Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185

    Има 19 години, не сака да раскинеме и сум сигурна во тоа затоа што самата имам пробано да му раскинам неколку пати но ме моли да останеме заедно затоа што ме сака и навистина сака да успееме. Имало доволно дерење од моја страна и караници меѓу нас, а со тоа и многу прилики да раскине. Мојот памет е моментално на распуст, имам време и за учење и за читање и за семејството другарките и за него, само нашата врска која е прилично сериозна ( свесна сум дека сум млада за таква врска но што е тука е, нема бегање ) не ја земам здраво за готово затоа што и самиот се лути доколку не му обрнувам доволно внимание и не сака да заладуваат нашите односи. По мислењата што ги добив заклучив дека нивото на хормонот тестостерон си го прави своето, и не е ништо сериозно како работите што ги наброја. Полаку со песимизмот. :*
     
  2. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    од ова можам да заклучам дека типот е љубоморен, не е тоа тука спорно...Како и да е, он истовремено сака слобода, сака да ужива со другари, да излегува кога сака и да не ти кажува на тебе, додека од друга страна сака ти да се правдаш со кого си била, каде и тако даље. хммм Ај да не бидам брз да судам директно, ќе ти речам вака...АКО НАВИСТИНА сакаш да си со него, мораш да го седнеш и да направите озбилен муабет...Значи без муабет ништо не бива, работите нема да се случат од само себе....Затоа ако сакаш да сте заедно, седни го, разговарајте отворено, кажи му што ти смета, нека ти каже што му смета и од тука ќе видиш дали вреди да се продолжи ВО ВРСКА или не !!!! Значи ако сакаш да сте заедно, нема што да изгубиш...прашај и тоа е тоа....Ако не иде разговорот, ако си тера он по негово и не му се допаѓа тоа што ти имаш да му го кажеш или сака полабаво и врска без обврски, тогаш нема потреба мислам веќе што да барате заедно..Ти сакаш сериозна врска, он сака да си игра кур ташак епа во тој случај има милијарда риби во морето така да не е еден и единствен ;)
     
    На Denna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Не се замарај дали гледа по дргуи додека ти е верен. Има некои не гледаат на страна ама затоа ’’работат ’’ на страна. А следниот пат кога ке направи така ти искоментирај нешто од типот ’’Добар задник има девојкава’’ и ке видиш оти он 300 маани ке и најде :D Машки бе секогаш така прават
     
    На Forgotten му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Штом го прави тоа значи дека е здрав, прав и дека ништо не му фали. :D Според мене, машко што не погледнува по жени е сериозно не воред, без разлика дали е во врска или не. Да не погледнам по убава девојка најверојатно ќе значи дека некој ме кастрирал! Ако имаш проблем со тој факт, имаш проблем со основата на машката природа.

    Најважно е тоа да се прави дискретно, ненападно и ненавредливо по никого особено кога си во врска и особено кога си со девојката кога тоа треба да се сведе на нула. Е сега, ако се испушти некој таков момент... нема лутиш, сепак е тоа некој вид на рефлекс :D
     
    На Forgotten, zhap4e, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    А ти ниеден згоден дечко не гледаш, а поготово
    да погледнеш дечко во тесни фармерки и тесна кошула ... што е тоа??!? само со полиција ...!!


    Абе ајде тамо човекот си гледа , па машко е фала богу на тие години ако не гледа девојки

    ти треба да си срекна , гледа толку убави и прекрасни исполнети со љубов девојчиња околу него ... и не се дава ... со тебе до крај ке биде

    ако почне да загледува мажи тогаш ке има проблем
     
    На marama и WiseGuy им се допаѓа ова.
  6. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    XMaN FTW! Одлична поента!

    Проблемот е најчесто од двете страни, не комуницираат доволно добро што сакаат и што очекуваат. Се смувале двајца.... она очекува врска, он очекува fuck buddy или обратно како во случајот. Секој бакнеж, секој потег на приближување е играње со нечии чуства. Затоа треба внимателно и искрено за да не доаѓа до недоразбирања. Потребно е на време да се каже што сакаме за да не ствараме само лажни надежи кај другата страна.

    Ми се чини така и најчесто се случува некој да остане повреден, кога од двете страни има различни очекувања од релацијата а никој не е свесен за тоа. Комуникација луѓе, комуникација!
     
