Бадиела толку есеи напишани, џабе потрошено време. Ако некоја девојка не сака прва да приоѓа, можиш каков сакаш речник да користиш, да навредуваш, да ја правиш неспособна и колку таа пропуштила во животот (демек). Еве јас како девојка за мене кажувам, а знам дека и други се како мене. Ако решам нешто да не правам, не правам и толку е.
Никогаш не ми било јасно - Зошто сите мажи бегаат од соочување со одговорности? Имам приметено повеќе мажи, без разлика на ситуацијата и возраста.
Значи сега дојдовме до генијалниот резултат дека мажите почитуваат еднаквост и веќе не сакаат да бидат мажи, туку сакаат да бидат освојувани. Зошто едноставно @Ajronmen не си признаете дека не сакате да се трудите околу женскиот избор каде што знаете дека освојувањето ќе бара труд и време, туку или идите на посигурната и полесна варијанта кај полесни пленови или чекате Вас мадам да ве освојат! Еден маж кој има интерес, притоа има доболно интелект и самоувереност, ќе најдат начин, време и место да пријдат и освојат. И доста со таа еднаквост, рамноправност, повеќе давате до знаење дека се исфеминизиравте па ви е страв да не бидете одбиени! Светот да, секско дека не се врти околу мене, ама уште помалку се врти по ноу нејм машки персони кои дремат со телефоните во некој ќош и чекаат да бидат освоени! Па каде ви е машкоста бре, храброста? Не се секирајте има мажи кои точно знаат што сакаат и како да добијат тоа што сакаат и притоа не се патријахални тепачи на жени како што си замислувате вие! Вие седете си во некој ќош и натаму, а храбрите мажи моќно ќе освојуваат!
Го имам сфатено одамна но не ми е јасно ЗОШТО Ако може некој од машките членови да ми одговори од машки аспект
Мое мислење , прво и најважно зошто НЕ САКА, друго зошто немора, жената со воспитувањето што ни е наметнато го толерира, трпи, завршува работи место него, го става него на прво место и т.н и така не се труди тој, растен во дисфункционално семејството, нема емоционална интелегенција...
Во моја околина за сите тие што имам приметено се без жени/девојки, одделени од мајките, истото мислење и јас го имав но не ми е јасно за овие
За да не скокаш беспотребно оф-топик, прво ќе кажам дека никој НЕ ТИ НАМЕТНУВА ти дали да пристапуваш прва или да чекаш на маж да ти пристапи. Впрочем, и јас имам пишано дека не пристапувам прва. Се адресира логиката на причината. Се надевам дотука е јасно. Ако не, бескорисна е репликата што ќе ја добијам. Прво, патријархален и насилен маж не е исто, така што тој аргумент е сосема непотребен. Ако ова не е јасно, тогаш повторно, бескорисна е репликата. Второ, како во оваа тема доста со таа еднаквост, а во друга тема сакате рамноправно да ве гледа мажот? Сакам емоционално зрел маж, нејќам токсична мажественост, ама исто така нејќам тој не-дај-боже да има срам, страв итн, пошто инаку е исфеминизиран?? Лол. Осуди еден куп, а се навредувам кога слични осуди се насочени кон мене, т.е. мажите осудуваат „модерни“ жени. На ова се надоврзувам заедно со „машкоста, храброста“. Ова е она сам се тепаш со свои камења. Испаѓа феминизирани карактеристики, односно карактеристики на жена се: повлеченост, пасивност, кукавичлук, а храброст е знак за машкост. Кутри ние жени што немаме храброст за ништо, па среќа тука е мажот што храбро ќе настапи . Ноу нејм машки персони што дремат в ќош со телефонот и чекаат да се освоени се за грев, ама ноу нејм женски персони што дремат в ќош и чекаат симпатијата да ги погледне се вистински, зрели - не само жени, туку и општо остварени возрасни личности . Она кога се однесуваш како да си неспособен, а перцепцијата за своите способности ти е дигната до небо . Пошто тоа повторно ќе донесе до оф-топик - никој не ви брани да имате преференци. И јас имам преференца за мажи што се иницијатори, не сакам флегматични и што треба да ги молиш. Ама не значи дека ако не се такви, дека се помалку мажи. Барем ако осудувате мажи што не преземаат иницијатива, осудувајте и жени што само чекаат на мажите, а не да се занемарува тоа демек нормално е, женско си, чекај си... Не ми е целта да бранам мажи, пошто особено на Балканов, голем дел се ѓубриња, ама најмногу мразам неправични, неурамнотежени (со двојни стандарди) осудувања. Не сакам одење од еден екстрем (патријархално општество) во друг (матријархално општество). Поарно кажете отворено сакам моите стереотипни улоги/одговорности како жена да ги немам само јас, ама мажот да продолжи да ги има истите стереотипни улоги, или со друг збор - себична сум, сакам само јас како жена светот да ме гледа модерно, а мажот нека продолжи да е „ловец“, "provider" како порано и да завршиме со муабетот. Барем тоа е кажано реално, а не овде ментални гимнастики кога треба мажот да се однесува во согласност со патријархалните улоги, а кога треба да се однесува како јас да сум рамноправна со него и да ме слуша .
