мачко, сеедно ми е"
Каква отворена врска жити се, тоа не е распространето на овие територии со луѓе во брак. Значи никад немајте у предвид дека е отворена врска, одете со мисла дека ја вара жена му, пошо така е, поише варањето станува норма него отворениве врски.
Леле на мене (како девојка) ми се има случено ова, само што јас и немав лошо мислење на инстаграм за глупакот. И пишувавме 2месеци во неделата два пати, па си реков дај ке го побарам на фб. Го адднав за возврат жена му ме аддна мене и лом ме направи се утепав од плачење 3 дена ради една таква комуникација. Се извинив на жената (Извини, не знаев дека е женет) и ги избришав и двајцата.
Не реков за примеров нејзин, за тој што и се пуштал, а бил женет. Општо реков, си има ете луѓе и такви, што си се во таква врска и си функционираат така најнормално ама претходно се имаат договорено и знаат на што се. Спајси ме потсети на онаа Фросина Фро што ги ловеше овие ваквиве пациенти женети што и се пуштале. Убаво што го објави еднаш еден идиот ама неубаво што и жена му ја вмеша и ја стаи со слика со све да ја гледаат луѓе јавно.
Тоа интуиција знае заебана работа да е. Не секој ја има. Ама во главно се согласувам дека од старт имаш да не и можеби.. Будала некој, нормален човек при одјебувњр оладува, не напнува
Jesus Christ, мојата теорија е дека одвај се ожениле/фатиле девојка. Добиле некое какво-такво искуство и почнуваат на се живо да се пуштаат. Јас за овој, немам грам сомнеж дека сталка и други. Абе мене ми падна жал за девојчево, го знам онака и премногу е скромна. Сум била таква и уште сум и знам колку боли предавство. Ама па нека размислат малку мајку му стара, ако ти дај некој комплимент, не значи дека те сака. Ако стапувате во врска, не значи дека ќе биди среќна. Значи мора да се тестираат работите од сам старт. Овој е инаку чуден тип, помалку изолиран можеби, ама има и некој поглед што не ми се допаѓа. Би го ставила во профил на неизживеан. Јас не се потресов инаку, воопшто не ми се допаѓаше.
Здраво на сите, се одлучив да пишам тука пред да побарам стручна помош…не сум во рани 20ти години, возрасна сум, би рекла нормална личност, образована, вработена, добро изгледам, но сингл сум повеќе од 4 години, на периоди ми е убаво, на периоди не. Некогаш сум занесена во други работи како кариера и заборавам тотално на љубовниот живот, реалноста е дека не се појави во овие години некој што ќе ми се допадне и тоа ќе биди обострано, или ми се пуштаа машки кои неможам да ги поднесам или ми се допаѓаат машки кај кои немам шанси. Но, проблемот е дека во последно време сфатив дека не сум ‘достапна’, односно не знам каков и да е дечко да ми се приближи јас не чуствувам некој вајб дека ми се допаѓа, може да е презгоден и префин ама ништо, не знам дали е до тоа што никој не ми се допаднал толку многу, или пак со тек на годините стануваш поприземна и нема повеќе ‘пеперутки во стомак’ или пак најстрашното сценарио е дека станав недостапна, не ме привлекува ништо и никој… пример има дечко со кој се дружиме чат пат, физички ми се допаѓа, има добар стил, карактерно не баш ама барем дури сум до него би требало да чуствувам некој вајб…. Не сум почуствувала некоја возбуда кога треба да го видам или нешто слично Може некој совет? Дали некој се почуствувал вака на момент? Да напоменам дека имав стресен период летово, ама не до толку страшно, имаше момчиња кои ми се допаѓаат ама ништо не испадна со никој на крај…
Сум била низ сличен период. Ми фалеше дечко, ама едноставно никој не ми се допаѓаше. Инаку, и јас сметав дека сум недостапна, ама најчесто е тоа страв да не бидиш разочарана, еден вид самоодбрана. Ама да бидам искрена, стварно многу се лажи, посебно дека се запознаваме примарно преку социјални мрежи. Така да и таа недовербата е некогаш добредојдена. Мислам дека ќе ти помини периодот, исто како и мене што ми помина. А инаку да, со тек на време не идеализираш толку многу. Поприземјен си.
Ме интересира ваше мислење форимџии (особено од машките членови). Каков став, какво мислење имате за тоа девојката прва да му пиши на машкото? Дали со тоа "фраерот" ќе помисли дека таа е премногу заинтересирана за него, или можеби дека е лесна? Како би се чувствувале вие да пишете прва (или девојката прва да ви пише)? Дали со таа порака ќе се намали интересот за таа девојка?