    На Rock-a-Fella, EleMental, XMaN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Elemental, Mistery i Nightwalker :) сеа коа ќе ми звони и ќе праша зошто „изчезнав„ пошо му немам звонето 2 дена,тој ми се јави последно в недела и сега најверојатно очекува јас, ШО ДА МУ РЕЧАМ, а да не биде преку телефон, се додека не се видиме? пошо не е во градот....?
    Фала ви многу :*
     
  8. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Добро бе пиле, се обидов на доста директен начин да ти го опишам, за да прогледаш јасно низ маглата на емоциите а ти што не/ме прашуваш? Што да му кажеш на телефон? Ќе се видите пак? Па и треба да спремаме некој брз рапорт што да се каже ако те праша зошто си исчезнала. Па тоа нели е повторно барање отчет, напнување и почеток на љубомора или мене не ми е наштимано расудувањето од синоќешната пијанка?

    п.с. од секогаш сум велел дека има нешто перверзно во женскиот ум што бара да биде понижувано и непочитувано...

    п.п.с. Се извинувам, лошо те разбрав. Продолжив преку ЛП.
     
    На Denna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Нејќам да прекинувам по телефон зашто пак ќе ми рече се понашам детски,сакам да биде стварно муабет очи в очи, ама НЕЗНАМ дали да НАВЕСТАМ дека ми е преку глава и дека треба да се праи муабет?! Иначе јасно ми е шо треба да напраам :) ....а за емоции,нема повеќе место,ни сили!!!
     
  10. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    јас мислам нема потреба од муабет со типов :D
    кога велиш муабет се подразбира дека има шанси да се смират работите,а вака да му раскиниш дирек би било најдобро 8) ...а и воопшто, шо ти е гајле шо ќе речи тој?? :^)
     
    На Denna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Зошто ти е воопшто важно неговото мислење? Си се понашала детски, ха!
    Па ако тој се понашаше зрело, до ова немаше ни да дојде, така што не се оптеретувај со тоа што мисли тој. Ако сакаш да ставиш крај и преку телефон, слободно, не си му ти него должна ништо. =)
     
    На easyyyyy и Denna им се допаѓа ова.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Момци, едно општо прашање :)
    Што не би сакале да слушнете од вашата женска? Кои работи од нејзината интима би ве натерале да се запрашате за неа?

    Јас сум многу искрена со овој мојот, како најдобар другар ми е, абе нема нешто што не знае за мене. Јас знам дека тоа е лошо и пошо не си ја познавам границата, ако може да ме упатите :)
     
  13. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    поздравче до дечките на форумот ;) би сакала и да ве прашам нешто и да ми кажете кое е вашето мислење и што всушност ви значи тоа кога на некоја ваша поранешна девојка или девојка што ке ја запознавате,или да кажам ново печено девојче :lol: како и да е |( и и тргнувате со приказната : МОЖЕ ДА СЕ ГЛЕДАМЕ АМА БЕЗ ОБВРСКИ? |( зарем не ви е ли ни малку лошо,не чувствувате ли нешто лошо во себе дека со тоа всушност ја понижувате девојката или дека можеби таа ке се осети навредено? или сепак ова ви е некоја си така наречена финта за да не подгазите гордоста и да признаете дека сепак саката да бидете во ВРСКА со девојката :) БАШ САКАМ ДА СЛУШНАМ ВАШИ МИСЛЕЊА И ДОКОЛКУ НЕ ВИ Е ПРОБЛЕМ ДА ГО ПОДЕЛИТЕ ЗНАЧЕЊЕТО НА ОВА СО НАС ДЕВОЈКИТЕ :wasntme: :tmi: :) :) :)
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Еве јас сум девојка и за разлика од тебе тоа без обврски нити ме вреѓа ниту ми значи нешто, едноставно го сфаќам како без обврски и нема голема филозофија, секако ако и мене ми одговара така и не осеќам нешто повеќе спрема типот. Е сега ако ти имаш чувства, а тој сака без обврски подобро не се впуштај во такво нешто затоа што ти ќе си бидеш повредена, а тој можеби и никогаш нема да сака да е со тебе со обврски.
    Нема никаква гордост, скриени знаци и муабети околу тоа, без обврски значи едноставно без обврски и толку :)
     