Мене не ми е јасно каква врска има не/приоѓањето на една девојка (или каков и да е вид иницијатива) со рамноправноста на истата пред законот? Мислам веќе смешен е оној муабет бидете рамноправни во се... Биолошки, генетски итн никогаш не можеме да бидеме. И одредени предиспозиции што ги налага природата. Ама не разбирам каква врска има со рамноправноста пред закон? Или збориме за некоја друга рамноправност? Кога сме на темата старомодно си стојам на ставот дека е мажот тој што треба да приоѓа, тоа му е природно. Да биде ловец. Патем милион пати во машко друштво сум имала прилика да чујам како мислат околу тоа женско да пријде. Не дека и паднала круната од глава ама освен его да им дигне немало никаков друг плод. Дури и самиот маж кога приоѓа ако му оди "лесно" не му е тоа тоа. Значи ова се тврдокорни машки муабети. Можеби нештата ќе се изменат во некоја иднина ама за сега е така како што е.
Те молам одмини ме и доколку сакаш прва приоѓај, барај, поканувај! Апсолутно не го земам во предвид твоето мислење со кое ништо не кажа и ништо не реши. Се додека вака ги тинтрате мамините мази и скокате во огнот први за се, нормално е дека секоја следна генерација ќе биде се повеќе и повеќе исфеминизирана, без никаква иницијатива и без апсолутна машкост. Тоа дали е рамноправност ти да бркаш маж, а не тој тебе говори за твојата поставеност во општеството. Јас лично стојам и ќе стојам на ставот дека улогата на ловец ја има машката персона, свиџало се тоа теби или не!
Морам мнооооогу да се согласам. За жал повеќето мажи се навикнуваат се повеќе на тоа жените први да им приоѓаат, да трчкаат по нив и да ги молат... И после ние другите се чудиме зошто не можеме да си најдеме некој МАЖ xd
Може јас не кажав ништо, ама затоа ти, богатство од мудри мисли, и тоа толку енергично, убедливо, доминантно!!! Ќе се повлечам не затоа што ме молиш да те одминам - не, никако не би можела, туку ми треба време да испроцесирам, да сфатам ! Алал да ти е за аргументираноста, начинот на изразување, ме срамни со земјата!!
Јас сум заинтересирана само за храбри мажи што приоѓаат први и знаат како перфектно да третираат женско. Друго не ме занима ич.
Оф бе грев арогантен. Кажи си толку ти беше капацитетот да разбереш. Не знам како да ти кажам, ама половиот орган ме заболе дали маж ти оди у кам да лови коковчиња за ручек. Не знаете да дискутирате, немате капацитет. Имате само дрскост и ароганција. Да знаевте, ќе знаевте ваљда шо е поимот наречен преференца. Пред да ми пишеш да те одминам, верувај ќе те одминам. Дефинитивно не вреди да трошам повеќе време на тебе.
Кажи ми дека ништо не разбра од постот без да ми кажеш ништо не разбрав од постот: Дај бе испроцесирај со малку мислење па скокни. Спојлер п.с. и јас не сакам прва да приоѓам.
Ај те молам на молекуларно ниво симни се да видиме како е Па ние такви аспирации за мажачка имаме @Bezimenka90 На темата, најчесто не сакам и не пристапувам прва, ама искрено не сфаќам зошто ви треба некој алфа мажјак што како е супер самоуверен и приоѓа на жени без проблем, па симиња ѕвезди, освојува и не знам што. Ако морам да бирам, попрво би сакала сосема други квалитети маж отколку да ми симнува ѕвезди и да ме освојува, доволно сум стара да ја гледам љубовта на поинаков начин од овој што ми гледа по малку тинејџерски