Искрено ја не те сфатив што сакаш. Сакаш да ти звони или не? Сакаш некој или не? Нормална реакција како и секој кога си во исчекување..
Види искрено зами со резерва. Ако сакаш да ти се јави и ако се јави. Направи најнормално муабет. И после тоа види што како. Ама со тезвена глава. Иако мене барање на социјален медиум директно со некого со кого пред тоа сме се насмевнувале, ми е малку red flag. Особено ако земе контакт и му требаат недели за да оствари некаков контакт. Ако се јави после 3 недели, искрено батали.
Баш денеска му даде број и очеkуваш за брзо да ти се јави...олади малку Не се надевај превише кој се уште не го познаваш Можда утре можда задутре да ти се јави ако не, биди здрава и жива
Имав состанок со cat fish. Кога го видов во живо, одвај го препознав. Немаше врска со сликите, огромно разочарување. Разговорот исто, едвај дочекав да го испијам тоа кафето и да си заминам. Не очекувам совет никаков, си го пишав ова да се испукам некаде. Оти реално, си пукав сама во колено, нити проверив, нити ништо. Арно правеле Америве, прво facetime, кој ти знаел...
Аа ок тогаш, еве тебе и на тебе слични ако веќе си решил нема да те жалиме и ти веруваме ништо, ама јас си стојам до тезата дека не сите мажи се исти.
Сум била на ваков дејт, само што cat fish беше висината и карактерот. Мислев со сосема друг човек правев муабет. Ајде висината не ми е пресудна многу, ама карактерот 0. Ни однесување, ништо... Најлош дејт Инаку совет, следен пат кажи дека сакаш на вечера да ти е првиот дејт, не на кафе, сами ќе се елиминираат таквите
Вечера ми е преофицијално, башка не можеш така лесно да избегаш. Абе како да објаснам, цело време е муабетот, за да видиш каква е, однеси ја на прв дејт на базен. Па дупанки без број на женско конто, посебно со едитирање слики и шминка, нокти. Ама што правиме со машки што се вакви и бетар. Оти врска немаше со тоа што го видов на сликите. Мислам секоја чест за позине, а богами и мора јака камера на мобилен да има, оти и на фаца едвај го познав. А ми се чини не беа едитирани, не знам.
Ај престани да го омаловажуваш цел машки пол, лоши луѓе има и кај машки и кај женски пол, според однесувањево ако си ти лош, не значи дека сите машки сме лоши.
Жално што си уверен во ова. Повеќето се такви, да, но не сите. Како што ни женските не се сите исти. Не е до полот, до човекот е, карактерот.
Пак, можеш за себе само да збориш, не и за сите, ти не ги знаеш сите, и тие од кои што си слушал не ги знаат баш сите мажи што корачаат по Земјава. Исто и со жени што го тврдат ова за мажи, и обратно, мажи за жени.