  15. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    не не се работи за мене јас го делам мислењето со тебе ,се работи за моја пријателка на која пробав да и објаснам што всушност значи тоа но никако да ме разбере дека може да биде повредена па сакав да пишам на форумот во нејзино име затоа што не е зачленета а би сакала да и помогнам со тоа што ке и дадам самата да ги прочита мислењата од повеке луге па се надевам дека ке добие заклучок :angel: и одговор што понатака
     
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Е како тоа и самата знаеш дека не е убаво а пак не можеш да се контролираш? Зборовите како од катапулт ти излетуваат од уста? Како мислиш да се запрашаме? Да ни стане одбивна? Да си помислиме "кај сум нашол баш со оваа.."? Обично секој си има различно ниво на толеранција но општо земено, мислам дека си на црвена линија ако почнеш со детали/сочни коментари за менструацијата. Зошто? Па машките (особено ние ентузијастите за пружање орален секс) не сакаат да имаат слики во главата за тој дел од женското тело во таква состојба. Ние сме свесни дека тоа е природно и се случува (и дефинитивно е подобро да ја има, отколку да ја снема, OMG!!) , но не е пријатно кога ти го набиваат во фаца. Ова обично го правите несвесно, но сепак се јавува иритација од наша страна.

    Претходни дечковци. Ок, сите си имаме бивши, можеш да кажеш "во претходната врска ова , она..." да дадеш некој присебен коментар, ама колку и да сте пријатели или твојот момак да глуми пријателство и отвореност, само тој ќе знае како ќе се чувствува ако пофалиш некој претходен колку бил громовит у кревет хахахаха.

    Во врската мора да има пријателство, за да станете уште поблиски, но мислам дека си одбрала погрешно место за целосна искреност.

    @ OliOliOlivera

    Прво, уште во старт имаш две погрешни размислувања. НЕ е понижување ако некој сака да се гледа со некој друг без обврски. Ти тоа си го преведуваш како искористување, но можеби едната страна не сака врзување во тој период. Едноставно тие се приоритетите. Исто така погрешно ти е резмислувањето дека машкото си гази по некаква гордост ако признае дека сака врска? Молим? Од каде овој став? СО какви машки се дружиш ти, пиле? На профил не ти пишува возраст ама претпоставувам не се многу.
     
  17. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    хммммм искрено не сум размислувал за ова и немам некое оформено мислење, не би ми сметало да знам работи за нејзината интима, но доколку тоа нешто што ќе ми го каже, може да влијае на тоа дали ќе сакам да имам секс со неа следната недела - боље би било да се изостави :D
     
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Нема скриени намери тука, не е ниту его во прашање, ниту подлегнување....Едноставно е тоа како што звучи - гледање без обврски....Причини може да има премногу....Дечкото не сака да биде врзуван, сака малце слобода...сака се да оди постепено и нормално, да не се залетувате прво во врска туку да видите како ќе е па после....не е сигурен за своите чувства и што всушност сака..може само што излегол од врска и не е спремен директно да влегува во нова...и ред други работи...На некој начин он сака да се мувате така? Па ако ме прашаш мене, 90% од врските денес почнуваат со мување....Едноставно остај ги нештата да си течат сами по себе....А за тоа дека има нешто лошо во тоа - нема...едноставно треба да се разбере дека не е врска, дека љубоморните испади треба да се доведат на минимум, дека секој си го живее својот живот... Ако сакаш ти, сака и он, зашто да не? ;)
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Mistery никогаш не би му кажала нешто што би го натерало да не посака секс со мене, мислам ... :emo:

    EleMental само за ПМС му зборам :)

    е сега, кога ме праша дека сум, што правам преку телефон (он е од друг град) јас му кажувам се до детали. И ако имам било каква непријатност одма му кажувам и тој секогаш ме советува, како мојата другрка.
    Му ветив дека веќе нема да пиам. За мое добро пошо он порано имаше проблеми со алхохолот. Ама јас пак се опив и му кажав на него, а тој воопшто не ни можеше да дознае, никој не познава од мојот град. Мразам да го лажам и се плашам ако не сум искрена со него. До сега така не беше. Охооо моите бивши лом ги правев, лажењето беше главно во врската (тоа на времето).

    и моите другрки се чудат, како можам се да му кажувам. И затоа вас ве прашувам, дали е оваа во ред?

    И момци, земете го и фактот дека е така повозрасен :$
     
  20. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Па за каква интима ни збориш претходно, јас мислев вадиш сочни детали. Добра ти е ваквата искреност (те мачело нешто, си се напила итн итн...). Ниш не фали, добри сте